Општина Неготино
Се одржа настанот,, Вранецот" со нашето традиционално PDF Print
There are no translations available.

    Неверојатно голем интерес и масовно присуство на заинтересирани граѓани од повеќе генерации, како и гости од земјава и странство, предизвика настанот,, Вранецот" со нашето традиционално кој се одржа во Музејот на град Неготино. Истиот за отворен го прогласија градоначалникот Тони Делков и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски кои на присутните им го честитаа празникот Св. Трифун посакувајќи зачувување на традицијата и збогатување на манифестацијата со нови содржини. Делков и Павлевски доделија благодарници на производителите на вина кои се претставија на штандовите, на локалните уметници кои твореа на тема Св. Трифун, на членовите на Здружението на пензионери хуманист ,, Анри Динан" и на пензионерите од Здружението,, Неготинијана", како и на други учесници кои дадоа придонес во организацијата на настанот. Присутните имаа можност да дегустираат црвени вина, зелник на баба, раванија, сето пропратено со убава македонска народна песна. Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов за отворена ја прогласи 16-тата традиционална изложба на резба на членовите на Здружението,, Стари занаети" со учество на 11 копаничари кои се претпоставија со над 30 дела
Read more...
 
Мастер клас за вино „ Вранец “ ( барикиран и обичен ) PDF Print
There are no translations available.

 Во манастирот „ Свети Ѓорѓи “ во Неготино денес во рамки на манифестацијата „ Недела на виното 2020 “ се одржа Мастер клас за виното „ Вранец “ ( барикиран и обичен ) на кој присутните имаа можност да го дегустираат едно од најквалитетните вина во општина Неготино.
На почетокот пред присутните гости се обрати градоначалникот Тони Делков кој воедно ги поздрави, а свое стручно излагање за виното „ Вранец “ имаше претставник од Здружението на винари на Република Северна Македонија м-р Игне Тасев.
Присутните гости од Франција, Владичин Хан Србија, претставници од Амбасадата на Бугарија, ВПР, градоначалници, претставници од ПЕ на АПРЗ Неготино и други гости имаа можност да го дегустираат виното „ Вранец “ произведено во винариите Пивка и Венец Долни Дисан.

Read more...
 
Информативен настан за користење средства од ИПАРД 2 и изложба на стручна литература PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на програмата за одбележување на „Св.Трифун“ во преполната сала на општина Неготино се одржа информативен настан за аплицирање за користење на средства од ИПАРД 2 во организација на општина Неготино и Подрачната единица на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието од Неготино. Пред заинтересираните земјоделци беа презентирани содржини на 2 теми-поддршка на млади земјоделци мерка 113  преку Програмата за рурален развој  и ИПАРД 2 мерка инвестиции во основни средства за земјоделско стопанство. Предавачи беа Ѓоко Данаилов и Александар Стојанов од подрачната единица на АПРЗ-Неготино, а паралелно беше поставена и изложба на стручна литература од земјоделскиот сектор во организација на градската библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино.

Read more...
 
Познати најдобрите производители на вина и ракии за 2020-та година PDF Print
There are no translations available.

   8-члената комисија составена од стручни лица-енолози по извршената дегустација на 8о-те мостри на вина и ракии произведени од индивидуални производители ги прогласи најдобрите во трите категории-бели вина, црвени вина и ракии. Наградите на најуспешните градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги врачи на централната свеченост која ќе се одржи на градскиот плоштад на 14.02. петок со почеток од 12,00 часот.

 Недела на вино 2020 БЕЛИ  вина

 Недела на вино 2020 ЦРНИ  вина

 Недела на вино 2020 РАКИИ

 

 
Рекордни 80 мостри за избор на најдобри вина и ракии од индивудуални производители PDF Print
There are no translations available.

   Одбележувањето на „Неделата на виното-Св.Трифун 2020г.“ традиционално како и секоја, така и оваа година, започна со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и секретарот Ивица Златковиќ не го криеја задоволство од рекордните, во последните 15 години, 80 пристигнати мостри од вина и ракии произведени во домашни услови, од кои 15 мостри во категоријата бели вина, 34 црвени вина и 31 мостри ракија. Поради големиот број на пристигнати мостри оценувањето на истите го вршат 2 формирани комисии, една за вина и една за ракии, составени од 8 енолози чиј претседател е Игне Тасев. Стручните лица-енолози се едногласни дека од година во година значително се подбрува квалитетот на пристигнатите мостри вина и ракии, што пак значи дека е подобрен и начинот на производство на истите. Придонес имаат и самите енолози кои по завршувањето на дегустацијата секоја година одржуваат советодавен настан со производителите и им ги пренесуваат забелешките и сугестиите, кои потоа тие ги применуваат при производството на истите. Таков настан ќе се одржи и утре ( четврток 13.02 ) со почеток од 15,30 часот во салата на општина Неготино на кој можат да присуствуваат сите заинтересирани производители

Read more...
 
Од среда 12.02 започнуваат и до петок 14.02. ќе траат активностите по повод „Св.Трифун“ PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино и оваа година по повод одбележувањето на празникот „Св.Трифун“ подготви богата програма со активности кои ќе му дадат белег на празникот на винарите и лозарите. Активностите започнуваат утре (среда 12.02.) со натпревар во дегустација на вина и ракии од индивидулни производители и информативен настан за аплицирање за користење на средствата од ИПАРД 2 со изложба на стручна литература од локалната библиотека. Во четврток е настанот Мастер клас за вино „вранец“ (барикиран и обичен) со учество на винарии од регионот, следува советодавен настан со производителите на вина и ракии,а во попладневните часови во Музејот ќе се одржи изложбено-дегустациониот настан „Вранецот“ со нашето традиционално... со дегустација на вина, раванијада и зелникот на баба, изложба на експонати на локални уметници, копаничарска изложба и друго. Централниот настан е во петок на 14.02. и истиот ќе се одвива на градскиот плоштад каде ќе бидат отворени штандови на винариите, на производители и дистрибутери на храна, здруженија, изложувачи на земјоделски производи и механизација, сето пропратено со настап на локални естрадни уметници и бендови. Отворањето на централниот настан преку закројување на виновата лоза, обраќање на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и евентуално други гости, доделување на наградите и признанијата и музичкиот колаж на естрадни уметници и фолклорни друштва започнуваат од 12,00 и ќе траат до 15,30 часот. Општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани да бидат дел и да присуствуваат на настаните организирани по повод празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“.

 
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>

Page 93 of 314