Општина Неготино
Континуирано растен бројот на поединци и фирми донатори од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Во континуитет расте бројот на поединци и фирми донатори од нашата општина кои донираат финансиски средства, прехранбени продукти и заштитна опрема за полесно справување со корона вирусот. Општина Неготино упатува јавна благодарност до фирмата „Полет шпед“ од Тремник и Горан молер Јованов кои донираа заштитни маски кои ќе бидат распределени онаму каде што истите се најпотребни.

 
За справување со корона вирусот „Риле декор“ од Пепелиште донираше 15.000 денари PDF Print
There are no translations available.

   Секојдневно расте бројката на правни и физички лица од општина Неготино кои се одзваа на апелот на локалната самоуправа и преку донација на финансиски средства, заштитна опрема и прехранбени продукти даваат сопствен придонес во битката за справување со корона вирусот. Така, фирмата „Риле декор“ од Пепелиште донираше финансиски средства во висина од 15.000 денари кои општина Неготино ќе ги намени за набавка на хигиенски средства кои ќе им бидат поделени на ранливите групи граѓани.

 
Општина Неготино обезбеди и подели заштитни маски за повеќекратна употреба PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за поефикасно справување со пандемијата од Ковид 19 и превентивна заштита на здравјето на граѓаните, општина Неготино обезбеди и подели заштитни маски за повеќекратна употреба. Така, заштитни маски им беа доделени на вработените во ОВР Неготино, во Матичната служба, за потребите на припадниците на Противпожарната единица од нашиот град и вработените во Шумската полиција. Со цел за заштита на здравјето на населението, заштитни маски се делеа на граѓани на градскиот плоштад во Неготино, на возачите на авто-такси возила и на граѓаните кои пазаруваа од Кам маркетот.

Read more...
 
Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Венец АД “ Долни Дисан за донацијата PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Венец АД “ Долни Дисан за донацијата на заштитна опрема односно заштитни маски кои во овој момент се најпотребни за заштита од корона вирусот.

#ОстаниДома

Read more...
 
Волонтерите од општина Неготино и денес се на терен. PDF Print
There are no translations available.

    По доставените пакети со средства за лична хигиена во Војшанци и Пепелиште денес донирани се пакети за социјално загрозените семејства од населеното место Криволак. Тимовите и во следниот период ќе бидат на терен и ќе помагаат онаму каде што е најпотребно.

Read more...
 
Благодарност упатуваме и до фирмите „ Си Мар “ Војшанци и Автошколата „ 15 Јануари “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Благодарност упатуваме и до фирмите „ Си Мар “ Војшанци за донацијата на пакети со хигиенски производи кои ќе бидат донирани на оние на кој му е најпотребно.

Благодарност и до Автошколата „ 15 Јануари “ Неготино за донацијата на пакетчиња со средства за лична хигиена како и топли напитоци ( чај ) и мултивитамини.

Општина Неготино покажува дека има општествено одговорни компании кои помагаат во овие моменти.

Read more...
 
<< Start < Prev 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Next > End >>

Page 87 of 314