Општина Неготино
Поради настанат дефект, дел од Неготино без вода за пиење PDF Print
There are no translations available.

ЈП Комуналец  од Неготино ги информира потрошувачите на вода кои живеат на улиците Кирил и Методиј, 25 Мај и Марксова, како и дел од улиците Борис Кидрич, Пиринска, Вардарска, Ѓоко Мишев и Вано Ташев дека поради дефект на главната цевка на улица Марксова денеска (вторник) и утре претпладне (среда 12.02.2019) ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Екипи на Комуналец се на терен и денеска и утре ќе работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водосндбувањето.

 
Започнаа активностите од „Неделата на виното-Св.Трифун 2019“ PDF Print
There are no translations available.

  Со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители започнаа активностите и настаните во рамките на „Неделата на виното“ која се организира во чест на празникот Свети Трифун. На јавниот повик за пријавување за учество на натпреварот, оваа година пристигнаа рекордни 70 мостри на вина и ракии, што значи дека постои зголемен интерес за учество во изборот на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Од нив, 12 мостри се од бели вина, 28 од црвени вина и 28 мостри од ракија и истите се оценуваат од страна на 6-члена стручна комисија составена од енолози. Оценувачите истакнуваат дека од година во година квалитетот на вината и ракиите е се поголем, меѓу другото благодарението на советите, мислењата и сугестиите што тие им ги даваат, а производителите ги прифаќаат и применуваат во пракса. Во категориите бели и црвени вина и ракии ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место, а истите на добитниците ќе им бидат врачени во четврток за време на централната манифестација по повод Свети Трифун на градскиот плоштад во Неготино.

Read more...
 
Утре (вторник) започнува празнувањето на Свети Трифун PDF Print
There are no translations available.

   Со натпревар во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители и советодавен настан со нив, од утре, вторник 12-ти февруари започнува и до четврток 14-ти февруари во вечерните часови ќе трае празнувањето на Свети Трифун. Во попладневните часови утре во 18ч. ќе се одржи предавање на тема „Сезонски работи во лозов насад и мерки на адаптација кон климатски промени“, а предавач во салата на општината ќе биде проф.д-р Климе Белевски од Земјоделскиот институт од Скопје со изложба на публикации од областа на земјоделието. Во среда во манастирот „Св.Ѓорѓи“ ќе се одржи промотивно-дегустациониот и продажен настан Ден на вранецот од индивидуални производители збогатен со раванијада, следува Мастер клас за виното Вранец со учество на регионални винарии од регионот, во попладневните часови од 16 до 18ч. ќе се одржи научна конференција на тема „Св.Трифун и виното-верувања, обичаи,ритуали, додека од 19ч. ќе се одржи традиционалната копаничарска изложба на здружението Стари занаети. Централниот настан е на 14-ти февруари на самиот ден на Св. Трифун со затворање на научната конференција, организирана винска тура за домашни посетители од Вардарскиот плански регион, отворање на штандови на винарии на градскиот плоштад, фолклорно дефиле и од 12 часот следи отворање на централниот настан,симболично закројување на виновата лоза, прогласување на наградените од натпреварот за најдобри вина и ракии, по што следува извонредно богата забавно-музичка програма со настап на познати имиња од македонската естрада која е предвидено да трае до 19 часот.

Read more...
 
Нова пумпа за водоснабдување за потребите на жителите на Тремник PDF Print
There are no translations available.

   Работници на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино се присутни на терен и работат на поставување на нова пумпа за водоснабдување за потребите на жителите на селото Тремник. Како што информираат одговорните, поради дефект прво е демонтирана и отстранета старата пумпа која ќе се репарира, по што е пристапено кон чистење и перење на бунарот за создавање услови за поставување на новата пумпа од 18,5 киловати. Се очекува во текот на денот новата пумпа да биде поставена и ставена во функција со што ќе се придонесе за стабилизирање и подобрување на снабдувањето со вода за пиење на жителите на неготинското село Тремник.

Read more...
 
Официјална програма по повод „Недела на виното-Св.Трифун 2019г.“ PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино ја објави официјалната програма по повод тридневната манифестација „Недела на виното-Св.Трифун 2019г.“ која традиционално се одржува секоја година по повод празникот на лозарите и винарите 14-ти февруари-Свети Трифун. Активностите започнуваат во вторник на 12-ти февруари и ќе траат до вечерните часови во четврток 14-ти февруари кога на градскиот плоштад во нашиот град ќе се одржи централниот настан по повод празникот Свети Трифун.

 

 
Набавена опрема за дечињата од групи во други просторни услови PDF Print
There are no translations available.

   Групите во други просторни услови во населените места Криволак, Пепелиште и Тремник во кои досега престојуваа дечиња во хетерогени групи на возраст од 3-5 години, а делуваат во склоп на Детската градинка „Фемо Кулаков“ и работат согласно Програмата за рано учење и развојдобија нова опрема која наскоро ќе биде монтирана и ставена во функција. Станува збор за набавка  на клима уреди, мијалници, бојлери, шпорети и фрижидери, работни маси, висечки шкафови и прибор за храна  и дистрибуција на истата , во секоја  група поединечно, а обезбедени се со средства од општина Неготино во вредност од 698.705 денари.„ Со новата опрема ќе се создадат  услови за обезбедување поквалитетни услови за  целодневен престој на околу 70 дечиња кои престојуваат во овие три „Групи во други просторни услови„ -изјави директорката на градинката Јана Коцева. Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ истакна дека покрај набавената опрема, следуваат и градежни работи за адаптација на просторот во постоечките објекти и создавање уште подобри услови за престој на дечињата.

Read more...
 
<< Start < Prev 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Next > End >>

Page 135 of 314