Општина Неготино
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2019 година PDF Print
There are no translations available.

   О П Ш Т И Н А    Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2019 година бр.08-611/7 од 26.12.2018 година („Службен гласник на општина Неготино“  бр.17/2018)  објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2019 година

1.Опис на јавниот повик
1.1.Општина Неготино, со цел да ги стимулира жителите на Неготино за користење на велосипеди а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на Јавниот повик заклучно со 20.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност.
1.2. Средствата што Општина Неготино ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
1.3. Средствата што се превидени во Програмата бр.08-611/7 од 26.12.2018 година се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од програма L00.
1.4.Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.


2.Право на учество на Јавниот повик
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Неготино кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 20.06.2019 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.


3.Услови што треба да ги исполни барателот
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
-    да е жител на општина Неготино,
-    велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (до 20.06.2019 година),
-    да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед).
4.Начин на пријавување на Јавниот повик


4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Неготино треба да достави:
- барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Неготино),
- доказ за жителство во општина Неготино, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, односно родител/старател на малолетно лице со телесна инвалидност,
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
- доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик,
- потврда дека велосипедот е адаптиран за потребите на барателот - лице со телесна инвалидност, со спецификација за видот на извршената адаптација,
- решение за видот и степенот на телесна инвалидност издадено од надлежен орган.
Документи од алинеја 6 и 7 прилагаат барателите кои аплицираат за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на адаптиран велосипед.
4.2. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.
4.3.Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
4.4.На пликот треба да е наведено “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед - Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед“
4.5. Архивата на општина Неготино примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.Начин на спроведување на Јавниот повик


5.1.За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира комисија и тоа: ∙ Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед.
5.2.Општина Неготино, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 20.06.2019 година.
5.3.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4.Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, општина Неготино ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна.
5.5 Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.


6. Начин на остварување на правото на надоместок
6.1.Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства за барателите кои ги исполниле критериумите согласно Јавниот повик.
6.2.Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува условите дефинирани согласно Јавниот повик.

Барање за субвенции за велосипед

И з ј а в а

 
Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите PDF Print
There are no translations available.

  Со изведување на показна вежба, претставување на опремата и возилата и активно учество на пожарникарите со демонстрација на гаснење на пожар, денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица во Неготино беше одбележан 20-ти мај-Денот на пожарникарите. Од име на локалната самоуправа празникот на неготинските пожарникари им го честиташе секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој им посака да имаат што е можно помалку работа, а кога ќе имааат да делуваат брзо и ефикасно, користејќи ја приликата да упати апел до населението од нашата општина за внимателно однесување при палењето на отворен простор. Командирот на ТППЕ-Неготино Иле Илиев истакна дека опременоста на неготинската единица е на солидно ниво, реализирани се нови вработување со што бројот на пожарникари изнесува 13 лица, а наедно и се заблагодари на одличната соработка со општина Неготино и поддршката што ја добиваат од неа. На показната вежба присуствуваа и со работата на пожарникарите се запознаа десеттина дечиња кои престојуваат во детската градинка „Фемо Кулаков“ од нашиот град.

Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 20.05.2019 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  (Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и петтата    редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 20.05.2019 година   (понеделник ) во  13,00 часот.
За седницата го предлагам следниот 

                                                  Д Н Е В Е Н   Р Е Д 

1. Предлог- Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино  
2. Предлог –  Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на оптина Неготино за 2019 година
3. Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за периодот 2019-2020
4. Предлог- Одлука за донесување на УПВНМ за изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад на КП бр. 23/2, 24, 25/3, 25/4, 54/2, 55/2, 56, 57/2, 2173/2 и 2173/4 , КО Пепелиште, м.в. Шобово 
5. Информација – Конечен извештај за извршена ревизија над материјалното и финансиското работење на општина Неготино (Конечен извештај за извршената ревизија на усогласеност за 2017 година- Сметка на основен буџет 630;  Сметка на основен буџет 637; Сметка на приходи на буџет дотации 930; Сметка на расходи на буџет на дотации 937)
6. Предлог – Решение за разрешување на член на УО на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
7. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на УО на ЈКП КОМУНАЛЕЦ Неготино 
8. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
9. Предлог- Решение за деделување на финансиски средства
 
„Матурски бал-Неготино 2019г.“ PDF Print
There are no translations available.

   По 9-ти пат во организација на општина Неготино и Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ на градскиот плоштад во нашиот град се одржа традиционалната манифестација „Матурски бал-Неготино 2019 г.“ на која пред присутните во ритамот на  „квадрил“ танцуваа неготинските матуранти. Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој на матурантите им порача дека со самиот чин на матурирање тие стануваат возрасни луѓе свесни за својата одговорност и од денеска тргнуваат по нови животни патеки, со што завршува една значајна фаза од нивниот живот на која секогаш ќе се сеќаваат. Свое обраќање пред присутните и матурантите имаше и директорот на неготинското средно училиште Драган Василев кој на матурантите им го честиташе матурирањето посакувајќи им успех во понатамошниот живот. По упатените честитки од страна на градоначалникот Делков и директорот Василев, матурантите го одиграа танцот „квадрил“ поздравени со аплауз од присутните на плоштадот.
 
Read more...
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Print
There are no translations available.

Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.2  05-203/4
Проект,,wa-mbrella,,

Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-203/1 од  09.04.2018 општина Неготино спроведе истражување на пазарот за потреба од  набавка РАБОТИ   за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем  во Неготино за проектот ,,wa-mbrella”за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,.По спроведенaтa анализа на пазарот општина Неготино достави покани до заинтересирани страни и дополнително до компании со кои има соработувано.Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2018-Simplified procedure ) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 15.05.2019 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 17.06.2019(понеделник)  до 09.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.Отварањето на понудите е планирано истиот ден до 17.06.2019 (понеделник)  во  10.00 часот во просториите на општина Неготино.

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Read more...
 
Набавени 15 преносни компјутери за потребите на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на спроведената јавна набавка согласно законските прописи, со средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, набавени се и ставени во функција 15 нови преносни компјутери за потребите на Советот на општина Неготино. Со набавката на новите преносни компјутери, се елиминира потребата од користење на стотици хартиени листови, се заштедуваат финансиски средства, а надлежните информираат дека преносните компјутери се очекува да бидат во функција во времетраење од најмалку 2 мандати на Советот на општина Неготино.

Read more...
 
<< Start < Prev 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Next > End >>

Page 124 of 314