Општина Неготино
Денеска (среда 15.05) ќе има прекин во водоснабдувањето за жителите од „Висока зона“ PDF Print
There are no translations available.

   Од  Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино ги информираат потрошувачите од Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека денеска (среда 15-ти мај) поради дефект на транзитен цевковод Ф-200 водоснабдувањето ќе биде во прекин. Екипи на Комуналец се на терен и работат на отстранување на дефектот, по што ќе дојде до нормализирање на водоснабдувањето за жителите кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“.

 
Ученици од новинарската секција при СОУ„Св.Кирил и Методиј“ на средба со градоначалникот Делков PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари средба (втора по ред) со учениците-членови на новинарската секција при СОУ „Св.Кирил и Методиј“ од Неготино во која членуваат 20-тина ученици кои ги подготвуваат текстовите и  работат на уредувањето и издавањето на училишниот весник „Младина“. Како што градоначалникот беше информиран од членовите на новинарската секција, „Младина“ се печати во тираж од околу 200 броја и се издава по повод патрониот празник на училиштето, а во него можат да се најдат информативни содржини кои во најголем дел се однесуваат на активностите на училиштето и постигнувањата на ученици на локални, регионални и државни натпреварувања. Од негово лично име и како градоначалник на општина Неготино, Делков ги поздрави нивните несебични напори за создавање на овој училишен весник и нивната креативност која е неопходна за спроведување на еден ваков проект, а средбата беше искористена за размена на мислења за младинските политики, потенцијални истражувања и информирање на јавноста за резултатите од истите,како и на други теми од заеднички интерес. Учениците-членови на новинарската секција изразија благодарност за приемот и несебичната поддршка што ја имаат и ќе ја имаат градоначалник на општина Неготино Тони Делков.

Read more...
 
Вонредна седница на кризниот штаб на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Грмежи, врнежи, појава на град и големо невреме најавуваат синоптичарите, според кои, земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Најавите се дека врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови, при што се очекуваат врнежи од 50 до 70 литри на м2. Ваквите прогнози ги мобилизираа надлежните од општина Неготино, па така се одржа вонредна седница на кризниот штаб на која беа координирани евентуалните активности што би се преземале, а се распределија и обврските помеѓу надлежните институции. На седницата на која присуствуваа и претставници на општина Д. Капија, Овр Неготино, противпожарната единица, ЈП Комуналец и Дирекцијата за заштита и спасување беа земени предвид сите потенцијални ризици, ресурсите кои можат да бидат мобилизирани, механизацијата која може да биде ставена во функција, а од Дирекцијата за цивилна заштита и спасување се обезбедени 1.800 вреќи со песок. Контактирани се и сите градежни фирми за ставање во функција на нивната механизација. До граѓаните се апелира да не ги паркираат возилата на главната улица Маршал Тито до Полициската станица како не би дошло до нивно оштетување, но и да се обезбеди простор за брза и ефикасна интервенција на надлежните. Се апелира и до жителите на населените места да бидат подготвени за вклучување во евентуални акции со работна рака и механизација. Надлежните продолжуваат со будно следење на состојбата, а утре ќе се одржи уште една седница на кризниот штаб.
Read more...
 
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.


Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2019 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува: 

                                       Ј А В Е Н   П О В И К
 за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино

1.  На повикот можат да се пријават: 
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат:
    -   комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот;
    -   годишна програма за работа на кубот/сојузот;
    - апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино;
   - доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција

Апликациите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино и во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината.

Образецот (апликација) можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.

За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите - потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.

Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.

Субјектите – потенцијални корисници потребната документација треба да ја достават до: 
Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино
Одделение за јавни дејности
Со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино. 

Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат кај одговорното лице за спорт директно во општината (соба број 39, IV кат) или на mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот 

Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.
 

 
До 10-ти мај вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Print
There are no translations available.

  Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 10-ти овој месец (мај) на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Театарската комедија “Арсеник и старите тантели” на репертоарот на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” PDF Print
There are no translations available.

  На 10 мај 2019 год. (петок) со почеток од 20.00 часот во НУ Центар за култура “Ацо Ѓорчев” ќе гостува театарот од Соко Бања со познатата театарска претстава “Арсеник и старите тантели”. Претставата е најпопуларната и најизведуваната комедија на американскиот драмски писател Џозеф Кеселринг базирана на црн хумор. Одлична можност за љубителите на театарот да ја проследат оваа урнебесна комедија во изведба на гостите од Р. Србија. Влезот за претставата е 100 денари.

 
<< Start < Prev 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Next > End >>

Page 125 of 314