Општина Неготино
Екипата на „Пицерија Ема“ победник на турнирот во улична кошарка „Неготино 2018“ PDF Print
There are no translations available.

   Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на „Пицерија Ема“ од нашиот град и „Партизан“ од Гевгелија кој изобилуваше со квалитетна кошарка и голема незивесност околу победникот, заврши 11-тото издание на турнирот во улична кошарка „Неготино 2018“ на кој првото место го освои неготинската екипа. Наградите во форма на пехари, дипломи, медаљи и парични средства кои ги обезбеди организаторот на најуспешните им ги врачи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој во своето обраќање пред многубројната публика која во изминатите три дена беше присутна на градскиот плоштад истакна дека натпреварувањето поминало во најдобар ред, прикажана е квалитетна кошарка, додавајќи дека радува фактот што секоја година се зголемува бројот на учесници како од нашата, така и од други општини, со надеж дека од година ќе бидеме сведоци на уште поквалитетен турнир во улична кошарка. Златковиќ награди и признанија им врачи и на најдобрите во јуниорска и поединечна конкуренција, а турнирот заврши со одржување на натпреварување во шутирање тројки.

Read more...
 
Министерот Спасовски во работна посета на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Првиот човек на македонската полиција- министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска оствари работна посета на Неготино при што ја посети Полициската станица во нашиот град и оствари средба и се задржа во разговор со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Разговаравме за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица Неготино и заклучивме дека истата е стабилна, а  со  колегите  од ПС Неготино разговаравме за реализацијата на тековни и планирани активности и подобрување на условите за работа“- потенцираше министерот Спасовски по посетата на неготинската полиција. Министерот додаде дека овој концепт на работа на МВР има за цел директно присуство на терен во градовите во земјава и средби со граѓаните за обезбедување поголема безбедност и враќање на довербата од граѓаните кон полицијата. За време посетата на градот, во просториите на локалната самоуправа министерот Спасовски оствари средба и со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков  на која разговараа за прашања кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа, пред се во делот на сообраќајот и зачувувањето на јавниот ред и мир на подрачјето на неготинска општина. Министерот за внатрешни работи Спасовски потенцираше дека градоначалникот Делков го запознал се тековните и планираните проекти кои локалната самоуправа ги спроведува, на што Спасовски во функцијата на потпретседател на Владата на РМ вети поддршка за нивна реализација со единствена цел за подобрување на условите за живеење во општината. Двајцата соговорници безбедносната состојба на територијата на општина Неготино ја оценија како стабилна, забележано е опаѓање на криминалитетот и зголемен е бројот на решени предмети.

Read more...
 
Отворената забавна фудбалска школа се враќа во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  По пауза од четири години, Отворенaта забавна фудбалска школа за фудбал повторно ќе се организира во Неготино. По 2014 година кога истата за последен пат беше организирана и финансирана од Општина Неготино, оваа година локалната власт повторно ќе го организира ова спортско случување во кое се вклучени најмладите, односно децата на возраст од 6 до 12 години. Инаку, проектот под името “Отворени забавни школи за фудбал”, го организира данската невладина организација ЦЦПА (Cross Cultures Project Association) и има за цел преку забавни игри и педагошки забавен фудбал да се стимулира спортскиот дух, другарсвото и градењето на пријателства помеѓу најмладите. Она што е важно е аспектот на игратa и задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот. Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. Проектот во регионот го финансира УЕФА, како и локалните заедници, учеснички во проектот. Школите за забавен фудбал се организирани од лидери и тренери – волонтери, кои се едуцирани за работа со деца на посебни семинари, кои се одржуваат и на ниво на секоја земја и на регионално ниво. Оворената забавна школа за фудбал во нашата општина ќе биде организирана во период од четири дена (два викенда), односно 1 и 2 септември (сабота и недела) и 8 и 9 септември (сабота и недела), а ќе се одржи на градскиот стадион во Неготино со почеток од 9 часот наутро. Општина Неготино е генерален поддржувач на школата, односно даде целосна финансиска поддршка на овој настан, притоа потенцирајќи една од зацртаните стратешки определби со програмата за спорт т.е. афирмација на интересот кај најмладите за спортот и спортските активности, притоа земајќи го во предвид комплетниот бенефит на заедницата од промоцијата на овој дел од општествениот живот.

Read more...
 
Закажано одржување на седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Утре, четврток 30.08. со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 16-тата по ред седница на Советот на општина Неготино. На разгледување пред советниците ќе се најдат 20 точки предвидени со дневниот ред за текот на седницата, меѓу кои програми од областа на урбанизмот, комунални дејности и уредување на градежното земјиште, програма со измени и дополнувања за изработка на урбанистички планови, програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации. Советниците ќе расправаат и по предлог-одлуката за донесување планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација, предлог-решението за давање согласност за измени на годишниот план за вработување на општина Неготино, предлог-одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во двете основни и средното училиште во Неготино, како и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Започна 11-тото издание на турнирот во улична кошарка “Street Ball 2018” PDF Print
There are no translations available.

   Синоќа (28.08.), пред преполното гледалиште на градскиот плоштад во Неготино, започна 11-тото издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2018. Учество на турнирот зедоа екипи од неколку градови во регионот. Истите разигруваат во три конкуренци и тоа сениорска, јуниорска (до 16 години) и женска конкуренција Во сениорска конкуренција се пријавени екипи од Неготино, Кавадаци, и Гевгелија, а на првиот ден од турнирот во мошне силна конкуреција беа одиграни неколку одлични натпревари од првото и второто коло на турнирот. Денес (29.08.) од 19.30 часот ќе бидат одиграни натпреварите од третото, последно коло од групната фаза и првата четвртфинална елиминациска фаза од турнирот.Последениот ден од турнирот, (четврток) ќе бидат одиграни натпреварите од завршницата, односно двата полуфинални натпревари, натпреварот за третото место и големото финале на овогодинешното издание од турнирот. Исто така, последниот ден од турнирот ќе биде организиран и натпреварот во тројки кој е особено атрактивен и интересен за гледачите.Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 35.000 денари, а за најдобрата екипа во сениорска конкуренција предвидена е главната награда во висина од 20.000 денари. Наградите на најдобрите екипи по завршувањето на турнирот ќе им ги додели покровителот на манифестацијата - градоначалникот на општина Неготино Тони Делков.

Read more...
 
Тампонирани улици со гребен асфалт во Д.Дисан и Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   На терен и во изминатите денови беа присутни активности за реализирање на ветувањето на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков дека во секое населено место во општината ќе се тампонираат 1-2 улици со гребен асфалт. Така, деновиве во две неготински села се постави гребен асфалт на улици во должина од близу 1.000 метри. Со активноста беше опфатено селото Д.Дисан каде што се изврши тампонирање со гребен асфалт на улици во должина од 550 метри и тоа една улица од 250 м, една од 200 и два помали улички од по 50 метри. Исто така, со гребен асфалт се тампонираше и во селото Пепелиште во вкупна должина од 430 метри, при што гребен асфалт по целата ширина беше поставен и со валјак набиен на 2 улици од кои едната со должина од 180, а другата од 100 метри, а тампонирање се изврши и на просторот околу новоизградениот детски забавен парк кај споменикот во должина од 150 метри.

Read more...
 
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>

Page 153 of 314