Општина Неготино
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат потрошувачите од Неготино дека поради санирање на дефект на главен цевковод   Ф 315 кон Неготино можно е да се јават прекини во водоснабдувањето во периодот од 10 до 15 часот на 18.03.2020 г. (среда).
Молиме за разбирање.

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
18.03.2020 г.

 
Помош на мобилните тимови на Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Помошта на мобилните тимови на Општина Неготино ќе се состои од:

Помош за набавка на намирници
Подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето
Плаќање на сметки

Активноста започнува од утре 17.03.2020 (Вторник)

Сите граѓани кои имаат потреба од ваквите услуги да се обратат на телефонските броеви

070/ 407-827
043/ 361-045

 

 

 
Координативен состанок во општина Неготино за доследно почитување и примена на мерките на Владата за спречување на Корона Вирус во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градончалникот и дел од службите во општина Неготино , претставници од општинските воспитно-образовни установи, ЈЗУ „ Здравствен Дом “ Неготино, Полициската Станица, ОО на Црениот Крст  Неготино, ЦУК ,ТППЕ , ЈП „ Комуналец “ и претставници од Советот на општина Неготино синоќа со почеток во 19.00 часот оддржаа координативен состанок во просториите на општина Неготино .
Согласно добиените информации од одговорните од секоја од установите ,  а следејќи ги  мерките на Владата на Република Северна Македонија се донесоа дополнителни препораки,заклучоци и апел кон локалното население за целосно и доследно почитување на мерките и тоа:
•    Да не се шири паника и страв меѓу локалното население, бидејќи во општина Неготино во моментов нема заразен од корона вирусот и да се придржуваме кон мерките и правилно да ги применуваме
•    Сите институции и приватни фирми од општина Неготино  да користат средства за редовна дезинфекција и хигиена за вработените , за  странките кои доаѓаат од надвор и да одржуваат редовна хигиена и дезинфекција на просториите
•    Со цел за поголема превенција на повозрасните граѓани кои спаѓаат во ризичната група на овој вирус, општина Неготино формира мобилен тим за помош кој ќе пазари наместо постарите и изнемоштени лица. Секој граѓанин од наведените категории кој ќе има потреба од набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена ќе може да се јави на тел број: 043/ 361 045.
•    Одговорните во воспитно-образовните установи и училиштата да воспостават посилна  координација со родителите на децата и учениците и да апелираат  на изолација во домашни услови
•    Локалното население да се едуцира за правилно користење на маски, ракавици и други заштитни средства преку делење на едукативни флаери и преку социјалните мрежи
•    За пријавување на лица кои доаѓаат од критични подрачја а не се самоизолирале, граѓаните може да ги пријават на телефоните на МВР: 192 или телефоните во ПС ОН Неготино 361 – 003, 361-014 и 361 – 383.
•    ПЕ на Министерството за економија да преземе засилена инспекциска контрола
•    ОО на Црвениот Крст Неготино да изврши координација со Црвениот Крст на Република Северна Македонија и да ги разгледа можностите за  преземање на поинтензивни активности во правец на поголемо информирање и  поголема  превентивна заштита на локалното население
•    Трговците и другите продавачи за време на пазарните денови  задолжително да користат заштитни дезинфекциони средства
•    Такси превозниците и другиот локален превоз на патници да ги редуцира линиите и истовремено да врши редовна дезинфекција во превозните средства
•    Посебно се потенцира за засилена и  редовна дезинфекција и заштита на работниците кои се превезуваат со автобусите на работа во Дрекслмајер Кавадарци, како би се намалил ризикот и можноста за евентуална зараза
•    Секоја институција да направи тампон зона за прием на странки и документи
•    ПС ОН Неготино  да има засилена контрола на влезовите и излезите од градот
•    ПС ОН Неготино  да спречува собирање на големи групи на млади на јавни места, паркови, бензински пумпи и  слично
•    ЈП „ Комуналец “ Неготино  и ТППЕ од Неготино да вршат редовно миење и дезинфекција на фрекфентните улици во општината
•    Локалното население да ја подигне јавната чистота преку сопствено делување и грижа за животната средина
•    Редовно проветрување, чистење и хигиена во просторот во кој се престојаува или работи подолго време
•    НАСЕЛЕНИЕТО ДОСЛЕДНО ДА ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ  НА ВЛАДАТА, А ПОСЕБНО МЕРКАТА ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА !!!
•    Согласно мерките на Владата, физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик
            ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !
Read more...
 
Препораки од општина Неготино до населението во интерес на јавното здравје PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино ги известува граѓаните од нашата општина дека во врска со препораките од Владата, во интерес на јавното здравје и преземање мерки и активности за превенција и заштита од ширење на корона вирусот, се советува да се редуцираат посетите во просториите на локалната самоуправа. При евентуална посета на општината, се препорачува да се избегнуваат директни контакти при поздравување со вработените и да се избегнува долго задржување во просториите, како и да се одржува пристојно растојание од најмалку 1 метар при средба/разговор со вработените или останатите присутни. Исто така се препорачува, доколку тоа е можно, граѓаните своите потреби од услуги од општината да ги остварат најпрво преку телефонски контакт на бројот 043-361-045 или по електронски пат, а доколку доаѓањето во зградата на општината е неопходно, документацијата, барањата и слично да се доставуваат во просторијата на Граѓанско информативниот центар лоциран во приземјето на зградата на локалната самоуправа. Општина Неготино Ви благодари за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие упатства.


 
ПРЕКИН НА ВОСПИТНО - ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО ГРАДИНКИ, ОСНОВНО, СРЕДНО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ PDF Print
There are no translations available.

    Се известуваат граѓаните на општина Неготино дека од 11.03.2020 година (среда) сите основни училишта и предучилушни установи (детски градинки) и СОУ “Кирил и Методиј” на територијата на Општина Неготино, времено ќе запрат со воспитно - образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19 - коронавирусот. Инаку, согласно владината одлука, за еден родител со дете до 10 годишна возраст, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции, во споменатиот рок од 14 дена. Оваа мерка ќе биде во траење од 14 дена, согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести. Инаку, времениот прекин на наставата ќе се почитува и во сите образовни институции во Општина Неготино.

 

 
До 31-ви март на АП Криволак ќе се изведуваат вежбовни боеви активности PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 31-ви овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Стрелиштето на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе биде видно одбележано согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>

Page 91 of 314