Општина Неготино
Ќе се казнуваат несовесните граѓани кои фрлаат отпад на несоодветни места за тоа PDF Print
There are no translations available.

   Од локалната самоуправа ги информираат граѓаните на општина Неготино дека е започната координирана активност за интензивно присуство на комуналните редари на терен, нивно интервенирање и изрекување соодветни казнени мерки за секое лице кое ќе биде затекнато како фрла отпад на несоодветни места за тоа, односно на диви депонии и локации надвор од градот. Се апелира до населението, доколку имаат потреба, отпадот да го носат на соодветна локација за тоа,а за помош и поддршка слободно можат да се обратат до општинските комунални редари. Исто така, со цел за елиминирање на појавата на неконтролирано исфрлање на отпадот, се апелира до граѓаните ако забележат, да пријават фрлање на отпад на несоодветна локација и доколку се во можност тоа да го документираат со фотографија. Секој граѓанин може да пријави неправилности на телефонските броеви на општинските комунални редари 078/484-953 и 078/213-814 кои ќе излезат на терен, ќе ја согледаат фактичката состојба и доколку е потребно, ќе преземат соодветни дејства и ќе изречат казнени мерки.
 
Неготинските наставнички Димова и Вељановска меѓу најдобрите во регионот PDF Print
There are no translations available.

  Деновиве во Кинотека на Македонија се одржа Првата регионална конференција на најдобрите наставници од повеќе држави од регионот. Конферецијата беше организирана од Асоцијацијата на најдобри наставници на чело со најдобрите наставнички во светски рамки Весела Богдановиќ и Жељана Радојчиќ- Лукиќ а со поддршка на Просветно дело и амбасадорите проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Сузана Киранџиска и м-р Ксенија Маказлиева- Трајчева,и имаше за цел да ја развие идејата за вмрежување и соработка на најдобрите наставници од регионот. Беа промовирани 40-те  најдобри наставници од овие простори кои се избрани според критериуми за високи достигнувања на меѓународно и државно ниво, залагања во локалната заедница, учество во меѓународни и државни проекти, учество на конференции, издадени трудови во областа на педагогијата и сл. На листата на најдобри наставници се најдоа и две наставнички од нашиот град, наставничката по Музичко образование во ООУ "Гоце Делчев", м-р Павлинка Вељаноска и наставничката по информатика во ООУ "Страшо Пинџур" Георгина Димова.


Read more...
 
До 31-ви март вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 31-ви  овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луже, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Стрелиштето на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе биде видно одбележано согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Поради дефект, без вода се потрошувачите од „Висока зона“ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Од Јавното комунално претпријатие „Коминалец“ информираат дека потрошувачите од Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека поради настанат дефект на транзитниот цевковод Ф 200 ќе има прекин во водоснабдувањето  денеска, петок 1-март. Екипи на „Комуналец“ се на терен и работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.

 
 
Од средината на март регионалниот пат Неготино-Пепелиште ќе бида затворен за сообраќај PDF Print
There are no translations available.

   Од  Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека се врши санација на мостот над реката Вардар на регионалниот пат Р1103, делница Неготино-Пепелиште, при што во наредниот период ќе се демонтираат постоечките АБ носачи, со што нема да може да се одвива сообраќајот по мостот, а со тоа регионалниот пат Неготино-Пепелиште ќе биде затворен за сообраќај. Паралелно со одвивањето на споменатите работи, Јавното претпријатие за државни патишта врши подготовки за оспособување за нормално одвивање на сообраќајот на локалниот пат Неготино-Криволак-мост на реката Вардар-приклучување на Р1103 кај селото Пепелиште. Се информираат сите граѓани дека поради присутната состојба на мостот ќе може да се одвива сообраќај на возила со вкупна маса од 7,5 тони и како ограничување во однос на висината на возила до 3,6 метри. Затворањето на споменатата делница треба да се случи кон средината на месец март за што јавноста благовремено ќе биде информирана. Имајќи предвид дека е предвидено патот да биде затворен за сообраќај подолг временски период, населението преку средствата за јавно информирање ќе биде информирано за текот на одвивањето на работите.

 
Комплетно реновирани санитариите во подрачното училиште во Д.Дисан PDF Print
There are no translations available.

   Со сопствени средства во висина од околу 500.000 денари обезбедени од Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Неготино, се изврши комплетно реновирање на санитариите во подрачното училиште во Д.Дисан. Како што информираше директорот на училиштето Петар Мантев, извршена е целосна промена на старата и нефункционална водоводна и фекална мрежа која е заменета со нова, поставени се нови врати, електрика, плочки и други елементи во сите простории, со што се придонесе за подобрување на хигиенските услови и за учениците и за наставниците од училиштето во Д.Дисан. Новите санитарии се веќе ставени во функција, а комплетното реновирање беше изведено во период од 25 до 30 денови.

Read more...
 
<< Start < Prev 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Next > End >>

Page 132 of 314