Општина Неготино
Денеска (понеделник 30.07) седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Денеска со почеток од 12,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи редовната 15-та по ред седница на која на дневен ред ќе се најдат 17 точки за разгледување. Советниците ќе расправаат по предлог-програмата за располагање со градежното земјиште сопственост на РМ на подрачјето на нашата општина за тековнава година, за измените и дополнувањата на програмата за комунални дејности и иуредување на градежното земјиште, за измените и дополнувањата на програмата за поставување на урбана опрема, како и за одлуките за предавање во сопственост просторија на ловечкото друштво Вардар и за доделување просторија во ТИЦ Желкова куќа. Се очекува Советот да донесе одлуки за утврдување приоритети на проектите за реконструкција на улица во Тремник и ГорниДисан-Вешје, како и одлука за финансиски и нефинансиски придонес на општина Неготино за ко-финансирање на проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Се чистат централните подрачја и улиците во Војшанци и Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   Во пресрет на одбележувањето на верскиот празник Свети Пророк Илија-Илинден кој се слави како селска слава во Војшанци и Пепелиште, се изврши чистење и миење на централните подрачја и на дел од улиците во овие две населените места во општина Неготино. Активностите за чистење и миење ги изведоа работници на локалното јавно комунално претпријатие „Комуналец“ од Неготино кои интервенираа на локации каде што предходно беше утврдена потреба од такво нешто. Ова од причина што за време одбележувањето на овој верски празник, овие населени места и нивните жители кои имаат и празнуваат селска слава се посетувани од голем број гости, па токму затоа и беше извршено чистењето и миењето на централните подрачја и дел од улиците во Војшанци и Пепелиште.

Read more...
 
До 24 август вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно изведување на планираните боеви активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот од 30 јули до 24 август, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луже, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Сите стрелишта и вежбалишта на кои ќе се изведуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Во Музејот на град Неготино отворена изложба „Големото сино“ PDF Print
There are no translations available.

   Деновиве во дворот на Општинската Установа Музеј на град Неготино, се отвори изложбата “ГОЛЕМОТО СИНО“ или “ФОРТИФИКАЦИЈА НА СИНО“ на младата уметница Валентина Илијевска. Оваа самостојна изложба на минијатури е продолжение на приказната започната во 2013-та година со мини-артури. Минијатурите се поставени како бедемски страни кои го штитат дводимензионалниот досега син квадрат кој провејува низ целокупното творештво на Валентина. Сега, овој квадрат е поставен тродимензионално, оправдувајќи го постоењето покрај со метафизичкиот свет, сега и со својата објективност. Изложбата содржи 28 минијатури поставени на седум постаменти кои ги симболизираат седумте светски чуда. Станува збор за корпус од дела поставени на седум пункта, тематски и стилски поврзани со еден концепт којшто во себе вклучува цртеж, објект и просторна интервенција.

Read more...
 
Активности во двата клона на неготинската градинка „Фемо Кулаков“ PDF Print
There are no translations available.

  Летниот период кога и бројот на дечињата кои престојуваат во градинката е намален, раководниот тим и вработените го користат за изведување зафати во двата клона со единствена цел за подобрување на севкупните услови за престој и подобрување на условите за работа на вработениот персонал. Како што информираше директорката Јана Коцева, во моментов се одвиваат работи и во двата клона „Мајски цвет“ и „Пролет“, а активностите предвидено е да продолжат  и во наредниот период. Меѓу другото, во објектот „Пролет“ во 3 занимални во јаслениот дел извршено е лакирање и обелување, заменети се сите чешми, зафати се изведуваат во тоалетите, ходниците, скалниците, стругање и менување на врати и друго. Во клонот „Мајски цвет“ во тек е менувањето на шкафовите во сите занимални со набавка на нови, а планирани се зафати и на рамниот покрив на објектот „Пролет“, набавка на машини за садови за потребите на двата објекта, набавка на нова опрема ( бироа и столици ) за потребите на воспитниот и стручниот кадар, како и многу други активности со кои ќе се придонесе за подобрување на условите за престој на дечињата и извршување на работните активности на вработените.

Read more...
 
Археолошки истражувања во некрополите на „Мали дол“ во Тремник PDF Print
There are no translations available.

   Летниот период е иделен за археолошки ископувања и за посети на локалитети, посебно за љубителите на археологијата. Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со НУ Археолошки Музеј на Македонија ги започна археолошките ископувања на локалитетот “Мали Дол“ во с.Тремник, општина Неготино. Стручната екипа е во состав: д-р Александра Папазовска, виш кустос за железно време од НУ Археолошки Музеј на Македонија, воедно и стручен раководител на истражувањата, д-р Фаница Велјановска, антрополог, кустос-советник во НУ Археолошки Музеј на Македонија, Александра Чевревска, археолог-кустос во НУ Археолошки Музеј на Македонија и Костадинка Филипова, археолог-кустос во ОУ Музеј на град Неготино. Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект Археолошки истражувања на Мали Дол, с.Тремник во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес како резултат на соработката помеѓу Археолошки Музеј на Македонија и ОУ Музеј на град Неготино. Во рамки на овие археолошки ископувања откриени се вкупно 77 погребувања, пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи). Првата (постарата) е составена од погребувања кои датираат од доцното бронзено време (крајот на XII век п.н.е.) и преодниот период од бронза во железно време (XI – X век п.н.е.), а втората е претставена со погребувања од средниот век (XI – XIII век н.е.). Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино финансирана од страна на Министерството за култура на Р.Македонија според програмата за проекти од национално значење, која е најавена да се случи во септември 2018 година во Изложбениот салон на Општинската Установа Музеј на град Неготино.
Read more...
 
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>

Page 156 of 314