Општина Неготино
Археолози од Македонија и Полска го истражуваат локалитетот „Градиште“ PDF Print
There are no translations available.

   Археолошките ископувања од меѓународниот проект за археолошки истражувања започнат 2009 година, на локалитетот "Градиште- Антигонеа"- Неготино, започнаа од 18.06.2018 г., се во тек и ќе траат до 15.07.2018 година. Ископувањата се реализираат од страна на НУ Археолошки Музеј на Македонија во соработка со Општинската установа Музеј На Град Неготино, Универзитетот Гдањск од Полска (University of Gdansk, Poland), каде што раководители на истражувањата се: Перо Арџанлиев, м-р по археологија од НУ Археолошки Музеј на Македонија и Николас Секунда, проф.д-р по медитеранска археологија од Универзитетот Гдањск од Гдањск, Полска (prof.dr hab Nicholas Sekunda), членови на стручниот тим на истражувањата се: Мила Шурбановска, археолог кустос советник од НУ Археолошки Музеј на Македонија, Роберт Поповски, д-р по археологија, кустос советник од НУ Археолошки Музеј на Македонија, Костадинка Филипова, археолог кустос од ОУ Музеј на град Неготино, Елена Каранфиловска, археолог кустос од НУ Археолошки Музеј на Македонија и студенти од Универзитетот Гдањск од Полска!
Археолошкиот локалитет "Градиште-Антигонеа" се претпоставува дека постоел од VIII век п.н.е., па се до доцноримскиот период, односно 3 век од наша ера. Од досегашните археолошки истражувања на овој локалитет се пронајдени голем број на археолошки наоди, претежно од керамика, метал и стакло кои што се наоѓаат во изложбените витрини и во депото на Општинската установа Музеј на град Неготино-Неготино. Станува збор за керамички садови од кои поголемиот број може да се реконструираат. Поголемиот дел од керамиката е локална изработка, а еден дел е импортиран од Мегара. Во горните слоеви има големо количество на фрагментирана римска керамика (terra sigillata), од кој еден дел е со локално потекло а друг дел е импорт, теракотни фигурини со претстави на Кибела, хеленистичка локална и импортирана керамика и кујнска керамика, потоа метален накит, орудија и оружје, стаклени предмети и др. На локалитетот при истражувањата се пронајдени и монети од римскиот период од кои дел се конзервирани и заштитени.
Во секој случај локалитетот "Градиште-Антигонеа" -Неготино, претставува комплексен археолошки локалитет кој поради сложеноста, допрва треба да се истражува!

Read more...
 
Претставен проектот „На секое дете му треба семејство“ PDF Print
There are no translations available.

   „Би сакал да потенцирам дека ја имате мојата целосна поддршка за спроведување на овој проект, прво како човек и родител, а потоа и како градоначалник, бидејќи Вашата цел е навистина хумана-да ги информирате и стимулирате граѓаните кои сакаат да згрижат едно од 200 деца во Македонија кои чекаат да добијат свое семејство“-истакна градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во рамките на претставувањето на проектот „На секое дете му треба семејство“ што во организација на Министерството за труд и социјална политика и Уницеф се одржа во нашиот град. Делков додаде дека целта на кампањата покрај обезбедувањето нови згрижувачки семејства е и паралелно да се подигнува свеста на јавноста дека секое дете има право да расте опкружено со неопходната грижа, нега и поддршка, бидејќи има голема разлика меѓу престој во семеен дом и во голема институција. На настанот беа претставени и условите за семејствата кои сакаат да згрижат деца со напомена дека семејството може да се грижи за детето до негова 18-годишна возраст, колку што дозволува законот за згрижувачки семејства. Претставникот на Уницеф Бенџамин Перкс и претставниците на МТСП потенцираа дека преку оваа кампања сакаат да допрат до секое семејство кое има искрена желба и мотивација да пружат грижа на дете на кое истата му е потребна, како што се децата без родители и родителска грижа, деца со попреченост, бебиња, деца жртви на насилство,а притоа ниту едно дете да не остане сместено во голема институција.

Read more...
 
Спортисти и спортски работници на средба со градоначалникот Делков PDF Print
There are no translations available.

