Општина Неготино
Информација за најновите препораки од страна на Министерството за здравство PDF Print
There are no translations available.

  Од денес е задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.

Носењето е задолжително во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носење заштитна опрема на отворено е задолжително на отворени пазари и секогаш кога не можете да одржувате минимална дистанца од 2 метри од најблиското лице до вас.

Што значи практично ова?
Доколку се движите низ гужва на улица, чекате јавен превоз со голем број патници на станицата или сте во слична ситуација да морате да бидете во непосредна близина на други лица и не можете да се одалечите на 2 препорачаната дистанца од 2 метри, задолжително носете заштитна опрема.

Заштитна опрема надвор не е задолжително ако:
– престојувате во двор на станбена семејна куќа,
– возите велосипед или спортувате на отворено, но ја одржувате дистанцата од минимум 2 метри,
– патувате во патничко моторно возило со лица со кои заедно живеете
– се движите на јавни места и површини од отворен тип каде не слободно може да одржувате дистанца од 2 метри.

Заштитната опрема е значајна да го спречиме ширењето на вирусот, со неа се штитите себеси и сите околу вас. Да бидеме одговорни и заедно да го спречиме ширењето, од сите нас зависи!

 
Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето PDF Print
There are no translations available.

 Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.

Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.
 
Одржан редовен координативен состанок на Кризниот штаб на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Кризниот штаб на општина Неготино денеска одржа редовен состанок на кој беа дискутирани но и донесени заклучоци, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино.
Имено, според информациите добиени од страна на ОВР Неготино за време на забраната за движење односно полицискиот час , утврдени се прекршувања односно дозволите за движење за време на полицискиот час кои одредени правни и физички лица ги имаа извадено биле злоупотребувани.
Согласно овие информации се донесе заклучок според кој ОВР Неготино ќе ги зголеми своите контроли и воедно ги повикува сите правни и физички лица кои имаат дозволи за движење за време додека трае забраната, истите да ја почитуваат релацијата на движење од  дома до своите работни места или земјоделски земјишта. Во спротивно, сите злоупотреби ќе бидат санкционирани од страна на ОВР Неготино.
Општина Неготино и во периодот што следи ќе продолжи со редовната дезинфекција на градот и населените места.
 
Честит празник Велигден - Христовото Воскресение PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Искрени честитки упатувам до сите граѓани кои денес го чествуваат големиот христијански празник, Велигден -  Христовото Воскресение.
Нека светлината на Христовото Воскресение ги осветли вашите срца, а неговата бесконечна љубов го благослови вашиот живот и вашиот дом. Овој ден нека Ви биде симбол на откровението на вистината – спасителката на светот и човекот.
 Овој Велигден нека ни донесе радост, мир, хуманост, солидарност и заедничка сплотеност за подобар и посреќен живот за сите нас .
Ви пожелувам среќен празник со желби за добро здравје и духовен мир славејќи го заедно со вашите најмили.
Христос Воскресна, Навистина Воскресна.
 
Огромна благодарност до компанијата „Јованов груп“ од Неготино за донацијата PDF Print
There are no translations available.

   Донираа брашно и масло за готвење во вредност од 35.000 денари. Средствата ќе бидат донирани каде што е најпотребно, на најралнивата категорија на граѓани! Им се заблагодарувам на сите компании, но и поединци кои ја потврдија својата општествена одговорност, односно донираа и се заедно со нас во овие тешки мигови. Заедно, сплотени ќе успееме да се избориме со овој предизвик!

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе

Read more...
 
Денеска четврто дезинфицирање на влезовите на сите згради во Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Граѓаните да се чувствуваат безбедни и спокојни! Седите дома, почитувајте ги препораките, не се групирајте повеќе лица, држите растојание. Општина Неготино е тука за своите граѓани

Read more...
 
<< Start < Prev 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Next > End >>

Page 80 of 314