Општина Неготино
Прием кај градоначалникот Делков по повод Светскиот ден на учителите PDF Print
There are no translations available.

  Денешниот ден 5 Октомври се одбележува како Светски ден на учителите кој од 1966 година го чествуват просветните работници во целиот свет, а во Република Македонија се одбележува од 1995 г. Целта на овој ден е да се мобилизира поддршката за учителите како еден вид на признание и вреднување на нивниот придонес во едукацијата и развојот на учениците. По тој повод, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков прими делегација составена од просветни работници од средното и двете основни училишта од нашиот град искористувајќи ја можноста на сите учители да им го честита празникот со желби за успешна и плодна работа, а наедно апелираше раководните лица и просветните работници да дадат сопствен придонес при изработката на годишните програми за работа на општина Неготино во делот на образованието за следната 2019 година.

Read more...
 
Европски ден на соработка во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Годинава по 7-ми пат се одбележува Европскиот Ден на соработка со поддршка од ИНТЕРЕЕГ-ИПА ЦБЦ програмата и Министерството за локална самоуправа. За оваа цел, општина Неготино е вклучена во промотивната кампања по повод Европскиот ден со различни активности кои ќе се одвиваат на отворен простор. Настаните ќе се случуваат во петок на 5-ти Октомври во периодот од 10 до 12 часот на различни локации, а учество во истите ќе земат Општина Неготино, ЈКП Комуналец, ОСУ Св. Кирил и Методиј, ООУ Гоце Делчев,  Здружение на лица со посебни потреби Порака и Пчеларското здружение Неготински мед. Во рамките на активностите, општина Неготино преку промотивен штанд пред зградата на локалната самоуправа ќе дистрибуира флаери со информации за достапните фондови на ЕУ во разни области, а ќе се поделат и промотивни материјали од предходно реализирани проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција. Комуналец ќе спроведе акција „Заедно до почист град“, во ООУ Гоце Делчев настап ќе има мобилна пеачка група кои ќе ги посетат и останатите групи вклучени во активностите, групата од ОСУ Св. Кирил и Методиј ќе настапи низ „Креативност до Европска соработка“ во дворот на гимназијата, од Порака ќе учествуваат со креативна работилница на ракотворби, а Пчеларското здружение Неготински мед ќе се води под мотото „Преку соработка до развиено пчеларство со Европски стандарди и тоа низ практична примена на мобилна показна опрема за пчеларство директно во просториите на Здружението и во пчелниот парк во с. Вешје. Министерството за локална самоуправа за сите учесници обезбеди маички со логото „Заедно ја сликаме иднината“.

Read more...
 
Активности на градоначалникот Делков по повод Светската недела на детето (5-9 октомври) PDF Print
There are no translations available.

   Секоја година, првата седмица од месец Октомври им се посветува на децата под мотото „Детска недела“. Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во рамките на одбележувањето на Светската недела на детето, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков беше во посета на двата клона „Мајски цвет“ и „Пролет“ кои функционираат во склоп на детската градинка „Фемо Кулаков“-Неготино и за потребите на дечињата кои престојуваат таму и вработените кои се грижат за нив им подари 2 телевизори, по еден за потребите на двата клона. Раководниот тим на неготинската градинка се заблагодари на донацијата, ја истакна одличната соработка што како установа ја имаат со градоначалникот и локалната самоуправа и изразија надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

Read more...
 
Заврши поставувањето на детски реквизити и урбана опрема во 4 села во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

    На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,  локалната самоуправа во изминатиот период реализираше активности за набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во дел од населените места во неготинска општина. Како што информираат стручните служби,  со градежните активности беа опфатени набавка на материјали и поправка на постоечката урбана опрема и поставување на детски реквизити, како и обновување на подлогата на која тие се лоцирани. Согласно  проектот, нова урбана опрема и детски реквизити се поставувени во 4 села во општината и тоа во Д.Дисан, Војшанци, Дуброво и Криволак и со истите на локалното население, а посебно на најмладите сограѓани, им се создадени услови во одмор и релаксација да поминуваат дел од своето слободно време. Вредноста на проектот е 1.000.000 денари од кои 500.000 се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а 500.000 денари се од Буџетот на општина Неготино.

Read more...
 
До 31 октомври вежбовни боеви гаѓања на Армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 31 октомври во повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат боеви гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полциска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изведуваат планираните боеви гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Подготвителни работи за уредување улица во Тимјаник со бекатон коцки PDF Print
There are no translations available.

   Согласно ветувањата на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков за уредување на  улици со бекатон коцки и тампонирање со гребен асфалт во сите населени места во општина Неготино, чија реализација е или веќе завршена или е во тек, започнаа подготвителни теренски работи за уредување на улица во Тимјаник со бекатон коцки. Според информациите на стручните служби кои се присутни на терен и го надгледуваат изведувањето на работите, станува збор за уредување на улица во Тимјаник во должина од 400 метри со поставување на бекатон коцки на површина од 600 метри квадратни. Предвидувањата се дека доколку се тече според однапред утврдената динамика, работите за уредување на оваа улица ќе заврши за 14 денови, а вредноста на проектот е 2.500.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Read more...
 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 147 of 314