Општина Неготино
Се гради на просторот на салата на ДТВ „Партизан“ PDF Print
There are no translations available.

   Отстранета е и повеќе не постои зградата каде што беше лоцирана салата на ДТВ„Партизан“ во нашиот град, простор кој со години беше запуштен и ја нагрдуваше сликата  во централното градско подорачје. На тој простор приватен инвеститор гради станбено-деловен простор со чија изградба овој дел од градот ќе добие сосема нов и модерен лик.

Read more...
 
Седмо издание на меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров” PDF Print
There are no translations available.

  Во организација на боречкиот клуб “Неготино” и општина Неготино годинава во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” се одржа седмото по ред издание на меморијалниот турнир во борење слободен стил “Јован Димитров”. Во рамките на програмата во 10 часот беше положено свежо цвеќе на споменикот на трагично загинатиот наш сограѓанин Јован Димитров во војната на поранешните југословенски простори, а од 11 часот започнаа борбите на турнирот на кој учество зедоа преку 80 млади борачи во следните конкуренции: машки – помлади пионери и пионери и женска конкуренција од боречките клубови: домаќинот БК “Неготино”, “Лирија”  и “Тефејуз” од Скопје, “Бучим” од Радовиш, “7ми Мај-Леов” од Прилеп, “Олимпија” и “Балканец” од Штип и “Борец” од Велес.

Read more...
 
Одбележани 27 години од загинувањето на Јован Димитров PDF Print
There are no translations available.

   Со палење свеќи и положување цвеќе пред спомен бистата, денеска се одбележа 27 годишнината од загинувањето на нашиот сограѓанин Јован Димитров кој на 19 години го загуби животот во воениот конфликт на просторот на поранешната држава во 1991 година. Свежо цвеќе положија членовите на најтесното семејство, роднини и пријатели, членови на БК Неготино, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој имаше и обраќање пред присутните. Делков изрази искрено и длабоко сочуство до најблиските на прерано загинатиот Јован и ја истакна должноста како и во изминатите 27 години, така и во иднина да продолжи негувањето на сеќавањата на Јован. Во негова чест, во организација на општина Неготино и Боречкиот клуб од нашиот град по 7 пат беше одржан меморијалниот турнир во борење кој го носи името на Јован Димитров и на кој учество зедоа 70 борачи од цела држава.
Read more...
 
Во Неготино одбележан 11 Октомври PDF Print
There are no translations available.

   Со положување на свежо цвеќе на спомен бистите на паднатите борци во НОБ  и пригодно обраќање за значењето на денешниот празник, во Неготино беше одбележан 11 Октомври, датум кој означува почеток на борбата за ослободување и самобитност на македонскиот народ. Свежо цвеќе положи делегација од општина Неготино предводена од секретарот Ивица Златковиќ, на Советот на општината од претседателот Диме Витанов, на Здружението на продолжувајќи на делото на Сојузот на борци од НОВ, како и други заинтересирани граѓани. Од собирот до сите граѓани на општина Неготино беше упатена честитка по повод Денот на македонското востание 11 Октомври.
 
 
Read more...
 
Оглас за поднесување кандидатури за награди и признанија по повод 8-ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

    Од денеска 9-ти октомври започна да тече и до 23-ти октомври  оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Наградата и признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози до архивата на општина Неготино е вторник 23-ти октомври. Пристигнатите предлози најпрво ќе ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи во четврток на 8-ми Ноември - Денот на ослободувањето на нашиот град.
Read more...
 
Во Неготино бројни активности по повод Денот на Европската соработка PDF Print
There are no translations available.

  Облечени во маички обезбедени од Министерството за локална самоуправа со логото „Заедно ја сликаме иднината“, стотина учесници од општина Неготино годинава по 7-ми пат со бројни активности спроведени на различни локациии на отворен простор со поддршка на ИНТЕРЕЕГ-ИПА-ЦБЦ програмата и Министерството за локална самоуправа го одбележаа „Денот на Европската соработка“. Активностите започнаа на поставените промотивни штандови пред општина Неготино со дистрибуирање на флаери со информации за достапните фондови на ЕУ во различни области и делење на разни промотивни материјали од предходно реализирани проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, а паралелно работници на ЈКП„Комуналец“ во паркот до зградата на локалната самоуправа и централното градско подрачје ја спроведоа еколошката акција „Заедно до почист град“. Под мотото „Пееме за Европа“ мобилната пеачка група од ООУ„Гоце Делчев“ имаше свои изведби во дворот на училиштето, а настап имаа и пред зградата на општина Неготино, Здружението „Порака“ и СОУ„Св. Кирил и Методиј“. Групата пак од неготинската гимназија настапи со изведба на интересна кратка кореографија со песни на македонски и англиски јазик и сликаа во дворот на училиштето под мотото „Креативност до Европска соработка“. Денот на Европската соработка се одбележа и во Здружението на лица со посебни потреби „Порака“ со организирање на креативна работилница на ракотворби, при што исто како и учесниците во гимназијата и тие беа посетени од мобилната пеачка група од ООУ„Гоце Делчев“. Пчеларското здружение „Неготински мед“ водејќи се под мотото „Преку соработка до развиено пчеларство со Европски стандарди“ изведе практична примена на мобилна показна опрема за пчеларство на две локации- во просториите на Здружението и во пчелниот парк во село Вешје. Настанот кој беше од отворен карактер  и се спроведе во периодот од 10 до 12 часот беше проследен од голем број заинтересирани граѓани од општина Неготино.

Read more...
 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 146 of 314