Општина Неготино
ПОКАНА ЗА ПОНУДА-РАБОТИ 05-561 PDF Print
There are no translations available.

ПОКАНА  ЗА  ПОНУДА-РАБОТИ 05-561
Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.7  05-561/2

Проект,,wa-mbrella,,
Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-561/1 од  25.10.2019 општина Неготино спроведе дополнително истражување на пазарот за потреба од  набавка РАБОТИ   за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем  во Неготино за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за за проектот ,,wa-mbrella”,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,.По спроведеното дополнително истражување на пазарот, општина Неготино достави покани до 3 компании.
Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2019-Simplified procedure ) .

Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 28.10.2019 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 27.11.2019(среда )  до 16.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.Отварањето на понудите е планирано за  04.12.2019 (среда)  во  10.00 часот во просториите на општина Неготино.

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Контакт
Општина Неготино
043-361-045

Read more...
 
Во тек е санација на долгогодишен проблем на улица „Киро Крстев“ PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино започна со реализација на активност за санирање на проблем со кој долги години се соочуваат дел од жителите на улицата „Киро Крстев“. Имено, станува збор за санација која вклучува реконструкција на  фекалната и атмосферската канализација и водоводната мрежа.

Read more...
 
Започна реконструкцијата на спортската сала „Младост“ PDF Print
There are no translations available.

    После долги години провлекување на овој проблем, општина Неготино започна со негово решавање. Станува збор за отпочнувањето на работите за реконструкција на спортската сала „Младост“.Во оваа фаза на реконструкција ќе бидат опфатени подната и кровната конструкција во големата и во малата сала.

Read more...
 
Се расчистува дивата депонија кај селото Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино согласно Програмата за заштита на животната средина започна со реализирање на активност за чистење на дивата депонија во близина на селото Криволак, конкретно кај мостот лоциран пред Армискиот полигон Криволак. Изведувач на работите е фирмата Ас машини чии работници предвидено е сметот и шутот од околу 650 метри кубни од дивата депонија да го кренат и да го дислоцираат на градската депонија Бучето во близина на село Дуброво. Средствата за расчистување на дивата депонија се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Од локалната самоуправа апелираат до месното население од Криволак, но и до сите граѓани на општина Неготино, сметот и шутот да го исфрлаат само на градската депонија. Комуналните редари секојдневно се присутни на терен и секој што ќе биде регистриран да фрла смет и шут на несоодветни места за тоа, ќе биде казнет согласно законските прописи.

Read more...
 
Во Неготино се изврши дератизација и дезинфекција на јавни површини PDF Print
There are no translations available.

   Стручни лица од фирмата Зотокс од Скопје со асистенција на вработени во одделението за комунални дејности и сообраќај при локалната самоуправа, а врз основа на издаденото решение од страна на Државниот и здравствен инспекторат, во текот на денешниот ден извршија дератизација и дезинфекција на јавни површини во Неготино. Оваа активност е реализирана согласно Програмата за спроведување превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општината. Дезинфекција се изврши во просториите на општина Неготино и во Желковата куќа на вкупна површина од 600 метри квадратни, а дератизација се изврши на вкупно 900 ревизиони шахти со поставување на 2.700 мамци или по 3 на секоја шахта.

Read more...
 
Поради дефект, денеска (среда 16.10) ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

  Од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги информираат потрошувачите од Неготино дека поради настанат дефект на главниот цевковод Ф 315 кон нашиот град, денеска (среда 16.10) од 10,00 часот па натаму ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на „Комуналец“ се присутни на терен и работат на санирање на дефектот, по што водоснабдувањето ќе се нормализира.

 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 106 of 314