Општина Неготино
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2020 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино

1.  На повикот можат да се пријават:
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат:
    -   комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот;
    -   годишна програма за работа на кубот/сојузот;
    - апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино;
   - доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција.

Апликациите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино и во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината.

Образецот (апликација) можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.

За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите - потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.

Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.

Субјектите – потенцијални корисници потребната документација треба да ја достават до:
Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино
Одделение за јавни дејности
Со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино.

Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат кај одговорното лице за спорт директно во општината (соба број 39, IV кат) или на mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот

Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.

О Б Р А З Е Ц

 

 
Градоначалникот Делков потпиша договор за изведба на колектор за отпадни води PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претставникот на фримата изведувач на работите „Асфалт“ ДООЕЛ од Скопје го потпишаа договорот за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино. Како што информираше градоначалникот Делков вредноста на договорот изнесува 207.967 евра, а надзор на градежните работи ќе врши фирмата „ Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и други “ ДОО Скопје. Изградбата на овој колектор е во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ кој е склучен помеѓу општина Алмопиа- Република Грција како водечки партнер во проектот и општина Неготино како проектен партнер 2.  Работите на терен се очекува да започнат наскоро, а рокот за изведба е 6 месеци односно до  јули 2020 година.

Read more...
 
Бесплатен превоз за жителите од населените места од општина Неготино за празникот „ Свети Трифун “ PDF Print
There are no translations available.

   По повод прославувањето на празникот на лозарите и винарите, односно за време на одржувањето на централната манифестација која ќе се случува на 14 февруари ( петок ), заедно со превозниците од општина Неготино Дајо Турс, Болеро, Бо-Трај и Си - мар обезбедивме бесплатен превоз за сите заинтересирани граѓани кои ќе сакаат да бидат дел од прославата. Ова го организираме со цел да им излеземе во пресрет на сите жители од населените места во општина Неготино, но и цел со која ќе обезбедиме побезбеден сообраќај во централното градско поддрачје. Сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на централната манифестација и да уживаат со добро вино, храна и музика испеана од македонските естрадни уметници се добредојдени, а тргнувањето ќе биде во 10:30 и 11:00 часот од автобуските постојки во

Пепелиште
Криволак
Тимјаник
Долни Дисан
Војшанци
Тремник.
 
Активности по повод Неделата на виното - Св.Трифун 12-14.02.2020г. PDF Print
There are no translations available.


View on YouTube
 
Недела на виното - Св. Трифун 2020 PDF Print
There are no translations available.

 
Хортикултурно се уредуваат жардинериите на булеварот „Маршал Тито“ PDF Print
There are no translations available.

   По уредувањето на жардиниерите на булеварот Маршал Тито во близина на СРЦ „Младост“, општина Неготино продолжи со хортикултурно уредување на истите. Имено, засадени се садници кои ќе го разубавуваат овој дел од градот.  Активностите кои се реализираат се во рамки на потпроектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.

Read more...
 
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>

Page 94 of 314