Општина Неготино
Дневен ред на јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни за активностите за изградба на нова градинка и за документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова град PDF Print
There are no translations available.


1.    Презентирање на „Проектот за  подобрување на социјални услуги„
 
2.    Презентација на „Основен проект за изградба на детска градинка„

3.    Презентација на “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”

4.    Прашања и одговори

5.    Разно
 
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува:

                                                                  Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
                                                                                  до
                                                евидентирани невработени лица за вклучување во
                                                      Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Ангажирање на образовни и лични асистенти на деца со попреченост вклучени во редовна настава и асистенти на воспитувачи во групи за предучилишна возраст во рурални средини” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделноза период од 9 (девет)месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Read more...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ PDF Print
There are no translations available.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка    и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во Општина Неготино во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект)
 
Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ПУСУ Проект) кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предучилишна возраст, Општина аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.
Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предушилишна инфраструктура Министерството за труд и социјална политика и Општината Неготино,  организираат  јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx) и на Општина Неготино (http://negotino.gov.mk//).
Јавна расправа организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Неготино ќе одржи  на ден 08.08.2019 година со почеток во 11 часот во просториите на Општина Неготино (Сала на Совет).
Вашите коментари во однос на  реализацијата на проектот и документот може да ги доставите во рок од 14 дена по одржување на јавната расправа до Наташа Тасевска Стојановска  на  следнава меил адреса  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Министерството за труд и социјална политика

 
Општина Неготино објави продажба на градежно земјиште PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино објави објава за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на РС Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Станува збор за продажба на вкупно 9 градежни парцели за различни намени, со различна локација и површина и почетна цена за наддавање по метар квадратен, а сите заинтересирани подетални информации можат да добијат на линкот поставен на крајот од овој текст. Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат преку информацискиот систем поставен на интернет станицата www.gradezno-zemjiste.mk. Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парцели можат да се достават до 02.09.2019 година, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 04.09.2019 година со почеток од 09,00 часот, ќе трае до 13,00 часот и истото ќе се одвива во времетраење од по 15 минути за сите парцели. Целата процедура за продажба на градежното земјиште ќе ја спроведува комисијата за спроведување на постапките за електронско јавно наддавање при општина Неготино, а објавата е објавена  и на веб-страницата на општина Неготино www.negotino.gov.mk.
Read more...
 
Во тек е изградба на тротоар кај СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во нашиот град PDF Print
There are no translations available.

   Започнати се и интензивно течат градежните работи за изградба на тротоар кај Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Станува збор за проект кој е финансиран со средства од Буџетот на општина Неготино и со истиот се предвидува изградба и уредување на тротоарот во должина од 160 метри. Во исто време, во координација со локалното комунално претпријатие и со механизација и работна рака обезбедена од ЈП„Комуналец“ се врши расчистување на сметот на постоечкиот тротоар лоциран во самото средно училиште.

Read more...
 
Во ООУ„Гоце Делчев“ изградени пешачка патека, скали и паркинг-простор PDF Print
There are no translations available.

   Во изминатиот период за времетраењето на летниот распуст во ООУ„Гоце Делчев“ од Неготино беа реализирани повеќе активности и зафати, како на училишната зграда, така и во училишниот двор. Меѓу другото, според зборовите на директорот Петар Мантев, со бекатон коцки на влезот во училиштето изградена е пешачка патека и скали на површина од околу 120 метри квадратни од страна на улицата „ЈНА“ со што се создадени услови за  зголемена безбедноста на учениците при нивното доаѓање на настава. Паралелно, извршена е изградба и на паркинг-простор на предната страна на училиштето на површина од околу 100 метри квадратни со што просторот за паркирање е зголемен за нови 7 возила, со што пак се елиминира можноста за влегување со возила на влезот каде што влегуваат учениците, кои и  во овој случај ќе бидат побезбедни. Мантев информираше  дека финишираат и во секој момент се очекува да завршат градежните работи за уредување на училишниот двор во подрачното училиште во Д.Дисан.
Read more...
 
<< Start < Prev 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Next > End >>

Page 114 of 314