Општина Неготино
Ставен во функција новиот детски забавен парк во Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   На задоволство на месното население, а посебно на најмладите, деновиве во функција е ставен новиот детски забавен парк во Пепелиште кој е изграден со средства од Буџетот на општина Неготино и со несебична поддршка во работна рака од локалните жители. Притоа, поставени се бетонски рабници околу целиот парк, реконструирана е водоводната и нанализационата мрежа под објектот, нанесена е комплетно нова земјена подлога соодветна за вакви објекти и поставен е песочник под реквизитите за поголема безбедност на присутните, изработени се патеки од бекатон коцки и фигури од камења, посадена е трева, цвеќе и 15 дрвца. Исто така, поставена е и урбана опрема и тоа 4 клупи за седење и 3 канти за отпадоци, 4 нови детски реквизити кои претставуваат магнет за најмладите жители на Пепелиште, или накратко новиот детски забавен парк во Пепелиште ги содржи сите потребни елементи. Со неговото ставање во функција, локалните жители од сите возрасти на располагање добија пријатно катче за одмор и релаксација каде што поминуваат дел ос лободното време, новиот детски забавен парк е масовно посетуван, а за користење на реквизитите буквално се чека на ред. Средствата за реализацијата на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а како што спомнавме во неговото подигнување учество зедоа и локалните жители.

Read more...
 
Во Тимјаник отворен мал групен дом за лица со попреченост PDF Print
There are no translations available.

   Неколку лица со попреченост кои досега престојуваа во Специјалниот завод во Демир Капија од денеска се сместени во отворениот мал групен дом во неготинското село Тимјаник, а во рамките на процесот на деинституционализација кој Министерството за труд и социјална политика го спроведува неколку години наназад. На отворањето на домот присуствуваа и свое обраќање имаа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставниците на Уницеф и на Обединетите нации во Република Македонија Бенџамин Перкс и Луиза Винтон, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, социјални работници, претставници на граѓански организации и други присутни. Како што беше истакнато на настанот, со овој проект за деинституционализација кој е поддржан од Уницеф, УНДП и Европската унија предвидено е во наредните 2 до 3 години преостанатите 216 штитеници во Специјалниот завод во Демир Капија да бидат преместени во мали групни домови лоцирани во општините ширум Македонија, а со единствена цел за нивна полесна ресоцијализација и вклученост во општеството.

Read more...
 
Заврши санацијата на тротоари на две улици во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Согласно годишната програма за комунални работи и сообраќај на општина Неготино, во изминатиот период беа реализирани градежни работи за санација на тротоари на две улици во градот.  На терен се работеше на санација  на тротоарот од  левата страна  на ул„ Борис Кидрич“ од спојот со ул„Маршал Тито“ до спојот со ул „Јна“ во должина од 150 метри или како што информираат стручните служби, опфатена беше и уредена површина од 230 м2. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков најпрво се изврши отстранување на постоечкиот бетон и рабници, по што се пристапи кон поставување на бехатон коцки и нови бетонски рабници, а по завршувањето на работите овој тротоар  доби сосема нов и модерен лик. Градоначалникот Делков додава дека следна локација на која ќе се работеше беше потегот кај црквата „Св.Атанасиј“ од десната страна на ул„Партизанска“, поточно од спојот на истата со ул„Цандо Кожинков“ се до спојот со ул „4 Јули“ каде што се изврши санација на  тротоарот во должина од 150 метри. Средствата за изведување на работите беа обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Read more...
 
Се подобруваат условите за чување материјали во Музејот на град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Општинската Установа Музеј на град Неготино деновиве го реализира еден од одобрените проекти за 2018 година од страна на Министерството за култура на РМакедонија, а тоа е Санирање на влага во депото на музејот со цел да се подобрат условите за чување на музејски материјал во депоата на музејот. Музејот во минатиот период се соочуваше со проблем од подземните води од страничните делови на објектот, со тоа што се создаваше влага во депоата, а со тоа беа речиси невозможни условите да се чуваат музејскиот материјал и музејските предмети. Од таа причина оваа установа стартуваше со ваков инвестициски проект пред две години кој што Министерството за култура на РМ го одобри и санирањето се врши етапно според однапред утврдената динамика. Оваа година санирањето се реализира со промена на подот во депоата, промена на сталажите со нови поиздржливи и промена на картонските кутии во кои се чува музејскиот материјал со нивна замена со нови пластични кутии.

Read more...
 
Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ набави најсовремен 3Д печатач PDF Print
There are no translations available.

  За сопствените, но и за потребите на останатите установи и институции од општина Неготино, деновиве локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од нашиот град изврши набавка на најсовремен 3Д модулар (печатач) кој изработува предмети испроектирани на компјутер и е прв од ваков вид во општина Неготино. Како што информираат одговорните, истиот ќе биде ставен во функција, а со почетокот на новата учебна година ќе се стартува со одржување на часови за обука за негово функционално користење од страна на учениците од основните и средното училиште од Неготино, а овој најсовремен печатач ќе им биде ставен на располагање и на талентираните ученици кои располагаат со напредни познавања од оваа област.

Read more...
 
Во Црвени Брегови се тампонира улица во должина од 700 метри PDF Print
There are no translations available.

   Дел од гребениот асфалт од подготовките за асфалтирање на обиколницата околу Неготино-инвестиција на Владата на РМ преку Јавното претпријатие за државни патишта, ќе биде искористен и наменет за тампонирање на една улица во селото Црвени Брегови. Градежната механизација ангажирана за овој проект веќе неколку денови е на терен во ова неготинско село, ги заврши неопходните подготвителни активности и сега гребениот асфалт од обиколницата се транспортира до Црвени Брегови и се користи за тампонирање на споменатата улица. Станува збор за тампонирање на улица во должина од 700 метри која почнува од училиштето преку ценатрот па се до крајот на селото со што ќе дојде до санирање на најоштетените делови на оваа улица. Во своите јавни настапи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков истакнува дека во договор со одговорните во Јавното претпријатие за државни патишта е обезбеден гребен асфалт за тампонирање на улици во сите населени места во неготинска општина.

Read more...
 
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>

Page 157 of 314