Општина Неготино
Примивме донација од тетовската компанија „Еколог интернационал“ и семејството Дестани PDF Print
There are no translations available.

  Се работи за донација од 15 таблети за деца од основните училишта кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Овие таблети ќе им помогнат дечињата да ги следат онлајн часовите додека трае вонредната сoстојба.

 
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!! PDF Print
There are no translations available.

  Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА  ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават  денес (среда) во периодот до 16.00 часот  и утре четврток (30.04.2020)  во периодот од 8.00 до 16.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон  или дирекно во ПЕ на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во општина Неготино.
НЕМА ДА БИДАТ ЕВИДЕНТИРАНИ СИТЕ ОНИЕ КОИ ЌЕ СЕ ЈАВАТ ПОСЛЕ 16.00 ЧАСОТ ,ЗАКЛУЧНО СО ЧЕТВРТОК (30.04.2020)
Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:
071 845 485
070 390 116

НАПОМЕНА:Сите  претходно  евидентирани лица остануват во евиденција и НЕМА ПОТРЕБА  да се јавуваат дополнително за деновите петок(01.05), сабота(02.05.) и недела(03.05)
 Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности  до 19.00 часот во деновите(петок , сабота, недела)
Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ  се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на полициски час се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон
Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.Граѓаните со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).
Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни  лица, не постари од 67 години!!!
 
Градскиот пазар Неготино во четврток 30.04.2020 ќе работи PDF Print
There are no translations available.

Советот на општина Неготино, по препорака на Општинскиот штаб за заштита и спасување денес донесе одлука за повторно отварање на градскиот пазар.

Во четврток право да изложат свои производи на продажба ќе имаат пазарџиите од неготинската општина.

2 m Пазарџиите и купувачите задолжително да носат заштитни маски и да држат растојание.

Општина Неготино и ОВР Неготино ќе имаат засилени контроли за почитување на препораките за заштита од Корона вирусот.

#ЗаштитиСе

 
Отпочнато е афталтирање на главната улица во населено место Тремник PDF Print
There are no translations available.

   Со поставување на асфалтот ќе заврши и последната фаза од реконструкцијата на главната улица во Тремник со должина од 1 километар.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино

Read more...
 
Продолжуваат градежните активности за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино во должина од околу 2000м PDF Print
There are no translations available.

   Вредноста на договорот изнесува 207.967евра.

Изградбата на овој колектор е во рамките на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ и истиот е финансиран со средства обезбедени од првиот повик од INTERREG програмата за прекугранична соработка на Грција - Република Северна Македонија 2014-2020, во кој
Општина Неготино е проектен корисник 2 , додека
ЈП „Комуналец“ Неготино е проектен корисник 4.

Согласно договорот работите би требало да завршат до крајот на месец јули годинава, но поради ситуација со Коронавирусот и ограничениот режим на работа и движење можни се евентуални потреби за продолжување на роковите утврдени со договорот.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино

Read more...
 
СООПШТЕНИЕ !!! PDF Print
There are no translations available.

  Заради изведување на градежни активности на улица во село Тремник во должина од 1000 метри , во моментов сообраќајот привремено е затворен. Апелирам локалните жители но и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим и да го користат алтернативниот пат кој се наоѓа на неколку метри од главниот влез.
 
<< Start < Prev 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Next > End >>

Page 78 of 314