Општина Неготино
Со бекатон коцки се поплочува улица во с.Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Со средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино  продолжуваат градежните активности за уредување на улици во населените места во нашата општина. Така, во моментов градежни активности се одвиваат во селото Криволак каде што со бекатон коцки се врши поплочување на уште една пристапна улица која води до образовна установа. Станува збор за поставување бекатон коцки на улица на вкупна површина од околу 500 метри квадратни. Се очекува градежните работи за уредување на оваа улица во Криволак да завршат во првите денови од месец август.

Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 25.07.2019 година PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и осматта     редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 25.07.2019 година   (четврток ) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот 

                                                 Д Н Е В Е Н   Р Е Д 

1. Предлог- Одлука за одобрување на дополнителен финансиски придонес на Општина Неготино за проектот ,,Вински , Апи и Еко туризам во Неготино и околината,,  
2. Предлог-  Одлука за спроведување на проектот и превземање на обврска за надоместување на ДДВ за проектот ,,Изградба на дел од патниот правец с.Горни Дисан- Вешје,, 
3. Предлог- Одлука за спроведување на проектот и превземање на обврска за надоместување на ДДВ и други кусоци и неприфатени трошоци за проектот ,,Основен проект за реконструкција на дел од улица во с.Тремник во должина од 1000м,, 
4. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2019 година  
5. Предлог –  Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт, и соработка со здруженија и фондации за 2019 година  
6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година
7. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност за 2019 година   
8. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година 
9. Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Неготино за 2019 година 
10. Предлог- Заклучок за усвојување на Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година( ребаланс) 
11. Предлог- Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Неготино
12. Предлог- Одлука за донесување на општ акт за село Тимјаник општина Неготино
13. Предлог- Решение за разрешување и именување на членови на УО на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино  
14. Предлог- Одлука за доделување на користење на простории во објект на месна заедница во с.Пепелиште, с.Војшанци, с.Тимјаник
15. Предлог – Одлука зa  усвојување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Неготино, Општина Кавадарци, Општина Росоман, Општина Демир Капија   
16. Предлог- Одлука за доделување на користење на објект стара училишна зграда во с.Горни Дисан 
17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
18. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства 

 



 
Обезбедени средства за реновирање на дел од училишната зграда на ООУ„Гоце Делчев“ PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорот на ООУ„Гоце Делчев“ Петар Мантев и Небојша Мојсовски-раководител во УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието го потпишаа договорот со кој обезбедени средства за реновирање на дел од училишната зграда на ова неготинско основно училиште. Имено, по распишаниот конкурс од страна на МЦГО-Македонски центар за граѓанско образование апликација за добивање средства поднесле 190 училишта од цела држава, а ООУ„Гоце Делчев“ е едно од 12-те училишта чија апликација е прифатена и се оебзбедени финансиски средства за реализацијата на проектот. Согласно потпишаниот договор, со проектот ќе се реновира влезот на централната зграда и стаклениот дел од влезот. Тендерот за изведувач на работите го распишува МЦГО, а се очекува градежните работи да стартуваат на 15-ти и да завршат до 20-ти август, пред почетокот на новата учебна година.

Read more...
 
Во подрачното училиште во Д.Дисан се одвиваат повеќе градежни активности PDF Print
There are no translations available.

   Во ова училиште кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“ од нашиот град, деновите од летниот распуст кога не се одвива настава се користат за непречено одвивање на повеќе градежни активности. За прв пат, со донација од амбасадата на Јапонија, во сите простории на училиштето се поставува парно греење, со што пак, од употреба ќе бидат исфрлени помошните грејни тела кои досега се користеа за затоплување на просториите. Паралелно, училишниот двор се поплочува со бекатон коцки, а исто така се поплочуваат и влезните скали на училиштето. Постоечката и дотраена метална ограда се заменува со нова, а се гради и потпорен sид за нивелација на теренот.

Read more...
 
Со бекатон коцки комплетно уредена улица во Војшанци PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со советници од Советот на општината извршија увид на завршените работи на улица во селото Војшанци-активност која се одвиваше со средства од Буџетот на општина Неготино. Станува збор за уредување на улицата кој води до локалното игралиште и локалната црква, а со реализацијата на овој проект со поставување на бекатон коцки се уредија околу 1.200 метри квадратни од оваа улица. Градоначалникот Делков, советниците и месното население изразија задоволство од навременото и квалитетно завршување на работите за поставување на бекатон коцки на улицата во Војшанци.

Read more...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино ги известува граѓаните кои што во нивните дворни површини имааат дрва со крошни, а истите  го попречуваат простирањето на светлината од светилките од уличното осветлување, кои се поставени на столбови во или надвор од нивните дворни површини, да ги скратат гранките кои ги покриваат светлосните полиња на светилките, за да се зголеми ефектот на уличните светилки. Пожелно е светлосното поле да  биде ослободено во радиус од најмалку три метри од светилкката. Со овој чекор ќе се даде придонес кон побезбедно одвивање на сообраќајот и  поголема безбедност на пешаците во ноќните часови. Од заедничкото  одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион со седиште во Неготино се надеваат дека ова барање за вака мала активност на граѓаните ќе биде прифатена и сите ќе дадеме придонес кон погоре споменатите придобивки.
Read more...
 
<< Start < Prev 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Next > End >>

Page 116 of 314