Општина Неготино
Една година отворена општина-прес на градоначалникот Делков PDF Print
There are no translations available.

   Се информира јавноста од општината дека утре (среда) 14.11.2018 година со почеток од 11,00 часот во големата сала на општината градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе одржи прес-конференција на која се поканети, ќе ја проследат  и од истата ќе информираат локални, регионални и државни медиуми. Пресот ќе биде на тема „ЕДНА ГОДИНА ОТВОРЕНА ОПШТИНА“ и на истата градоначалникот Делков ќе ги информира присутните и пошироката јавност за остварените проекти и активности наа општина Неготино за периодот од 1 година од неговото стапување на функцијата градоначалник на општина Неготино.

 
Заврши јубилејното издание на турнирот во табла “Неготино опен 2018” PDF Print
There are no translations available.

   Синоќа, (8 ноември) заврши десетото јубилејно издание на традиционалниот турнир во табла, кој беше дел од богатата програма организирана по повод одбележувањето на Денот на градот – 8ми Ноември. На турнирот учество зедоа педесетина учесници претежно од помладата генерација, кои на тридневниот турнир одиграа интересни партии, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до завршницата. Победник на турнирот е Горан Михајловски кој за прв пат дојде до епитетот победник на овој масовен настан. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 8.000 денари, додека поразениот во исклучително интересното финале, вицешампионот на турнирот Илија Петров доби диплома и парична награда од 5.000 денари. Третопласиран на турнирот е Атанас Стојчев, кој забележа победа во малото финале и на тој начин заработи парична награда од 2.000 денари.
Read more...
 
Неготино го одбележува 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето PDF Print
There are no translations available.

   Со прием на делегации од земјава и странство во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков започнаа денешните активности за одбележување на празникот 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Веднаш потоа, од страна на претставници на повеќе делегации со положување на свежо цвеќе на спомен-бистите им беше оддадена почит  на паднатите борци кои своите животи ги загубиле во НОБ. Во организација на Здружението на граѓани „Спо-кул“ се изведоа активности од проектот „Sид на пријателство-урбано Неготино“ кој се реализираше на градскиот кеј во близина на СРЦ„Младост“, а во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа ликовна изложба на Атанас Јанев. На централниот настан-свечената седница на Советот на општина Неготино пригодно празнично обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, присутните имаа можност да проследат аудио-видео материјал со реализирани проекти и активности на локалната самоуправа во изминатата година помеѓу двата празника, се доделија признанијата и наградата „8-ми Ноември“ која годинава ја доби д-р Сретен Давидов од областа на научно истражувачката дејност. Признанија им беа доделени на Илија Ѓорѓиев (постхумно), д-р Диме Трајковски, Велика Димова, Димитар Ѓорѓиев и Павлинка Вељановска. Свечената сединицата заврши со музичка програма и заедничко другарување на скромен коктел.

Read more...
 
Улични трки низ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Стотици ученици и годинава зедоа активно учество на традиционалните улични трки во Неготино-настан кој е дел од програма за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Под менторство на своите наставници и професори, ученици од двете основни училишта од градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“, како и ученици од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа во натпреварувањето со цел да остварат што е можно подобар пласман. Присутните на градскиот плоштад, каде што беше и целта, имаа можност да следат возбудливи и до крај неизвесни трки, во кои победникот се решаваше во последните метри. По завршувањето на трките, следеше чинот на прогласувањето на најуспешните во своите категории, а признанијата и медалите им ги врачи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој на најдобрите им честиташе на постигнатиот успех, а наедно до сите натпреварувачи упати благодарност за учеството на настанот.

Read more...
 
Театарската комедија “Умри машки” во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” PDF Print
There are no translations available.

  Вечерва (среда, 7 ноември) со почеток од 19 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде одиграна урнебесната театарска комедија “Умри машки” во изведба на демиркапискиот театар “Мирка Гинова”, како дел од богатата програма организирана по повод одбележувањето на Денот на градот 8 Ноември. Театарска комедија “Умри машки” е работена по текст на Алдо Николај, во режија на Томе Атанасов, а играат за неготинската публика добро познатите актери на театарот од Демир Капија. Ова е одлична можност за љубителите на театарот од нашиот град да проследат еден од многубројните културни и спортски настани со кои ќе биде одбележан Денот на градот – 8 Ноември.

Read more...
 
Во Неготино се одржа турнир во одбојка за кадетки PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на реализацијата на дводневните активности по повод 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино во училишната спортска сала на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во нашиот град се одржа турнир во одбојка на кој учествуваа натпреварувачки од категоријата кадетки. Настанот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој им посака успешен настап и остварување на добар пласман на одбојкарките од 4-те екипи од 4 градови кои зедоа учество на празничниот турнир во одбојка. Натпреварувачкиот дел кадетките од екипите-учеснички го искористија на теренот да ги презентираат стекнатите одбојкарски вештини, присутната публика имаше можност да проследи интересни и неизвесни натпревари, а по завршувањето на натпреварувачкиот дел претседателот на Советот Витанов на екипите им додели благодарници за учеството на турнирот.

Read more...
 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 143 of 314