Општина Неготино
Граѓаните можат да пријавуваат проблем до општината по електронски пат PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино повторно во функција го стави системот кој на граѓаните им овозможува по електронски пат во секое време од денот, 7 дена во неделата, преку општинската веб-страница да пријавуваат комунален проблем кој општинските служби ќе се обидат да го решат или во најкраток можен рок барателот на информацијата да го запознаат до каде е решавањето на пријавениот проблем. Секој граѓанин од листата на проблеми во менито на системот (објавено подолу) може да го одбере својот проблем и во пријавата да ја наведе точната адреса или да ја опише локацијата на која треба да се врши интервенција, а треба да остави и контакт за стручните служби при општина Неготино да можат да одговорат на пријавата и да информираат за истата. Граѓаните преку оваа форма можат да пријавуваат проблеми со улично осветлување, улици, патишта и тротоари, објекти склони на рушење, урбана опрема, градба и  дива градба, животна средина, отпад, кучиња скитници, јавно зеленило, гробишта, водовод и канализација и сообраќајна сигнализација.

 
Театарска претстава “Црвените чизмички” PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино и оваа година ќе биде дел од глобалното одбележување на Светскиот ден на театраот – 27 Март и во соработка со Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” на театарската публика во Неготино ќе и понуди две театарски претстави од кои првата ќе биде детска претстава, намената за помладата публика.
Претставата “Црвените чизмички” чиј автор е Слаѓана Милосављевиќ е во режија на Димче Бањански, а во изведба на актерите на аматерскиот театар Мирка Гинова од Демир Капија. Истата ќе има двојна изведба во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” на 27 март (среда) со почеток од 15.30 часот за учениците од основното училиште “Гоце Делчев” и од 17.00 часот за учениците од основното училиште “Страшо Пинџур”. Влезот за учениците ќе биде бесплатен.
Организацијата на културни настани наменети за помладата публика е во насока за доближување на театарскат уметност и културата воопшто до помладата публика и нејзина културна едукација.

 
Светски ден на водата PDF Print
There are no translations available.

  Проект ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella),
Во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ (”wa-mbrella), кој е финансиран во рамките на ЕУ (ИПА) Програмата за прекугранична соработка со Грција, ЈП Комуналец Неготино во соработка со Општина Неготино и организаторот на настанот О3 Инвест, годинава го одбележуваат Светскиот ден на Водата и во Неготино.
Настанот предвидува организација на музички хепенинг и други уметнички креативни активности кои ќе се одржат на 22 март од 18:00 до 21:00 часот на Градскиот Плоштад во Општина Неготино.
Светскиот ден на водата, кој се одржува на 22 март секоја година, се фокусира на огромната важност на водата. Овогодинешната тема, „Не оставаме никој зад себе“, го адаптира централното ветување од Агендата за одржлив развој од 2030 година, која вели дека како што напредува одржливиот развој, сите треба да имаме бенефит.
Една од најважните цели на Агендата за одржлив развој е кристално јасна: вода за сите до 2030 година. По дефинција, тоа значи дека не оставаме никој зад себе. Но денес, милијарда луѓе сеуште живеат без вода – нивните домаќинства, училишта, работни места, фарми, и фабрики се борат да преживеат и да успеат. Маргинилизираните групи – жени, деца, бегалци, лицата со посебни потреби и многу други – се често занемарени и понекогаш дискриминирани во нивните обиди да дојдат до пристап до чиста вода која им е потребна.
Овој светски ден на вода, 22 март, се однесува на справување на кризата со водата со адресирање на причините зошто толку многу луѓе се занемарени.
На настанот ќе настапуваат следните групи:

1. Бонгас енд гитарс
2. Смиле
3. Бадасал
4. Епидемија
5. ДЈ Алекс

На овој ден ќе бидат промовирани трите графити кои се изработени од страна на познатиот артист Младен Трендевски, кои го симболизираат Светскиот ден на водата, како и моменталната состојба со недостиг на вода на светско ниво.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан и заедно да го одбележиме овој ден.

 
Вклучување на општина Неготино во системот за донирање на вишок храна – Сите сити PDF Print
There are no translations available.

