Општина Неготино
Во склоп на празнувањето на 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на нашиот град, по втор пат се одржа и настанот насловен под името „Урбано Неготино“ PDF Print
There are no translations available.

  Настанот вклучува исцртување на графити (мурали) на градскиот кеј во Неготино. Поделен е на два дела - професионален и аматерски. За професионалниот дел оваа година се погрижија уметниците од Hybrid Minds Crew од Битола, а за аматерскиот дел учество земаа двете основни училшта од Неготино, основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ од Демир Капија, СОУ „Кирил и Методиј“ од Неготино, а најмалите учесници на овој настан беа дечињата од градинката „Фемо Кулаков“. Целиот настан е организиран од Здружението на граѓани СПО - КУЛ од Неготино.

Read more...
 
Свечено пуштен во употреба реконструираниот објект Спомен костурница во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Марко Колев и голем број гости од градот, земјава и странство денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот објект Спомен костурница. Како што истакна министерот Милевски реализацијата на овој проект е пример како еден градоначалник ги реализира проектите од својата програма и од еден руниран и запуштен простор, се успеа да се изгради пријатно катче за сите граѓани на општина Неготино. Проектот е вреден 7,2 милиони денари со подеднакво учество на општина Неготино и Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој. Градоначалникот Делков истакна дека со проектот се изведени скали, изградена е и ставена во функција фонтана, паркинг-простор, пешачки и трим патеки, летна сцена, поставена е електрика и водовод, а целиот простор е хортикултурно уреден. Воедно, упати јавна покана до граѓаните на општина Неготино да повелат и да го посетат овој простор каде што можат да минуваат дел од своето слободно време, но и апелирапе за внимателно однесување за да не дојде до оштетувања на целиот простор на реконструираната Спомен костурница.  

Read more...
 
Неготино го празнува Денот на ослободувањето 8-ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

   Со прием на гости од земјава и странство и положување на свежо свеќе од страна на повеќе делегации на спомен-бистите на паднатите борци во НОВ започна одбележувањето на Денот на ослободувањето на нашиот град 8-ми Ноември. Празнувањето продолжи со одржувањето на свечената седница на Советот на општината која ја отвори и присутните ги поздрави претседателот Диме Витанов, а пригодно обраќање за значењето на денешниот празник имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. На свечената седница присутните имаа можност да проследат аудио-видео материјал за реализираните проекти и активности на општина Неготино помеѓу двата празника, по што се пристапи кон доделувањето на наградата и признанијата по повод Денот на ослободувањето. Според одлуката на Советот на општина Неготино годинашни добитници на осмоноемвриските признанија се Дионис Пашлаков од општествено-промотивна и туристичка дејност, Страшо Андов од хуманитарната дејност, Роберт Ристов од областа на културата и Марија Јанева од областа на спортот. Највисоката награда 8-ми Ноември постхумно му беше доделена на Лазар Димов од областа на општествено политичката дејност. Свечената седница заврши со мини-концерт на Пламенка Трајковска „Гудачко трио“.

 

Read more...
 
Се оджаа уличните трки низ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Стотина ученици и во 2019-та година зедоа активно учество на традиционалните улични трки во Неготино-настан кој е дел од програма за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Под менторство на своите наставници и професори, ученици од двете основни училишта од градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“, како и ученици од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа во натпреварувањето со цел да остварат што е можно подобар пласман. Присутните на градскиот плоштад, каде што беше и целта, а стартот од кај градскиот Музеј, имаа можност да следат возбудливи и до крај неизвесни трки, во кои победникот се решаваше во последните метри. По завршувањето на трките, следеше чинот на прогласувањето на најуспешните во своите категории, а признанијата и медалите им ги врачи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој на најдобрите им честиташе на постигнатиот успех, а наедно до сите натпреварувачи упати благодарност за учеството на настанот.

Read more...
 
По повод празникот се одржа одбојкарски турнир во женска конкуренција PDF Print
There are no translations available.

   Како дел од богатата програма која што општина Неготино ја организира по повод празнувањето на Денот на ослободувањето на Неготино – 8ми Ноември, во Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ беше организиран одбојкарски турнир (женска конкуренција) помеѓу спортските училишни клубови на средни училишта од Неготино, Кавадарци, Валандово и Прилеп. Полуфиналните и финалниот натпревара беа одиграни денес во спортската сала на  СОУ “Св.Кирил и Методиј”, а благодарниците за учество на екипите им ги додели секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ.
Read more...
 
Во Неготино се одржа традиционалниот турнир во Голбал PDF Print
There are no translations available.

   Како и секоја, така и оваа година, градоначалникот на опшина Неготино Тони Делков и локалната самоуправа во соработка со Здружението на слепи лица од Неготино, а по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на нашиот град 8-ми Ноември, го организираа традиционалниот турнир во игрите на Голбал кој се одржа во спортската сала на СОУ„Св.Кирил и Методиј“. Учество на турнирот зедоа 3 екипи од Здруженијата на слепи лица од Струмица, Кавадарци и Неготино, а на сите учесници организаторот им додели дипломи. Претставник на Здружението на слепи лица од Неготино ја искористи можноста да упати благодарност до градоначалникот на општина Неготино Тони Делков за поддршката при организацијата и одржувањето на турнирот со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина, од причина што покрај натпреварувачкиот карактер, овој турнир е можност за соработка и другарување меѓу членовите на Здруженијата на слепи лица од повеќе градови.
 
Read more...
 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 103 of 314