Општина Неготино
10 тони ризла и 2 тони сол фрлени, од денеска 2 „грејдери“ ги расчистуваат улиците во општината PDF Print
There are no translations available.

   Во текот на вчерашниот и денешниот ден (среда и четврток) на улиците во Неготино беа фрлени 10 тони ризла и 2 тони сол, а од денеска на терен се присутни 2 машини „грејдер“ кои се ангажрани за расчистување на снегот од улиците и патиштата на територијата на општина Неготино. Локалната самоуправа со цел да обезбеди услови за нормално одвивање на сообраќајот, а по новите снежни врнежи во овие два дена, ангажираше работници на локалното комунално претпријатие, екипи на фирмата Коп инженеринг задолжена за зимско одржување на улиците и патиштата и стручни лица од општината кои постојано се присутни на терен, а во овие активности се вклучија и сопствениците на деловни објекти кои извршија расчистување на снегот пред сопствениот простор. Се очекува двете машини „грејдер“ во текот на денешниот ден да извршат расчистување на снегот на улиците и патиштите кои се најкритични за движење на возилата и пешаците, како и патната мрежа која води до установите и институциите кои се најпосетувани од страна на граѓаните на општина Неготино.

Read more...
 
Апел да се тргнат возилата од улиците за непречено расчистување на снегот PDF Print
There are no translations available.

   Новите врнежи од снег придонесоа службите за одржување на улиците и патиштата во општина Неготино веднаш да излезат на терен и да интервенираат за расчистување на новите наноси од снег. Екипи на фирмата задолжена за зимско одржување Коп инженеринг, работници на ЈП Комуналец и стручни лица од општината се присутни на терен и се ангажирани околу расчистувањето на снегот на најфреквентните улици, тие кои водат до установи кои се најчесто посетувани од граѓаните, централното подрачје и секундарната улична мрежа. Со цел за непречено одвивање на работите, надлежните апелираат до сопствениците на возила истите да ги тргнат од улиците, како би можела ангажираната механизација да врши нивно комплетно чистење по должина и ширина на улиците и патиштата.
Read more...
 
Божикна честитка од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков PDF Print
There are no translations available.

Почитувани сограѓани, верници од Православна вероисповед !

По повод одбележувањето на големиот Христијански празник, Раѓањето Христово-Божик, од мое лично име и од име на општина Неготино Ви упатувам искрени и срдечни честитки со желби за добро здравје, духовен мир, меѓусебно почитување и разбирање. Во духот на Христијанството, а почитувајќи ги и негувајќи ги заедништвото и хуманоста како едни од најголемите човекови вредности, овој празник нека биде причина повеќе да споделите убави и пријатни моменти со семејството, најблиските и пријателите. Вашите домови во деновите од Божикните празници нека бидат исполнети со надеж, добрина и верба и истите нека ве водат во деновите што доаѓаат.

Христос се роди-Вистина се роди ! Среќен Божик !

 
Се расчистува снегот од улиците во градот и дел од населените места PDF Print
There are no translations available.

   Веднаш по започнувањето на обилните врнежи од снег, надлежните општински служби излегоа на терен и се ангажираа на расчистувањето на снегот. Најпрво на терен излегоа работници на Комуналец кои беа ангажирани за отстранување на снегот од главните улици, тротоарите и правење патеки за движење на пешаците во централното градско подрачје. Ним им се приклучија со соодветна механизација и работна рака вработени во фирмата Коп инжинеринг ангажирана од општина Неготино за зимско одржување на улиците и локалните патишта. По завршувањето на работите на примарната улична мрежа, ќе се пристапи кон чистење и на споредните улици, а се чисти снегот и од патиштата кои водат до населените места. Од локалната самоуправа до возачите и пешаците апелираат на внимателно движење, а сопствениците на деловни објекти и домаќинствата ги потсетуваат на обврската за чистење на просторот пред дуќаните и семејните домови. Ангажираната механизација и понатаму останува присутна на терен и работи на расчистување на снегот од најфреквентните улици и патишта во општина Неготино.

Read more...
 
Ј А В Е Н П О В И К PDF Print
There are no translations available.

Имате идеја, предлог, сугестија за успешна организација на стопанско туристичката манифестацијата  Недела на виното,,Св.Трифун- 2019,,  
Споделете ја со нас!
Предлозите на граѓаните и другите чинители се секогаш добредојдени !
За  поуспешна стопанско туристичката манифестацијата  Недела на виното,,Св.Трифун-2019,, Вашите предлози и идеи ќе бидат добредојдени и дополнително разгледани  и на тој начин  концептот за Св. Трифун 2019 ќе биде наша заедничка цел!
ЗАЕДНИЧКИ ДА ОРГАНИЗИРАМЕ УСПЕШНА МАНИФЕСТАЦИЈА – СО ГРАЃАНИТЕ И ЗА ГРАЃАНИТЕ!
Ве повикуваме сите граѓани,институции, установи, бизнис секторот и невладините организации  од општина Неготино да дадете свои идеи, предлози, сугестии со пополнување на дадениот  прашалник најдоцна до 09.01.2019 год.(среда).


Вашите идеи, предлози, сугестии испратете ги на:
meil: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
тел:043-361-045 лок.123
Општина Неготино

П Р А Ш А Л Н И К

А Н К Е Т А

 
Посета на вработени кои се грижеа за здравјето и безбедноста на граѓаните PDF Print
There are no translations available.

   Додека најголемиот број од граѓаните во пријатна и весела атмосфера ја испраќаа 2018 и го прославуваа дочекот на Новата 2019 година, десеттина службени лица се наоѓаа на своите работни места и поради нивната специфичност ги извршуваа своите редовни работни обврски. Станува збор за лица кои во текот на новогодишната ноќ се грижеа за здравјето и безбедноста на населението. На неколку часа пред полноќ нив ги посети градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој им посака да имаат што помалку работа притоа честитајќи им ги претстојните празници. Во знак на внимание градоначалникот Делков на 9 припадници на Полициската станица Неготино, 2 пожарникари и 6 вработени во Итната помош при Здравствениот дом во нашиот град им врачи пригодни подароци. Дежурните работници се заблагодарија и на Делков му посакаа среќни Новогодишни и Божикни празници.
Read more...
 
<< Start < Prev 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Next > End >>

Page 137 of 314