Општина Неготино
Во Недела 10.05.2020 со почеток од 09 часот продолжуваме - трета недела по ред со акцијата насловена под името „Со љубов за Неготино“ PDF Print
There are no translations available.

   Овој пат акцијата ќе се одржи во населбата „Саат Кула“ односно просторот под зградите во оваа населба.
Ги поканувам сите кои сакаат доброволно да се приклучат на оваа иницијатива.
Да потсетам дека задолжително е носењето на заштита маска!
Да го направиме Неготино поубаво место за живеење
#СоЉубовЗаНеготино
 
Честит 7 Мај, Ден на македонската полиција ! PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Како градоначалник на општина Неготино со особена чест но и задоволство Ви го честитам денешниот ден, 7 Мај - Денот на македонската полиција. На сите припадници на Министерството за внатрешни работи, а воедно и на ОВР Неготино Ви го честитам овој ден но и Ви се заблагодарувам за вашата посветеност и пожртвуваност што ја покажувате со Вашето секојдневно ангажирање несебично изразувајќи ја Вашата пред се човечност во овие кризни моменти.
Да се биде дел од полицијата но и безбедносните сили е чест но и одговорност. Професионалноста и заложбата која ја покажувате и во овие моменти всушност претставува пример како полицијата се грижи за безбедноста  на сите граѓани. Верувам во Вас и се надевам дека и во иднина ќе продолжите да се борите со бројните предизвици за добробит на граѓаните но и македонското општество.
Честит 7 Мај, Денот на македонската полиција !!!
 
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во работна посета на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Денес во работна посета на општина Неготино беше министерката за одбрана на Република Северна Македонија Радмила Шекеринска. Заедно со министерката Шекеринска направивме увид на терен на локалниот пат Криволак – Пепелиште.
Комплетната реконструкција на патот е во должина од 6 км, од центарот на село Криволак до излезот на регионалниот пат Неготино - Штип. Се работи во две фази, од кои веќе во првата фаза комплетно се реконструирани 2км и тоа  од центарот на селото до Армискиот полигон Криволак. Градежните работи продолжуваат понатаму и на втората делница од 4 км и тоа од Армискиот полигон Криволак до регионалниот пат Неготино – Штип во непосредна близина на селото Пепелиште.
Бидејќи се работи за пат односно локален пат кој изминатиот период беше најмногу користен од страна на возилата на Армијата и е единствениот кој води до Воениот полигон од Министерството за одбрана побаравме финансиски средства, со кои би се направила комплетната реконструкција на истиот.
Министерство со одлука на Владата на Република Северна Македонија  обезбедија финансиски средства во висина од 34 милиони денари, средства кои беа префрлени на Општина Неготино.
Со комплетната реконструкција од 6 километри, ќе ја исправиме грешката, а воедно и ќе го исполниме ветеното спрема граѓаните од овие населени места како и Армискиот полигон Криволак.
Read more...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Поради дефект на водоводна линија главен крак кон винарска визба „Повардарие“ без водоснабдување ќе бидат деловните субјекти од тој дел на градот :
- Автобуска станица „Дајо турс“
- Хотел и бензинска пумпа „Памела
- „Мак-Петрол“ бензински пумпи
- „Македонија пат“
- „Дуки Дасо“
- „Елград“
- „ Матрез“
- „Фрукта“



датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
07.05.2020г.
 
Дислокација и поставување на нови мерно регулациони ормари за новото јавно ЛЕД осветлување PDF Print
There are no translations available.

   Согласно проектот ЕНПОЛ-ЕЕ за замена на старите со нови улични ЛЕД штедливи светилки и вршењето на дислокација на автоматиката во посебни ормари, во општина Неготино во тек е поставувањето на ормарите надвор од објектите-трафостаниците во сопственост на ЕВН. Заклучно со вчерашниот ден поставени се 15 нови ормари од вкупно 42. На терен се работи и во наредните денови. Со поставувањето на опремата во овие ормари во иднина општина Неготино нема да има потреба, како што тоа беше случај досега, од асистенција од страна на ЕВН која се наплатува при одржувањето на уличното осветлување (независно одржување). Од друга страна, со поставувањето на елементи за автоматско вклучување и исклучување, независно од надворешните услови, според согледувањата на стручните служби во однос на сегашното вклучување и исклучување на јавното осветлување, се очекува заштеда на електрична енергија од 10 проценти.Со завршување на овие активности, практично ќе биде завршена и главната компонента од овој проект.
Проектот ЕНПОЛ-ЕЕ од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција до крајот од неговата реализација има и други активности во правец на промоција и подигање на јавната свест за важност од енергетската ефикасност и искористување на обновливите  извори на енергија.
Read more...
 
Изградба на дел од патниот правец Горни Дисан - Вешје PDF Print
There are no translations available.

   Во тек се градежни активности за изградба на дел од патниот правец Горни Дисан – Вешје во должина од 460 метри.
Вредноста на проектот изнесува 7 милиони денари, средства обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку ЦР на Вардарскиот плански регион.
Проектот е во рамки на мерката – подобрување на квалитетот на животот во руралните средини преку изградба на локална патна инфраструктура за поврзување на две или повеќе населени места.
Read more...
 
<< Start < Prev 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Next > End >>

Page 76 of 314