Општина Неготино
Делков во Тремник: Се што е ветено, но и многу повеќе, ќе биде реализирано PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков придружуван од пратеникот во Собранието на РМ Ристе Ташев и претседателот на општинскиот Совет Диме Витанов оствари работна средба со жителите на Тремник на која се разговараше за актуелни проблеми и изноѓање решенија за нивно надминување. Во обраќањето пред локалното население од Тремник, градоначалникот Делков истакна дека се што им е ветено на тремничани, но и многу повеќе, ќе биде реализирано. Градоначалникот потенцираше дека до крајот на тековнава година во ова село ќе се спроведат 4 проекти и тоа:-асфалтирање на патот кој води од почетокот до центарот на Тремник за што веќе е изготвен и соодветен проект со одобрение за изградба со започнување на работите за 1-2 месеци и обезбедени средства од општина Неготино и(ли) од други извори, распишан е тендер за резервоарот за водоснабдување, ќе се гради детско игралиште со поставување реквизити и ќе биде поставена постојка. Кон крајот на годината, рече Делков, повторно ќе остварам средба со вас на која убеден сум дека заеднички ќе констатираме дека ветените проекти се остварени и дека сликата за селото ќе биде сменета во позитивна конотација. Градоначалникот информираше дека согласно неговата Програма за работа, планирано е во секое село во општина Неготино по 2 помали улички да се уредат со бекатон коцки, како и да се изврши тампонирање на улици со обезбеден гребен асфалт. На состанокот со месното население беа истакнати проблемите со вработувањето, наводнувањето на земјоделски површини, подигнување на квалитетот на водата за пиење, отворање на детска градинка , можностите за воведување забрана за движење на тешки товарни возила низ селото, како и за други теми за кои присутните покажаа интерес за дискусија.

Read more...
 
Положено свежо цвеќе на спомен-бистата на Косте Волканоски PDF Print
There are no translations available.

   Членови на најтесното семејство, роднини и пријатели, делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, припадници на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи-одделение Неготино, претставници на Синдикатот на полицијата, бранители-учесници во воениот конфликт и други делегации денеска на одбележувањето на годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Косте Волканоски положија свежо цвеќе на спомен бистата пред Полициската станица во нашиот град и му оддадоа достојна почит на бранителот кој го загуби животот во воениот конфликт на 25-ти јуни 2001 година на локацијата Попова шапка. Во рамките на одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Волканоски, полицискиот синдикат во соработка со Општинскиот Црвен крст-Неготино организираше успешна крводарителска акција, а се одржа и традиционалниот турнир во мал фудбал. Во организација на ПС-ОН Неготино и Македонскиот полициски синдикат, а под поковителство на Градоначалникот на општина Неготино и повеќе приватни Стопанственици, се одржа 12-иот меморијален турнир Косте Волканоски. На истиот учествуваа екипите на ПС-ОН Неготино, АРМ Криволак, Полиција резервен состав и Полиција-ветерани. Исто така во рамките на турнирот, на 21 јуни се одржа осмата традиционална крводарителска акција во чест на Косте Волканоски, на која беа собрани рекордни 84 единици крв.
Read more...
 
Во Неготино се расправаше за улогата и значењето на етнокореолозите PDF Print
There are no translations available.

   Во присуство на претставници на Министерството за култура, директори на Центри и Домови на култура во РМ и етнокореолози денеска во Неготино се одржа работен состанок на кој се разгледуваше и се расправаше по предлог-стратегијата за вклучување на етнокореолозите во културните установи во земјава. На присутните им се обрати и настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој даде поддршка за вклучување на етнокореолозите во функционирањето на Центрите и Домовите на култура, државните фестивали и семинари, односно секаде каде што во работењето постои основ за вклучување на професијата етнокореолог-стручно кице кое се занимава со изучување на македонската традиција и македонските традиционални ора. Ова, според Делков, е од причина што во Македонија за разлика од други земји, етнокореолозите не се доволно искористени како научни и стручни лица, а можат на населението да му понудат едукација и подигнување на нивото на традиционалната култура во Македонија. Присутните на денешниот состанок покрај за предлог-стратегијата, расправаа и носеа заклучоци и за визијата и мисијата на истата преку вклучување на етнокореолозите во културните установи во земјава.

Read more...
 
Светски познатиот археолог Хавас во работна посета на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на регионалната посета, а по повод празнувањето на Денот на балканските Египќани (24 јуни), во посета на Република Македонија и  општина Неготино престојуваше Захи Хавас, Prof.PhD Zahi Hawass, е најпознатиот египетски археолог, египтолог, поранешен министер за антиквитети, амбасадор на културата во ООН. Захи Хавас е археолог и јавен службеник, чија магнетна личност и силно застапување помогнаа да се подигне свеста за напорите за ископување и зачувување на културно налседство, што тој ги надгледуваше како шеф на Египетскиот врховен совет за антиквитети. Тој беше министер за антиквитети во Египет во 2011 година. Тој е амбасадор на културата во ООН. Неговиот лик и дело биле инспирација на Стивен Спилберг и Џорџ Лукас при пишувањето на сценариото за филмот за Индијана Џонс. За време на престојот во Македонија ги посети Музеј на Македонија, Археолошки музеј на Македонија, Археолошкиот локалитет Стоби и Општинската установа Музеј на град Неготино. Гостинот рече дека е импресиониран од тоа што го видел во текот на денот во Македонија, посебно од локалитетот Стоби од истражувањата и прекрасните наоди, но и од прекрасниот амбиент и одличниот прием во неготинскиот музеј.
Посетата е со цел да се развие и афирмира научната и културната соработка со АР Египет.

Read more...
 
Во понеделник (25.06) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   На 25-ти овој месец, понеделник, со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 13-тата по ред седница на Советот на општина Неготино на која, според предвидениот дневен ред, ќе се најдат 14 точки за расправа. Советниците ќе се произнесат по предлог-одлуката за прифаќање на иницијативата за отпочнување постапка за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад кај местото викано „Шобово“, предлог-одлуката за прифаќање на иницијативата за отпочнување постапка за изработка на ДУП за Урбана заедница 3, дел од урбан блок 3.2, како и предлог-одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на потребата од поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување на урбана опрема и предлог-правилникот за условите и начинот на вршење авто-такси превоз на патници во општина Неготино. На дневен ред ќе се најдат и измени и дополнувања и на други предлог-програми и одлуки, а советниците ќе ја разгледаат и ќе расправаат и по предлог-одлуката за изменување и дополнување (ребаланс) на Буџетот на општина Неготино за 2018-та година.

 
Се изврши прскање против комарци на подрачјето на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на  спроведувањето на општите  мерки за заштита на населението од заразни болести согласно годишната Програма и оперативниот план за ДДД за тековнава година, општина Неготино во координација со Министерството за здравство на РМ и во соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје-Кавадарци реализираше акција за прскање против комарци. Според информациите од стручните служби при Одделението за комунални дејности и сообраќај при локалната самоуправа извршено е прскање на целата територија на град Неготино, а со активноста беа опфатени и селата Д.Дисан, Тимјаник, Војшанци, Тремник, Криволак, потегот по течението на реката Вардар и на дел од патот кој води кон селото Курија. Адултната дезинсекција со машинско прскање беше извршена од страна на правниот субјект Зотокс од Скопје со асистенција на вработени во општина Неготино и во кординација со стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци. Поради запрашувањето од комарци, граѓаните и здруженија од општина Неготино кои одгледуваат пчели и други видови животни, благовремено беа информирани да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.

Read more...
 
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>

Page 160 of 314