   На ден 20.03.2019 во општина Неготино се одржа инфо – сесија за вклучување на општина Неготино во системот за донирање на вишок храна на социјално загрозени граѓани.Оваа инфо – сесија беше организирана од страна на општина Неготино во соработка со Црвениот Крст и Асоцијацијатата за чиста животна средина Ајде Македонија – Скопје.Беше одржана презенација и запознавање со системот за донирање на вишок храна “Сите сити” од страна на претставник од Ајде Македонија, г-дин Блаже Јосифовски.Досегашното функционирање на “Сите сити”има обезбедено 221,760 порции храна за илјадници социјално загрозени граѓани низ Македонија.Вклучувањето на општина Неготино во “Сите сити” има за цел во фазата на пилотирање да им помогне на социјално загрозените граѓани како и на  Дневниот Центар за лица со хендикеп Порака, а во нареднатга фаза да обезбеди одржлив систем за донирање на вишок храна со што би се помогнало на илјадници социјално загрозени граѓани во општина Неготино.Општина Неготино ги повикува сите заинтересирани правни субјекти од угостителска дејност и прехрамбена индустрија, граѓански организации и потенцијални волонтери да се вклучат во овој систем за намалување на фрлањето на храната и помош на социјално загрозени граѓани.Годинава системот е поддржан и од Министертвото за труд и социјала политика и Фондот за иновации, со цел да се види неговата одржливост и евентуално да се размислува од привремено да стане системско реешение.
Read more...
 
ОДРЖАНА ВОВЕДНА СРЕДБА (KICK OFF MEETING) ВО АРИДЕА-ОПШТИНА АЛМОПИА ГРЦИЈА PDF Print
There are no translations available.

    На 17 и 18 Март 2019 проектните тимови од Општина Неготино-Партнер 2 и од ЈП,,Комуналец Неготино-Партнер 4,присуствуваа на прва работна средба во Аридеа- општина Алмопиа во Грција.Истата е дел од проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella),од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020. Проектните активности се реализираат за секој партнер посебно, но севкупна координација меѓу сите партнери е задолжителна   и за таа цел на средбата  најпрво на 17.03.2019 беше формиран Заеднички Управувачки Комитет кој го сочинуваат по 2 члена од секој од партнерите. Се разговараше околу дефинираните обврски на ченовите на  Управувачкиот Комитет на секој од партнерите и истиот беше потпишан на 18.03.2018.Генерални теми кои се дискутираа на средбата  за сите 4 партнери беа:Презентација на проектот во целост ,Развој на комуникациски план кој е обврска на водечкиот партнер-општина Алмопиа и кој што се очекува наскоро да биде подготвен и доставен до сите партнери .Истиот покрај другото  ќе ги опфати пред се таргетираните страни кај сите 4 партнери за времетраење на проектот и потоа.Важен дел од средбата беше разгледувањето на фазите на напредокот на проектот со посебен осврт на сите партнери. Во овој правец беше информирано дека општина Неготино покрај сите администртивни процедури и отпочнати тендерски постапки ги  одржа првите 2 информативни денови за земјоделците, а ЈП,,Комуналец дека е во фаза на подготовка на настанот,,Светски Ден на водата,,кој ќе се одржи во општина Неготино на 22 Март.Беа договорени заедничките активности од проектот кои ја одрзуваат прекуграничната соработка и во овој дел заклучокот беше дека Водечкиот партнер-општина Алмопиа , како одговорен во овој дел потребно е да ги забрза  дел од активностите со цел непречено истите да се спроведат и од страна на  општина Неготино и од страна на ЈП,,Комуналец,,.Се поставија рокови  и задолженија за следните 3 месеци и беше договорено сите 4 партнери да ги почитуваат зададените рокови.Најсуштински компоненти од договореното за Партнер 2 општина Неготино е во следните 3 месеци да ја спроведе тендерската постапка за изградба на колекторски дел (цевковод) за поврзување на канализациониот систем Тимјаник–Неготино, а додека за партнер 4 ЈП,,Комуналец,, да се спроведе тендерската постапка за набавка на геозвучни мерачи и детектори на загуба на водата за пиење.Средбата заврши со предлог период за одржување на следната техничка средба планирана да се одржи во Неготино во месец Јуни.
Read more...
 
Доделени наградите за најдобрите индивидуални вина и ракии PDF Print
There are no translations available.

   Денешниот втор информативе ден за земјоделците организаторот го искористи да ги врачи наградите и признанијата на најуспешните индивидуални производители на вина и ракии, а по одржаниот натпревар во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Двети Трифун. Согласно оценките од стручната комисија составена од 6 енолози, во категоријата бели вина третото место го освои виното на Горан Ристов, второ место Ристо Миов и за најдобро е прогласено виното на Коле Мицев. Во категоријата црвени вина трето место освои Томо Вешковски, второ Билјана Ташева и најдобро е црвеното вино на Блаже Миневски. Во категоријата ракии од индивидуални производители трето место одвои Милан Андов, второ Кирил Андов, додека за најдобра беше прогласена ракијата на Јован Кабранов.

Read more...
 
<< Start < Prev 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Next > End >>

Page 130 of 314