   Со единствена цел за размена на предлози, мислења и идеи како до подобар и поквалитетен спорт во општина Негоино, на негова покана, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари работна средба со спортисти и спортски работници од општината кои со своите искуства и сугестии можат да придонесат за развој на неготинскиот спорт. На средбата присуствуваа спортисти со интернационални кариери кои со своите спортски постигнувања придонесле за нивна лична афирмација, но и за афирмација и на општина Неготино и Република Македонија, спортисти пред кои престои перспективна иднина и спортски работници кои се на чело на клубовите од нашата општина. Градоначалникот Делков истакна дека локалната самоуправа работи на создавање  услови за непречено одвивање на спортски и рекреативни активности, со интенција преку ваквите средби да се проектираат идните активности за развој на спортот, да се обезбедат примарни услови за спортување, да се насочат младите повеќе внимание да посветуваат на спортувањето и рекреирањето и пред се да се разгледаат можностите за инвестирање во колективните и поединечните спортови. Токму затоа, Делков апелираше до сите присутни да се произнесат со сопствени предлози и идеи базирани на нивните искуства како да се унапреди спортот во општината, а се што како идеја е остварливо, ќе биде составен дел од годишната Програма за спорт на општина Неготино која вообичаено се донесува во текот на месец ноември.

Read more...
 
Водата од Лукар до понеделник задолжително да се преврива! PDF Print
There are no translations available.

   Поради обилните врнежи од дожд изминтиве денови водата за пиење од водоводниот систем Лукар е заматена. Поради тоа потребно е задолжително превривање пред употреба - апелираат од Центарот за јавно здравје Кавадарци. „Во текот на утрешниот ден ќе бидат земени мостри на водата, а резултатите од анализите за батериолошка и хемиска исправност ќе бидат познати во понеделник. До тогаш задолжително е водата да се проврива„ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје Кавадарци. Препораката за задолжително провривање се однесува за сите жители од Кавадарци, Неготино и Росоман кои се снабдуват со вода за пиење од системот Лукар.

 
Николовски: Винариите немаат залихи, заинтересирани се за 150 илјади тони грозје PDF Print
There are no translations available.

    Винариите во Македонија немаат залихи, заинтересирани  се за откуп на 150 илјади тони грозје. Ова го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на средбата со тиквешките лозари во Неготино. Тој изрази задоволство што годинава за разлика од минатото, навремено се одржуваат состаноци со лозарите и винарите, како впрочем и со другите земјоделци.
   - Во следниот период ќе разговараме заеднички и Министерството постојано ќе биде медијатор, ќе го води овој дијалог меѓу винарите и лозарите. Се со цел како и кај другите земјоделски производители, активно да ја следиме откупната сезона, но и како држава да реагираме во сите случаи каде што е потребно, рече Николовски во изјава за медиумите.   Нагласи дека Владата покажала дека постојано носи одлуки во интерес на лозарите.

Read more...
 
Пчелниот парк с.Вешје-потенцијал за иден Апицентар во Регионот PDF Print
There are no translations available.

  На ден 23.06.2018 година неколку пчелари од  ПЗ "Неготински мед"-Неготино во соработка со професионалните пчелари Дипл. инг. Мирослав Голубовски и Дипл.инг. Бранко Соколов од Скопје извршија поставување на првите 3 нуклеуси -пчелни семејства од високо селектирани матици во Пчелниот парк-иден Апицентар во с.Вешје -Неготино. Претходно беше извршено уредување на оградениот простор како и фарбање на соодветните пчелни сандаци.
Согласно програмските активности на  ПЗ "Неготински мед"-Неготино за 2018 година се оствари најважната активност за отпочнување со работа на Пчелниот парк- иден Апицентар ,каде ќе се врши едукација на своето членство и пошироко ,преку примена на најмодерните апитехники,преку предавања и работилници согласно календарот на пчеларското работење. Овие активности претставуваат продолжување и одржливост по завршување на ИПА проектот Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област "BEE CONOMY" на Европската Унија  и Општина Неготино, кој проект се реализираше во период 2015-2017 преку Одделението за локален економски развој на општина Неготино.Плановите на ЗГ,,Неготински мед,, и на општината се пчелниот парк да прерасне во Регионален Тренинг Апицентар. Општина Неготино подготвува нови проекти преку кои се планира партерно доуредување  на целиот простор во пчелниот парк ,како и реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во современ Апицентар , кој ќе биде можност за едукација и развој на пчеларството, но и алтернативна можност за развој на апитуризам во регионот.

Read more...
 
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>

Page 159 of 314