Општина Неготино
Градоначалникот Делков донираше 15 магнетни табли за цртање за дечињата од градинката PDF Print
There are no translations available.

   На покана на директорката на градинката Јана Коцева и вработените, денеска во рамките на одбележувањето на „Детската недела“  градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари работна посета на оваа установа запознавајќи се со тековните активности, како и со активностите кои се спроведуваат и ќе се спроведуваат во рамките на „Детската недела“. На  задоволство на градоначалникот, тој имаше можност да ги посети занималните во кои престојуваат дечињата од различни возрасни групи, а посетата ја искористи од име на општина Неготино за потребите на дечињата од градинката и за дечињата од 3-те групи во други просторни услови да донира 15 магнетни таблички за цртање. За време на посетата градоначалникот Делков беше информиран и за активностите од „Детската недела“ која се одвива под мотото „Децата имаат право на среќно детство“, а имајќи ги предвид позитивните чувства и искуства од ваквите и слични другарувања со нашите најмлади сограѓани, тој истакна дека со нетрпение ја чека следната можност повторно да биде во друштво на најмладите жители на општината.

Read more...
 
Оглас за поднесување кандидатури за награди и признанија по повод 8-ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

  Од денеска 8-ми октомври започна да тече и до 24-ти октомври  оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино 8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Наградата и признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози до архивата на општина Неготино е четврток 24-ти октомври. Пристигнатите предлози најпрво ќе ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот Совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи во петок на 8-ми Ноември - Денот на ослободувањето на нашиот град.
 
Семинар на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во училиштата“ PDF Print
There are no translations available.

   Мултидисциплинарен тим на експерти од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики-Европа за тебе, во соработка и со поддршка на општина Неготино, во нашиот град реализира семинари на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и средните училишта“. Со семинарите кои денеска и утре се одржуваат во ООУ„Гоце Делчев“ опфатени се наставници од одделенска и предметна настава, професори од средните училишта, како и стручните соработници и директорите на основните и средните училишта. Семинарот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој истакна дека воспитно-образовните институции, но и пошироката заедница, се исправени пред  предизвикот да се соочат со барање на соодветни стратегии и начини за намалување и превенирање од насилното однесување меѓу учениците, а токму ваквите семинари се добра можност за размена на исксутва и предлагање на мерки како би се добиле очекуваните резултати. Семинарите ги реализираат реномирани универзитетски професори и тоа Дејан Мицковиќ, Татјана Стојаноска-Иванова, Ана Фрицханд, Елизабета Томевска-Илиевска и Тања Милошевска, а истите се од интерактивен карактер со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија за создавање ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации кои потенцијално би можеле да се јават во училиштата.

Read more...
 
Урнебесната комедија “Од кол на кол” ќе гостува во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во среда, 9 октомври во Центарот за култура Ацо Ѓорчев во Неготино со почеток од 19.30 часот ќе биде одиграна театарската комедија “Од кол на кол”.
Претставата “Од кол на кол“ е работена според текстот "Run for your wife" од Реј Куни, во адаптација и режија на  Диме Коцевски, а во изведба на Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.
Во претставата играат одличните актери од кавадарeчкиот театар - Диме Боцев, Валентина Ѓорѓиева, Ребека Малиминовска, Диме Коцевски, Видан Станоев, Магдалена Атанасова и Саше Орешков. Сценографија е на Трајче Јованов, а сценската подршка на Диме Темков. Музика и светло Марјан Тодоровски.
Претставата е финансиски поддржана од општина Неготино.
 
Се одржа вториот инфо ден за проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино беше домаќин на вториот по ред информативен ден во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ од ИПА програмата за прекугранична соработка-проект кој заеднички се спроведува со водечкиот партнер општина Алмопија-Грција, комуналното претпријатие од Алмопија и ЈП Комуналец-Неготино.Како што истакна претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој го отвори настанот, генерално проектот Wa_mbrella дава одговор на прашањето како можат локалните власти, а посебно органите на локалната самоуправа  со комуналните претпријатија да придонесат за заштита на биолошката разновидност и чуствителните еко-системи,  бидејќи со проектот се предлагаат мерки и активности во севкупниот пристап во управувањето со водите во општините Неготино и Алмопија со очекување заштитата на екосистемите да произлезе од интервенциите во три области и тоа наводнување, канализација и водоснабдување. Предложено е вкупното времетраење на проектот да биде 22 месеци, но веќе е најавена можноста и потребата од негово продолжување со цел планираните активности во целост да бидат реализирани. Пресек на проектните активности на општина Неготино и ЈП Комуналец направи проектниот менаџер на општина Неготино Лолита Ристова, додека проектниот менаџер на општина Алмопија Никос Цимас ги презентираше проектните активности на водечкиот партнер општина Алмопија и тамошното комунално претпријатие. Свои обраќања на информативниот ден имаа Влатко Трпески и Сашко Јорданов од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Љупка Димоска Зајков од секторот води. Активностите продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

Read more...
 
Општина Неготино спроведува акција за заловување на кучиња скитници PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино во соработка со Ветеринарната станица од нашиот град започна и во тек е акција за заловување на кучиња скитници кои потоа се носат во соодветните простории со кои располага Ветеринарната станица со услови за нивно сместување и третирање. Како што информираат службите кои се активни на терен, досега се заловени околу 20 кучиња од кои дел скитници, но има и такви кои имаат сопственици. Притоа, констатирано е дека поголемиот број од заловените кучиња се чипирани и нивните сопственици се познати, па поради нивната негрижа согласно законските прописи ќе бидат соодветно санкционирани. Токму затоа се апелира до сопствениците на кучиња да водат поголема грижа за нивните миленици и нивното движење, со што би се спречило нивно заловување и би се избегнала можноста за санкционирање.

 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 108 of 314