Општина Неготино
Поради дислокација на водоводот, ќе има прекини во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

   Од ЈП Комуналец ги информираат граѓаните на општина Неготино дека поради дефект на потисниот цевковод, а воедно и вршење негова дислокација, во наредниот период, а почнувајќи од 26.08.2019 година ќе има прекини во водоснабдувањето за граѓаните на Неготино, Криволак, Тимјаник и армискиот полигон Криволак. Прекините ќе бидат во зависност и според динамиката на работите кои ќе се изведуваат на Пепелишкиот мост, а од Комуналец апелираат до граѓаните за разбирање за новонастанатата ситуација и на рационално трошење на водата за пиење
 
О Г Л А С За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-413/1 од 20.08.2019 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

                                                   О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди


1.    Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.900 м.кв. за период од 05.09.2019 до 25.09.2019 година.
2.    Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 12.600,оо денари од ден за вкупната површина.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари.
3.    Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 26.08.2019 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4.    На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.


                                Општина Неготино
                            Комисија за јавно наддавање
 
Обезбедивме средства за изградба на нова градинка во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Денеска во својство на градоначалник на општина Неготино во просториите на Министерството за труд и социјална политика го потпишав договорот за грант со кој обезбедивме средства за изградба на нова градинка во нашиот град која ќе има капацитет за сместување на 160 дечиња на возраст од 0 до 6 години. Станува збор за објект кој е повеќе од потребен за жителите на Неготино, бидејќи во моментов над 200 дечиња се на листа на чекање за обезбедување престој во градинка. Со проширувањето на капацитетот на градинката, односно изградбата на нова во нашиот град и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот, создаваме услови за подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Токму затоа, со секоја инвестиција вложуваме во нашите најмили и овозможуваме подобра иднина за нив.
Read more...
 
Street Ball 2019 PDF Print
There are no translations available.

   Од 27 до 29 август на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи 12-тото издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball”. Организатор на турнирот е Општина Неготино, која преку Програмата за спорт ги обезбеди финансиските средства за реализација на овој спортски настан.
Натпреварите од турнирот ќа започнат на 27 август (вторник) во 18 часот, а покрај главниот дел во кој екипите ќе се натпреваруваат во три конкуренции (машка - сениорска конкуренција, машка - јуниорска конкуренција /под 16 години и женска конкуренција), ќе бидат организирани и натпревари во шутирање на тројки и слободни фрлања. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот, а истиот за отворен ќе го прогласи покровителот на овој спортски настан - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Тони Делков. Наградниот фонд изнесува 40.000 денари, од кои покрај наградите за најдобро пласираните три екипи на турнирот, за прв пат ќе биде доделена награда и за надобриот играч на истиот. Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 072/320-842 и 078/484-953, најдоцна до 27 август (вторник) до 16 часот.
 
Read more...
 
Тековни активности PDF Print
There are no translations available.

  Во рамки на потпроектот “Вински, Апи и Еко Туризам во Неготино и околината” кој се спроведува преку LRCP - Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европска Унија и општина Неготино, спроведуваме повеќе активности кои имаат за цел подобрување на туристичката инфраструктура во општина Неготино.
До сега обезбедени се :
30 нови клупи
2 нови манифестацииски тенди
40 нови контејнери
30 нови корпи за отпадоци
Во овој проект предвидени се и други активности кои се очекува да започнат наскоро.
Read more...
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА –РАБОТИ-05-387 PDF Print
There are no translations available.

Ве информираме дека постапката  ТД 5  05-370  - РАБОТИ  за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем  во Неготино за проектот ,,wa-mbrella,, за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма INTERREG IPA Cross Border Cooperation Programme CCI 2014 TC 16 I5CB 009, Е ПОНИШТЕНА , поради административни  причини т.е нови тендерски процедури  , согласно абдејтиран ПРАГ од 15 ЈУЛИ 2019, а по информирање од страна на ЈС( Заедничкиот секретаријат) до сите корисници.Согласно ова сите  корисници имаат обврска да ги користат актуелните процедури , анекси и формулари објавени по 15 Јули , 2019
 
За таа цел  ПОКАНА ЗА ПОНУДА со нов  референтен бр. ТД .6  05-387 од 08.08.2019 е доставена до 6 компании од општина Неготино со комплетната тендерска документација исто така со референтен бр. 05-387 подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2019-Simplified procedure )  и истата треба да се користи при поднесување на понудата.

Општина Неготино тендерскaта документација 05-387 поставена на ЦД , ја доставува  и по пошта до 6те компании.Покрај тоа на сите други  заинтересирани дополнително може да им биде доставено тендерско досие.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 10.09.2019(вторник )  до 09.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.Отварањето на понудите е планирано истиот ден до 10.09.2019(вторник)  во  10.00 часот во просториите на општина Неготино.

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Контакт-општина Неготино
043-361-045

invitation blanko

list of invited TD 05-387

Read more...
 
<< Start < Prev 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Next > End >>

Page 113 of 314