Општина Неготино
Театарската комедија “Скандал” на Роберт Ристов во рамките на празничната програма по повод 8ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на празничната програма која општина Неготино ја организира по повод Денот на градот - 8ми Ноември во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” денес со почеток од 19 часот ќе биде изведена комедијата „Скандал“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на „Театар провокација“. “Скандал” е нова провокативна интерактивна претстава на независниот театар “Провокација” во која публиката има задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер. Осомничени се сите присутни во фризерскиот салон… Се работи за урнебесна крими-комедија од која се очекува да биде успешна исто колку и претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ која трета сезона се игра на сцената на Театар Комедија.
Во улогите ќе настапат  Никола Кузелов, Мирјана Поповска-Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски, Радо Алексовски. Костимограф е Елена Лука, кореограф – Искра Шукарова.
Овaa театарскa претстава својата премиера ја доживеа на 20 октомври во Театар Комедија, па така граѓаните на Општина Неготино ја имаат привилегијата да ја погледнат веднаш по незината премиера во Скопје. Претставата е финансирана од Општина Неготино.

 
Програма по повод 8-ми Ноември - Денот на ослободување на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино оваа година подготви дводневна богата програма по повод прославaта на 8-ми Ноември - Денот на градот и одбележувањето на 75 години од ослободувањето на Неготино. Настаните ќе бидат организирани на 7ми и 8ми ноември (четврток и петок) на повеќе различни локации, а свечената седница на Советот на општината ќе се одржи во петок - 8 Ноември со почеток од 11.30 часот во кино салата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино.

 
Набавена е Info - Touch постојка PDF Print
There are no translations available.

  За потребите на граѓаните, но пред се на туристите во нашиот град, со цел подобрена достапност на локалните институции, винарии, угостителски објекти, сместувачките капацитети, археолошки локалитети и сите други знаменитости и услуги кои ги нуди општина Неготино, обезбедивме така наречена Info - Touch постојка.  Оваа Info - Touch постојка работи врз принцип на специјална андроид апликација изработена исклучуво за општина Неготино. За многу краток временски период во употреба ќе биде пуштена и андроид апликацијата за широка употреба на сите смарт телефони Постојката се наоѓа во дворот на општинската зграда и од денес е достапна за сите граѓани да можат слободно да ја користат.

Read more...
 
Градоначалникот Делков во работна посета на ЈП„Комуналец“ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на редовните работни активности, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претседателот на Советот Диме Витанов и вработени во локалната самоуправа остварија работна посета на ЈП„Комуналец“ и средба со директорката Марина Бојаџиева и дел од вработените. Средбата беше искористена за взаемно информирање за досега реализираните активности на локалното комунално претпријатие и на општина Неготино во делот на работењето на претпријатието, за тековните, но и за активностите кои се дел од програмата за работа и дополнително треба да се спроведат. Констатирано е дека со заедничка координација значително е подобрена состојбата со водоснабдувањето што резултираше во летниот и есенскиот период да нема редукции на водата за пиење, извршена е набавка на геофон и ултразвучен мерач  за навремена детекција на загубите на вода, хигиената во градот и населените места е на задоволително ниво, набавен е нов ровокопач за потребите на Комуналец, а наскоро се очекува и набавка на возило канал џет за отшушување на јами и канализации што е од голема потреба за претпријатието. Градоначалникот Делков беше информиран дека за разлика од порано кога платите на вработените доцнеа по повеќе месеци, сега личниот доход на вработените во Комуналец им се исплаќа навремено и нема заостанати плати, а редовно се плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

Read more...
 
Со средства од 12.000.000 денари се реконструира спортката сала „Младост“ PDF Print
There are no translations available.

    Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каески и претставници од Советот на општина Неготино присуствуваа на воведувањето во работа за реконструкција на спортската сала „Младост“-проект кој градоначалникот им го  вети на граѓаните на општина Неготино во програмата за работа. Според динамиката на работите, ќе се изврши комплетна замена на старата со нова подна и кровна конструкција на салата со средства од Агенцијата за млади и спорт, а општина Неготино ќе обезбеди средства за дооформување на соблекувалните и поставување електрична мрежа, со единствена цел да го вратиме сјајот на овој, некогаш, прекрасен објект. Градоначалникот Делков од негово име и од име на граѓаните на нашата општина му се заблагодари на директорот Каески за одобрениот проект за изградба на детски базен во склоп на СРЦ„Младост“, со што овој простор ќе се заокружи како неодминливо катче за спортување, одмор и релаксација. Директорот Каески истакна дека реконструкцијата на салата, после долги години запуштеност, станува реалност во согласност со политиките на Агенцијата за создавање места кои ќе бидат собиралишта за младите од неготинска општина и каде што тие, но и идните генерации, ќе имаат пристојно место за спортување и водење на здрав живот. Каески информираше дека вредноста на реконструкцијата на салата е 12.000.000 денари со краен рок за завршување на работите до март 2020 години, но со напори реконструкцијата на објектот да заврши и порано од предвиденото.

Read more...
 
Се одржа отворен ден во ООУ„Гоце Делчев“ PDF Print
There are no translations available.

    Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, советник за граѓанско образование при Министерството за образование и наука, претставници на Советот на општината и локалната самоуправа и други гости присуствуваа на отворениот ден што се одржа во ООУ„Гоце Делчев“ во рамките на новиот концепт за граѓанско образование. Отворениот ден беше исполнет со низа манифестации меѓу кои драматизација на тема Биди другар, не насилник, од страна на учениците од 8 и 9 одделение се водеше дебата на тема Женските се поуспешни од машките која беше оценувана од 3 члено жири и тоа Гордана Чолчева претседател на Советот на родители, Диме Витанов претседател на општинскиот Совет и директорот на училиштето Петар Мантев. Настанот се искористи за презентација на новиот училишен бенд, се одржаа и спортски игри и ликовни активности во насока на јакнење на демократијата.
Read more...
 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 104 of 314