Општина Неготино
Во Неготино се дегустрираше храна готвена на соларна енергија PDF Print
There are no translations available.

   Голем број граѓани кои денеска беа присутни на градскиот плоштад имаа можност да ја посетат локацијата на која се готвеше храна на соларна енергија, а воедно и да пробаат од специјалитетите кои учениците ги подготвуваа. Имено, во организација на Здружението на граѓани Ековита, а во рамките на реализацијата на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на СОУ„Св. Кирил и Методија“ беше организиран еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија, а свопствените кулинарски вештини имаа можност да ги демонстрираат ученици од четири класа од неготинското средно општинско училиште. Тие на овој начин покажаа дека готвењето на храна може да биде и забавно, доколку тоа се прави на отворен простор и со користење на обновливи извори на енергија. Паралелно, со готвењето и дегустрирањето, локални компании кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија, се претставија со свои производи.

Read more...
 
Под мотото „Движи се со нас“ одбележана „Европската недела на мобилност“ PDF Print
There are no translations available.

  Со возење велосипеди и други алтернативни средства, под мотото „Движи се со нас“, Неготино денеска беше еден од 2.500 градови во Европа во кои се одбележа „Европската недела на мобилност“. Овој настан во нашата општина се одржува 5-та година по ред, национален координатор е Министерството за животна средина и просторно планирање, а партнери во активноста се Европската делегација во нашата држава и ЕУ инфоцентарот во Скопје. Во оваа активност учество зедоа носители на јавни функции, ученици од основните и средното училиште, јавната администрација, Советот на млади, Здруженија на граѓани и други заинтересирани лица кои со своето учество дадоа сопствен придонес во успешното спроведување на настанот. Стартот на сите учесници беше на ул„Маршал Тито“ кај Музејот на град Неготино, на семафорите се продолжи по ул„Партизанска“, кај спомен-костурницата се продолжи по ул„Баба Ана Ташева“, враќањето беше по ул„Маршал Тито“, по што сите учесници пристигнаа на градскиот плоштад каде што и заврши маршрутата. Целта на одржувањето на настанот е подигнување на степенот на мобилност и информирање на населението за предностите и придобивките од возењето на велосипеди и користењето на други алтернативни превозни средства.

Read more...
 
Апел до моторизираните граѓани од општина Неготино во пресрет на панаѓурот PDF Print
There are no translations available.

   Во пресрет на одржувањето на тридневната манифестација „Неготински панаѓур-2019г.“ најголема и најпосетена во Република Македонија и со традиција подолга од 6 децении, како и другите настани како „Неготинска вечер“ и „Манастирска вечер“, од локалната самоуправа Неготино се апелира до граѓаните на општината доколку тоа не е неопходно, во деновите од панаѓурот да не излегуваат со своите возила. Ова од причина што годинава панаѓурот се одржува во деновите од викендот и во понеделник, при што се очекува масовна посетеност на граѓани од други општини од нашата држава, па со цел да бидеме добри домаќини на овој настан, потребно е да ослободиме простор за паркирање на возилата на посетителите што ќе доаѓаат од страна. Токму затоа се замолуваат граѓаните во деновите кога се одржува Неготинскиот панаѓур ( 21,22 и 23-сабота, недела и понеделник )да се воздржат од излегување со автомобили. Исто така, се информираат граѓаните, од утревечер (четврток 19.09) па се до завршувањето на панаѓурот во понеделник, да не ги паркираат своите возила долж улиците Јане Сандански, Ацо Аџи Илов и на градскиот пазар, односно во централното градско подрачје. Имајќи предвид дека деновите од панаѓурот се денови за другарување, забава и релаксација, се апелира до граѓаните на Неготино уште еднаш, како и многупати до сега, на дело да ја демонстрираат својата гостопримливост и да дадат сопствен придонес општина Неготино да биде добар домаќин и добар организатор на годинашниот Неготински панаѓур. Од име на локалната самоуправа, на сите граѓани од неготинска и од соседните општини, како и на сите посетители кои ќе присуствуваат во нашиот град, им посакуваме да поминат пријатни моменти за времетраењето на Неготинскиот панаѓур.
 
Во ООУ„Гоце Делчев“ се спроведе проектот „Вело училиште“ PDF Print
There are no translations available.

    По повод одбележувањето на Европската недела на мобилност, а во рамките на спроведувањето на проектот „Вело училиште“, во ООУ„Гоце Делчев“ од Неготино се одржа настанот Вело родео со цел за развивање на вештините и способностите за безбедно возење велосипед. Имено, Вело родео е настан од отворен карактер на кој денеска учество зедоа сите заинтересирани ученици од училиштето „Гоце Делчев“ од 4-то до 9-то одделение кои притоа демонстрираа возење велосипед, а исто така активно и едукативно се забавуваа преку подготвените едукативни игри како Не лути се човече во реална големина, сложувалки, Вело меморија, Еко квиз и голем број на други активности. Како што истакнаа организаторите, настанот Вело родео овозможува учениците преку игра, забава и едукација да ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед како баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање. Учениците од неготинското основно училиште денеска ја искористија можноста на дело да ги покажат своите вештини преку полигонско возење со пречки, возење во круг, како и возење по даски и пречки. Заинтересираните ученици од  1-во до 9-то одделение во рамките на овој проект имаа можност со свои творби и дела да учествуваат на отворениот и јавен литературен и ликовен конкурс кој е во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност.
Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 19.09.2019 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесеттата     редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во Кабинетот на градоначалникот на општина Неготино на ден 19.09.2019 година   (четврток ) во  14,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

                                            Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот  извештај  за работа на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј,, Неготино за учебната 2018-2019 година
2.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на СОУ ,,Св Кирил и Методиј ,, Неготино за учебната  2019-2020 година
3.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООМУ ,,Владимир Арсовски ,, Неготино за учебната 2018-2019 година
4.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООМУ ,,Владимир Арсовски ,, Неготино за учебната 2019-2020 година
5.    Предлог- Решение за разрешување на член на УО на ООМУ ,,Владимир Арсовски,, Неготино   
6.    Предлог-  Решение за разрешување и именување член на УО Здравствен дом ,,Неготино,, Неготино
7.    Предлог- Заклучок за усвојување на кварталниот извештај на буџетот на општина Неготино за периодот 01.04.2019- 30.06.2019
8.    Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Неготино
9.    Предлог- Решение за доделување на финансиски средства
 
Во четврток (19.09) на плоштадот во Неготино ќе се готви храна на соларна енергија PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на спроведувањето на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на СОУ„Св. Кирил и Методиј“, во четврток на градскиот плоштад во Неготино во организација на Здружението на граѓани „Ековита“ ќе биде организиран еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија. Целта на одржувањето на настанот е сите заинтересирани присутни на лице место самите да можат да се уверат дека готвењето на храна може да биде и корисно и забавно доколку се користат обновливи извори на енергија. Како што информираат организаторите, во натпреварот учество ќе земат ученици 4 класа од неготинското средно училиште. Настанот ќе започне во четврток од 11 и ќе трае до 14 часот, а во тој период најнапред во 11 часот ќе биде неговото отворање и претставување на групите, по што во наредните 2 часа ќе се подготвуваат рецепти, а во исто време на плоштадот со свои производи ќе се претстават локални компании кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија. Пред самиот крај на настанот ќе биде доделена пригодна награда за најдобриот рецепт за учениците од СОУ„Св. Кирил и Методиј“

 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 110 of 314