Општина Неготино
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Поради интензивни врнежи и нагло топење на снегот во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар“ се јавува заматување и зголемена потрошувачка на хлор во водата за пиење. поради тоа се препорачува превривање на водата пред употреба се до стабилизирање на состојбата.

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
06.03.2020г.

 
Потпишан договор за изградба на улици и патишта во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари работна посета во Владата на Република Северна Македонија каде што заедно со сите градоначаници од 80 општини во државата со Министерството за транспорт и врски го потпишаа Меморандумот за разбирање во процесот на имплементација на „ Проектот за поврзување на локални патишта ". Проектот се финансира со средства од Меѓународната Банка за обнова и развој во висина од 70 милиони евра, со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 км во сите 80 општини. Со проектот, во наредниот период во општина Неготино ќе бидат изградени и санирани нови локални патишта и улици.

 
Се гради нова детска градинка во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со претставници на фирмата изведувач, претставници на инвеститорот на проектот од Министерството за труд и социјална политика, надзорот и директорката на детската градинка „ Фемо Кулаков “ извршија вовед во работа за изградба на нова детска градинка во општина Неготино. Овој објект ќе функционира како дел од постоечката детска градинка „ Фемо Кулаков “ во Неготино, а се очекува истиот да биде изграден во рок најмногу за 16 месеци.  Во оваа детска градинка ќе може да се згрижат и воспитуваат 161 дете од предучилишна возраст, а со досегашните преземени активности од страна на општината преку адаптација на простори во селата за детски градинки, ќе се надмине проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на дечињата од предучилишна возраст.

Read more...
 
Честит празник Прочка PDF Print
There are no translations available.

Од мое лично име и од името на општина Неготино ви го честитам денешниот празник со желби за многу здравје, среќа и духовно обединување како и меѓусебно почитување.

Денешниот ден Прочка е ден кога треба да си подадеме рака, да побараме прошка но и да простиме. Денеска и небото и простува на земјата, а човек му простува на човекот.

Затоа почитувајте за да бидете почитувани, простете и да ни биде простено.

Имајте убав празничен ден.

 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат потрошувачите од улиците:„ЈНА“, „Марксова„ „25 Мај“, „Кирил и Методиј“,„Борис Кидриќ“, Пиринска“, Вардарска“„Ѓоко Мишев“ „Вано Ташев“„Вељко Влаховиќ“, „Едвард Кардељ“ „Илинденска“дел од „Ќиро Крстев“ дека поради дефект на улична водоводна линија на ул.„Вељко Влахопвиќ“ денес 17.02.2020 (понеделник) , ќе имаат прекин во водоснабдувањето до санирање на дефектот
Молиме за разбирање
датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
17.02.2020г.

 
Се одржа централната манифестација по повод празникот „Св.Трифун“ PDF Print
There are no translations available.

   Со прием на делегации од земјава и странство во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков започнаа денешните активности по повод одбележувањето на „Св.Трифун“-заштитникот на лозарите и винарите. Централниот настан во присуство на голем број посетители меѓу кои и претседателот на СДСМ Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и други гости се одржа на градскиот плоштад и започна со пригодно обраќање на градоначалникот Делков кој на сите граѓани им го честиташе денешниот празник со желби за добро здравје и среќа, на лозарите им посака да имаат богат и квалитетен род, а на винариите производство на квалитетни вина и ракии кои ќе најдат соодветно место на пазарите во земјава и надвор од неа. Со ваквите активности, потенцираше градоначалникот Делков, општина Неготино прави напори за зачувување на традицијата и врши промоција која е важен сегмент за развој на туризмот како една од стратешките цели на локалната самоуправа. На централниот настан беа врачени  наградите и признанијата за најдобрите индивидуални производители на бели и црвени вина и ракии кои учествуваа на натпреварот, а програмата продолжи со забавно-музичка програма и настап на естрадните уметници Елена Велевска и Миле Кузмановски и културно-уметнички друштва и ансамбли од градот и земјава.

Read more...
 
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>

Page 92 of 314