Општина Неготино
Во Неготино ќе се одбележи „Европската недела на мобилност“ PDF Print
There are no translations available.

   Град Неготино и годинава ќе ја одбележи Европската недела на мобилност 2019 и за граѓаните ќе понуди низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење. Европската недела  има за цел да ја поттикне мобилноста на жителите што повеќе да се користи алтернативниот превоз, а во исто време да ја подигнат јавната свест за придобивките од пешачењето и движењето. Централниот настан во Неготино ќе се одржи во четврток на 19-ти овој месец во времето од 11 до 13 часот кога ученици од основните и средното училиште, здруженија на граѓани, јавна администрација и останати заинтересирани граѓани ќе возат велосипеди и други алтернативни средства. Стартот ќе биде на ул„Маршал Тито“ кај Музејот во 11 часот, на семафорите се свртува десно и се вози по ул„Партизанска“, кај спомен-костурницата се врти лево по ул„Баба Ана Ташева“ и по ул„Маршал Тито“ се враќаат назад кон градскиот плоштад каде е предвидено завршување на маршрутата. Ден порано, на 18-ти овој месец, активности ќе се одржат и во ООУ„Гоце Делчев“ преку настанот насловен како „Вело родео“ кој е од отворен карактер и право на учество имаат ученици од 4-то до 9-то одделение кои ќе возат велосипеди и ќе се забавуваат преку учество во едукативни игри и активности. Со настанот е предвидено учество на ликовен и литературен конкурс, вело активности, вело меморија и други активности.
 
Поради дефект на главниот цевковод, на 16.09. од 10 до 14ч. ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

   Од  Јавното претпријатие „Комуналец“ ги информираат потрошувачите на вода од Неготино дека поради дефект на главниот цевковод Ф 315, денеска (понеделник 16.09.2019г.) во периодот од 10,00 до 14,00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на локалното комунално претпријатие се на терен и работата на отстранување на дефектот, по што ќе дојде до стабилизирање на водоснабдувањето.
 
СОУ„Св.Кирил и Методиј“ промовирано во енергетски ефикасно училиште PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката на животна средина“ се одржа вториот информативен настан на кој СОУ„Св. Кирил и Методиј“ беше промоворано во енергетски ефикасно училиште. Во своето обраќање пред професорите, учениците и останатите присутни гости градоначалникот на општина Неготино Тони Делков го сподели задоволството од успешно завршените работи кои во летниот период интензивно се спроведуваа и со чија реализација за прв пат после 25 години од започнувањето со работа на училиштето  се создадоа услови за промоција на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ како енергетски ефикасно училиште. Замената на постоечките прозорци со енергетски ефикасни, поставените панели соларни колектори, инсталацијата на цевки со автоматизација, на пумпи и бојлери, придонесе за значително подобрување на условите за непречено одвивање и следење на воспитно-образовниот процес за сегашните и идните генерации ученици кои овде се школуваат. Со интервенциите во спортската сала, која покрај учениците ја користат и бројни спортски екипи и рекреативци, се подобрени условите за спорт и рекреација во насока на создавање услови со здраво тело и здрав дух. Исто така, градоначалникот Делков јавно апелираше во наредниот период сите заедно да работат на изнаоѓање дополнителни средства за замена и на останатите прозорци и врати во ходниците и во холот на училиштето за целосно зајакнување на енергетската ефикасност. Присутните, но и пошироката јавност, беа информирани дека во рамките на истиот проект Енпол-ЕЕ за партнерот општина Неготино, во моментов се одвиваат интервенции за подобрување на енергетската ефикасност и во просториите на локалната самоуправа во зградата на општина Неготино, како и тоа дека општина Неготино ќе изврши замена на јавните светилки во градот и населените места со нови-лед технологија преку поставување на нови 1.410 штедливи светилки во цела општина. На информативниот ден свои обраќања имаа директорот на училиштето Драган Василев, координаторот на проектот Цветанка Ристова, беа дистрибуирани ЕЕ беџови и се одржа парада на учениците од училиштето до градскиот парк.
Read more...
 
Во петок (13.09) во Неготино ќе се одржи информативен ден во рамки на проектот ENPOL-EE PDF Print
There are no translations available.

   Во петок на 13-ти овој месец општина Неготино и средното општинско училиште ќе бидат домаќини на вториот по ред информативен настан „Промоција на енергетски ефикасно училиште СОУ„Св. Кирил и Методиј“. Станува збор за проект енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката на животна средина, а настанот ќе се одржи во просториите на неготинското средно училиште во времето од 11,30 до 13,30 часот. Според агендата за работа, најнапред поздравно обраќање ќе има директорот на училиштето Драган Василев, за значењето и ефектите од проектот ќе говори градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, како и координаторот на проектот Цветанка Ристова. Во рамките на настанот ќе се дистрибуираат беџови за ЕЕ училиште со помош на 15 волонтери, ќе се изврши обиколка на училиштето со цел разгледување на извршената реконструкција, по што ќе следува парада на учениците на ЕЕ училиште СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од училиштето до зградата на општина Неготино и градскиот парк.

 
Неготинска вечер 2019 PDF Print
There are no translations available.

  По повод  одржувањето на Традиционалниот неготински панаѓур, како најава за истиот и оваа година  на 19 септември (четврток)  ќе биде организирана познатата “Неготинска вечер” со музички настапи на докажани музички имиња од македонската народна и забавна естрада. Настанот ќе се одржи на старата градска чаршија, а ќе започне во 20 часот со настапот на Марјан Коцев придружуван од Галакси бенд, а во блокот со народна музика подоцна свој настап ќе има и извонредниот блех оркестар Агушеви.
Во рамките на забавниот блок, кој се планира да започне околу 22 часот ќе настапат познатите музички имиња Ѓоко Танески и Кристина Арнаудова со своите бендови, а на полноќ планиран е настапот на едно од најпознатите имиња на домашната електронската музичка сцена - ди-џеј Никифор, со чиј настап ќе биде заокружено овогодинешното издание на оваа музичка манифестација.
Водител на Неготинската вечер ќе биде нашиот сограѓанин, познатиот актер Роберт Ристов.
 
Во тек се интервенции за подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда PDF Print
There are no translations available.

  Веќе извесен период во зградата на општина Неготино се изведуваат градежни активности како дел од реализацијата на компонентата „Интервенции за енергетска ефикасност во зградата на општина Неготино“. Се врши замена на постоечките прозорци и врати со енергетски афикасни, постоечкото осветлување се менува со ЛЕД светилки, се поставува внатрешна изолација на фасадните sидови и замена на постоечките радијатори со нови и тоа во 15 простории и ходници на локалната самоуправа. Овие активности се во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката на животна средина“ Енпол-ЕЕ од Програмата за прекугранична соработка со Грција каде општина Неготино е партнер 2 во проектот. Изведувач на работите е градежната компанија „Анол Импекс“ од Скопје и според договорот времетраењето на работите е планирано да трае 3 месеци. Договорната вредност на оваа компонента за подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда е 34.410 евра без ДДВ, додека севкупната вредност на проектот Епол-ЕЕ е 315.979 евра. Овие средства се 85 проценти обезбедени од ЕУ и 15 проценти се национално кофинансирање.

Read more...
 
<< Start < Prev 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Next > End >>

Page 111 of 314