Општина Неготино
ПРВА ВОВЕДНА СРЕДБА ВО ОПШТИНА ПЕЛА PDF Print
There are no translations available.

   ПРОЕКТ ,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,
,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или ,, “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  со акроним, ENPOL-EE,,

Јаница, Декември28  и 29 ,2018

На 28 и 29 Декември 2018 година проектниот  тим  од општина Неготино и  од СОУ,,Св Кирил и Методиј,,Неготино заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,присутвуваа на дводневна работна посета во  општина Пела-во местото Јаница .Ова е прва  воведна средба на која сите проектни партнери  меѓусебно се сретнаа и го формираа Управувачкиот Комитет .На средбата  се договорија за проектните активности што како обврски следуваат за сите 4 проектни партнери.Беа договорени официјалните алатки за комуникација за проектот,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,.Се утврдија сите превземени досегашни активности во правец на развој на проектот, а посебен акцент беше ставен на заедничките активности кои всушност ја одразуваат и прекуграничната соработка.Се подготви сет од активности за следните 3 месеци, а беа договорени и сите менаџмент процедури кои е потребно да ги следат проектните партнери.На средбата градоначалниците на двете општини  г-дин Тони Делков и г-дин  Григорис Стамкос  остварија посебна посета, на која беа разменети информации за двете општините, а воедно беа договорени и потребните процедури околку потребното кофинансирање од 20% кое Водечкиот партнер –општина Пела во следните денови треба да го изврши кон општина Неготино и кон Св,;Кирил и Методиј,,Неготино, со што   ќе може реално  да се спроведуваат и да се покриваат трошоците  за дел од планираните проектни активности.

Read more...
 
Делков: Со љубов, единство и слога да го направиме Неготино уште поубаво место за живеење PDF Print
There are no translations available.

Почитувани граѓани на општина Неготино !

Празниците се момент за нова надеж и верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас и кога си посакуваме многу здравје, радост и среќа во годината што доаѓа. Новата 2019 година е нова шанса да продолжиме да работиме за доброто на Неготино и населените места во општината, затоа што од нас самите зависи иднината и развојот на општината. Само со љубов, единство и слога заедно можеме да го изградиме нашиот сакан град и да ја реализираме програмата за работа. Јас како градоначалник на општина Неготино од мое лично име и од име на локалната самоуправа Ви посакувам пријатно и ведро расположение за време на престојните празници. Ви посакувам празничните моменти да Ви бидат исполнети со најдобри желби за здравје, среќа, бериќет и разбирање.

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИКНИ ПРАЗНИЦИ, ДРАГИ МОИ СОГРАЃАНИ !

 
Новогодишни пакетчиња за дечињата од ромската заедница PDF Print
There are no translations available.

   Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ, претставници на Здружението на граѓани Вардарски тек и на Црвениот крст од нашиот град денеска другаруваа со најмладите припадници на ромската заедница. Средбата која се одржа во селото Криволак беше искористена на дечињата да им бидат доделени новогодишни пакетчиња со желби за добро здравје и многу среќа во Новата 2019 година. 

Read more...
 
И дечињата од 7-те игрални добија новогодишни пакетчиња PDF Print
There are no translations available.

   Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и претставници на локалната администрација остварија посети на 7-те игрални кои делуваат во 7 рурални средини во неготинска општина чие функционирање е финансирано од локалната самоуправа. Целта на посетата беше во пресрет на Новогодишните и Божикните празници на сите дечиња да им се поделат новогодишни пакетчиња, а за возврат дечињата од сите игрални подготвија и изведоа пригодна програма во која доминираа песнички и пораки за Новата 2019 година. Секретарот Златковиќ од негово име и од име на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на сите дечиња им посака многу среќа и здравје во Новата година, а дечињата се заблагодарија на подароците и на убавите желби.

Read more...
 
Проект „wa-mbrella“ PDF Print
There are no translations available.

Проект,,wa-mbrella,,

Согласно Одлуката од УО на ЈП,,Комуналец,, Неготино бр. 02-527/5 од 12.12.2018 ЈП,,Комуналец,, Неготино спроведува постапка за јавна набавка од УСЛУГИ за организирање на настан за Светскиот ден на водите на 22 Март 2019 за проектниот партнер 4 – ЈП,,Комуналец,,Неготино за проектот ,,wa-mbrella”.

http://www.jpknegotino.com.mk/Struktura.html

 
Штитениците од Порака добија новогодишни пакетчиња PDF Print
There are no translations available.

   Разиграни и весели, со песна и игра, 50-тина штитеници кои престојуваат во дневниот центар за лица хендикеп Порака го пречекаа градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој издвои време да присуствува на нивната забава по повод Новогодишните и Божикните празници. Во пријатна и релаксирана атмосфера дел од штитениците изведоа пригодна програма, а за возврат градоначалникот Делков кој рече дека секогаш се чувствува пријатно меѓу нив им подели новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Делков на сите штитеници им ги честиташе празниците кои доаѓаат и им вети дека секогаш е подготвен да им излезе во пресрет на нивните потреби и барања. Од лично име и од име на штитениците јавна благодарност за подароците и одличната соработка изрази директорката на Порака Гордана Трајковска која ја искористи можноста на градоначалникот Делков и на сите граѓани да им ги честита Новогодишните и Божикните празници.

Read more...
 
<< Start < Prev 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Next > End >>

Page 138 of 314