Општина Неготино
Се одржа третиот координативен состанок помеѓу партнерите од проектот „ЕНПОЛ-ЕЕ“ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на Програмата ИПА Прекугранична соработка ,,Грција-РСМакедонија 2014-2020” и проектот насловен како ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, со Акроним ЕНПОЛ -ЕЕ, од планираните 3 проектни средби од кои првата се одржа во општина Пелла -Грција27/28.12.2018, втората и третата координативна средба се одржаа во  општина Неготино.  Третиот координативен состанок се одржа помеѓу четирите проектни партнери (општина Пелла, општина Неготино, Јавна установа за култура и развој на општина Пелла и Средното општинско училиште,,Св.Кирил и Методиј”) и тоа во деновите среда(13.11.2019) во СОУ Кирил и Методиј и четврток (14.11.2019) во општина Неготино од 11.00 до 15.30 часот. Третата проектна средба опфати:-Официјална средба помеѓу претставниците на проектните партнери и претставници од Заедничкиот Секретарјат, Р.Грција, посета на институциите  кои се предмет на проект активностите-СОУ Кирил и Методиј и општина Неготино, се одржа презентација на проектот од сите четири проектни партнери и постигнувањата на проектот до одржувањето на третата координативна средба, а се дискутираше и за поставените цели и активности  за реализација до завршување на проектот..
 
Read more...
 
Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката за животна средина ENPOL-EE PDF Print
There are no translations available.

Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката за животна средина ENPOL-EE

                              Општина Неготино, 13 ноември -14 ноември  2019
 
Се одржа 23-тата Традиционална ликовна изложба на ликовни уметници од Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Во рамки на празничната програма за одбележување на 75 години од ослободувањето на градот Неготино, се одржа и традиционалната ликовна изложба на ликовни уметници во Изложбениот салон на ОУ Музеј на град Неготино, каде што беа презентирани културните вредности на ликовните уметници од Неготино. Оваа година ликовната изложба беше збогатена со дела од Првата Меѓународна Ликовна колонија - НЕГОТИНО 2019, одржана од 24-29 јуни оваа година во манастирот“Св.Ѓорѓи“ во Неготино. За време на овие пет дена ликовните уметници од Неготино, заедно со ликовните уметници од соседното Кавадарци, Скопје, Куманово и од Република Србија од Белград и Крагуевац, инспирирани од убавините на природната околина на манастирот, твореа ликовни дела кои ексклузивно за прв пат се изложени во изложбениот салон на Музеј на град Неготино
Настанот беше збогатен и со изведбата на македонските песни “Билјана платно белеше“ и “Борјано, Борјанке“ од страна на наградените виолинистки на меѓународниот натпревар во Молдавија Ива Ефтимова и Ана Димова, и прекрасната изведба на пијано на познатата нумера од филмот “Кум“ од страна на Трајче Станков,
и ученици од ООМУ “Владо Арсовски“ од Неготино!

Read more...
 
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРС ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА-ОПШТИНА НЕГОТИНО И ОПШТИНА АЛМОПИА „ПРЕКУГРАНИЧНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Print
There are no translations available.

П О К А Н А

К О Н К У Р С

 
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРС ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА-ОПШТИНА НЕГОТИНО И ОПШТИНА АЛМОПИА „ПРЕКУГРАНИЧНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Print
There are no translations available.

П О К А Н А

К О Н К У Р С

 
Наум Илиевски победник на турнирот во табла “Неготино опен 2019” PDF Print
There are no translations available.

  Заврши 11-тото по ред издание на турнирот во табла Неготино опен 2019, кој беше дел од празничната програма организирана во чест на Денот на градот – 8ми Ноември. Во силна конкуренција, со учество претежно на помладите генерации, на тридневниот турнир беа одиграни интересни партии, а најдобрите учесници по систем на елиминација дојдоа до самата завршницата. Овогодишен победник е Наум Илиевски кој за прв пат дојде до епитетот победник на овој масовен настан. За постигнатиот резултат победникот од Општина Неготино доби диплома и парична награда од 8.000 денари, додека вицешампионот Илија Ѓорѓиев кој беше поразен во исклучително интересното финале, доби диплома и парична награда од 4.000 денари. Трето место му припадна на еден од најмадите учесници на турнирот - Томислав Недев кој забележа победа во малото финале и заработи диплома и парична награда од 2.000 денари.

Read more...
 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 102 of 314