Општина Неготино
Градоначалникот Делков потпиша договор за замена на уличното осветлување со нова ЛЕД штедлива технологија PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска заедно со претставникот на фирмата узведувач Електрика ДООЕЛ-Кочани го потпишаа договорот за набавка и замена на постоечкото улично осветлување со нова ЛЕД штедлива технологија-активност со која ќе бидат опфатени уличните светилки во Неготино и населените места. Од вкупниот број од 2.300 постоечки улични светилки од кои 1.750 во градот и 550 во селата, со проектот ќе бидат заменети 1.410 светилки од кои 836 во Неготино и 574 во населените места. Градоначалникот Делков информираше дека со замената на постојното улично осветлување со нова ЛЕД штедлива технологија и технологија која емитува помали ниво на ЦО2 во животната средина, ќе се постигне 69 процентна енергетска ефикасност и заштеда на средства во општинскиот Буџет кој се издвојуваше за оваа намена, односно за 69 отсто ќе се намали актуелниот трошок за улично осветлување во општина Неготино. Изведувачот на работите со активности на терен ќе започне веќе во текот на утрешниот ден (сабота 18 јануари), а рокот за комплетна реализација на проектот е до крајот на месец март,оваа година. Инаку, активностите се дел од проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина со акроним ЕНПОЛ-ЕЕ помеѓу општина Пела-Република Грција како водечки партнер и општина Неготино како проектен партнер 2 и  Министерството за економија и развој на Грција, како и Управувачкиот орган на ИПА програмата за прекугранична соработка за перидот 2014-2020 година.

Read more...
 
Продолжуваат градежните активности во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов и дел од општинската администрација извршија увид на градежните активности кои се одвиваат на територија на општината. При посетата е констатирано дека покривната конструкција на СРЦ „Младост“ веќе е во напредна фаза од реконструирањето, а исто така може да се заклучи дека градежните активности се одвиваат со однапред утврдената динамика. Исто така беше посетено и селото Тремник каде се започна со реконструкција на дел од улица во ова населено место.
Со
тековната реконструкција се предвидува проширување на улицата на овој потег со ширина од 4 метри на 5,5 метри по целата траса и асфалтирање на целиот потег во должина од 1000 метри.

 

Read more...
 
Поради дефект денеска (вторник) ќе има прекини во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

  Од ЈП Комуналец ги известуваат потрошувачите од Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека поради дефект на транзитен цевковод Ф 200 водоснабдувањето ќе биде во прекин на 14.01.2020 г. (вторник) се до санирање на дефектот.

 

 
Празнични активности во ООУ„Гоце Делчев“ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   По повод Новата година и Божиќните празници во ООУ„Гоце Делчев“ беа организирани низа активности. На најмалите ученици од 1 до 5 одделение директорот на училиштето, Петар Мантев им додели новогодишни пакетчиња посакувајќи им најубави желби во Новата година. Дел од средствата за новогодишните пакетчиња беа собрани преку хуманитарна акција на ученичката заедница на Црвен крст, организацијата “Ротаракт“ - Неготино и други. Учениците од одделенска настава заедно со своите наставници го организираа традиционалниот Новогодишен базар во централното и подрачните училишта, преку кој покажувајќи ја својата креативност, ја збогатија празничната атмосфера.Во подрачните училишта во с. Тремник и с. Долни Дисан, исто така, се одржаа и Новогодишни претстави во кои заеднички уживаа и учениците и родителите, а пак нашите музички таленти им ги разубавија празниците на корисниците од Дом за стари лица. За учениците од 6 - 9 одделение беше организирана најубавата предновогодишна забава до сега со огномет и добра музика, а со своја изведба не почести и училишниот бенд. Од училиштето им се заблагодаруваат на сите кои се вклучија во реализацијата на активностите, но и на сите кои со своето присуство придонесоа кон збогатување на доживувањата.
Read more...
 
Среќна Нова 2020-та година PDF Print
There are no translations available.

Почитувани граѓани на општина Неготино!

Ако здравјето е најважно, среќата најпотребна, а љубовта и хармонијата неопходни, искрено посакувам сето тоа да биде дел од Вашиот живот во Новата 2020-та година. Исто така, во Новата година Ви посакувам многу незаборавни моменти на среќа, радост, успех и благосостојба заедно со Вашите најблиски. Празниците се денови за опуштање и релаксирање, па токму затоа сите заедно со нашите најблиски да ги поминеме во ведра и пријатна атмосфера и во весело расположение.

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА !

 
Градоначалникот Делков во посета на службите кои дежураа за Новата година PDF Print
There are no translations available.

   На неколку часови пред поклопувањето на стрелките на часовникот и преминот од 2019 во 2020 година, градоначалникот на општина Неготино оствари работна посета на службите кои за време на „најлудата ноќ во годината“ се грижеа за здравјето и безбедноста на граѓаните на општината. Градоначалникот ја посети Полициската станица Неготино, зградата на локалната самоуправа и Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Неготино, оствари средби со лицата кои се наоѓаа на своите работни места додека останатите граѓани прославуваа, им ги честиташе претстојните Новогодишни и Божиќни празници и во знак на внимание на 19 вработени кои дежураа им додели пригодни подароци.

Read more...
 
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>

Page 97 of 314