Општина Неготино
Увид во работа на терен PDF Print
There are no translations available.

   На првата делница од обиколниот пат од патниот правец Криволак - Пепелиште извршено е тампонирање и е подготвен за асфалтирање во наредните денови
Во населено место Пепелиште при крај е и улицата во должина од 450 метри. На истата при крај е тампонирањето, наместени се рабници долж целата улица.
Следи асфалтирање.
Општина Неготино функционира и е на терен, а вие седите дома и чувајте се!

#ОстаниДома

Read more...
 
ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,WA-MBRELLA,, PDF Print
There are no translations available.

   Се продолжува со  градежните активности за  изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино во должина од околу 2000м.Вредноста на договорот изнесува 207.967евра.Согласно договорот работите би требало да завршат до крајот на месец Јули годинава, но поради новонастанатата ситуација со COVID 19 и ограничениот режим на работа и движење можни се евентуални потреби за продолжување на роковите утврдени со договорт. Изградбата на овој колектор е во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ и истиот е финансиран со средства обезбедени од  првиот повик од INTERREG програмата за прекугранична соработка Грција-Република Северна Македонија 2014-2020.Општина Неготино е проектен корисник 2,додека ЈП,,Комуналец,,Неготино е проектен корисник 4 во истиот проект.
Read more...
 
Честит 8 Април – Меѓународен ден на Ромите PDF Print
There are no translations available.

Почитувани граѓани,
8 Април е денот кој е посветен на историјата и културата на Вас Ромите. Меѓународен ден кој се одбележува низ целиот свет афирмирајќи ја потребата за поголема поддршка на Ромите, како интегрален и рамноправен дел од македонското општество, негувајќи ги својот јазик, култура и традиции.
Од мое лично име како градоначалник но и од име на локалната самоуправа Ви го честитам денешниот празник, а воедно ја користам приликата да истакнам дека како градоначалник но и општина ќе продолжиме да ги негуваме односите со сите припадници од ромската заедница, секогаш ќе бидеме достапни да ги слушнеме вашите проблеми но и да најдеме заеднички решенија за нивно решавање со цел за подобрување на вашиот статус како граѓани на општина Неготино но и созадавање на подобри услови во секојдневното живеење.
Нека Ви е честит празникот !
 
 
„Sвезда-комерц“ со донација се вклучи во справувањето со состојбата со корона вирусот PDF Print
There are no translations available.

   Покрај многуте правни и физички лица кои се одзваа на апелот на општина Неготино да донираат за полесно справување со корона вирусот, а донациите беа распределени таму каде што се најпотребни, и фирмата „Sвезда-комерц“ од нашиот град со донација покажа општетствена одговорност. Имено, оваа неготинска фирма донираше медицински ракавици, заштитни наочари, работнички ракавици и заштитни маски, за што општина Неготино упатува јавна благодарност и ги поттикнува и останатите фирми кои досега не го сториле тоа да донираат. И оваа, како и предходните донации, ќе биде распределена онаму каде што ќе се оцени дека е најпотребна.

Read more...
 
Општинската администрација повторно во пресрет на граѓаните на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Донациите кои општествено-одговорните претпријатија, како и поединци од приватниот сектор ги доставија до општина Неготино ( заштитни маски, ракавици ), денес ги поделивме на градскиот плоштад.

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе

 

Read more...
 
Дезинфекција на објекти PDF Print
There are no translations available.

   И денес продолжуваме со дезинфекција на објекти. Дезинфицирани се повеќе јавни објекти и приватни претпријатија
 Исто така, упатуваме апел до сите фирми, маркети , станбени згради кои сакаат да им биде извршена дезинфекција, општина Неготино им стои на располагање со што тимовите кои се секојдневно на терен ќе може да им извршат дезинфекција.

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе
 
<< Start < Prev 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Next > End >>

Page 83 of 314