Општина Неготино
Се подготвува за асфалтирање ул„Индустриска“ (обиколницата) во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а во соработка со одговорните во ЈП„Македонија“ пат, интензивно се одвиваат градежни работи за подготовка за асфалтирање на улицата „Индустриска“ во Неготино, односно обиколницата околу градот. Во моментов расположливата механизација е ставена во функција на гребење на постоечкиот оштетен асфалт, а паралелно се создаваат услови за комплетно асфалтирање на оваа исклучително фреквентна улица. Нов слој асфалт на улицата „Индустриска“ ќе се постави во должина од 1.200 метри од тоа почнувајќи од потегот кај Автобуската станица, а очекувањата се дека со нејзиното целосно асфалтирање ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и тоа како на возачите, така и на пешаците. Реализацијата на овој проект е во вкупна вредност од околу 8.000.000 денари.

Read more...
 
Се врши дератизација на подрачјето на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, денеска и утре ( 10 и 11 јули ) на територијата на неготинска општина  се врши дератизација. Во акцијата активно се вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите Зотокс од Скопје. Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови. Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Read more...
 
Денеска (10.07) седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Претседателот Диме Витанов врз основа на Законот за локална самоуправа за денеска, вторник 10 јули, го закажа одржувањето на 14-тата седница на Советот на општина Неготино на чиј дневен ред за расправа се предвидени 5 точки. Советниците најнапред ќе се произнесат по предлог-правилникот за условите и начинот на вршење авто –такси превоз на патници, предлог-одлуката за спроведување на постапките за јавна набавка на екстра лесно гориво и превоз на учениците во основните и средното училиште во општината, како и предлог-заклучокот за усвојување на годишниот план за работа на неготинското основно музичко училиште. Како последна точка од дневниот ред се советничките прашања.

 
Во вторник и среда (10 и 11.07) во Неготино ќе се врши дератизација PDF Print
There are no translations available.

По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, во вторник и среда на 10 и 11 јули на територијата на неготинска општина ќе се изврши дератизација. Во акцијата ќе бидат вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите Зотокс од Скопје. Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови. Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

 
Прес конференција на градоначалникот Делков PDF Print
There are no translations available.

Во рамките на ветеното отчетно и транспарентно работење и навремено информирање на граѓаните, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска одржа редовна прес-конференција на која говореше за тековните активности на локалната самоуправа, а даде и свое видување на наводите изнесени на последниот прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Неготино.

 


View on YouTube
 
Прием за младиот и талентиран каратист Алек Ѓорѓиев PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во својот кабинет го прими и се задржа во краток разговор со младиот и надежен неготински каратист Алек Ѓорѓиев кој на последниот меѓународен натпревар во традиционално карате во Грција освои златен и сребрен медал во исклучително силна конуренција. Имено, во категоријата „борби“ младиот Ѓорѓиев освои златен, а во категоријата „кати“ сребрен медал. Каратистот Алек беше во придружба на својот родител Ристе и тренерот на карате клубот „Антигона 2“ од Неготино Ристо Сакалиев кои ја искористија можноста да го информираат градоначалникот Делков за условите во кои работи клубот кој постои од 1993 година и во кој членуваат 10-тина каратисти, за остварените резултати на натпреварувањата на кои учествувале, како и плановите за иднина со посебен акцент на учеството на престојното Европско првенство во традиционално карате што ќе се одржи во Белград. Градоначалникот Делков истакна дека во рамките на расположливите финансиски можности на општина Неготино ќе биде помогнато учеството на клубот на ова еминентно натпреварување, но и други настапи на неготинските каратисти. Делков потенцираше дека за наредната година се планира поголема ставка во Буџетот на ОН за финансирање на спортот и спортските активности, а ќе биде донесен и правилник за наградување на спортистите од општината кои ќе освојуваат први, втори и трети места на државни и меѓународни натпреварувања.

Read more...
 
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>

Page 158 of 314