Општина Неготино
Cancelation LOT 1 Wambrella PDF Print
There are no translations available.

Cancelation LOT 1
 
Реконструкција на втората делница на патен правец Криволак – Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   Интензивно се работи на реконструкција на втората делница во должина од  4 км на патен правец Криволак – Пепелиште, односно од мостот кај Армискиот полигон „ Криволак “ до спојот со регионалниот пат Неготино – Штип во непосредна близина на населеното место Пепелиште.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино

Read more...
 
Честитка по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите PDF Print
There are no translations available.

   Почитувани пожарникари,
Од мое лично име како градоначалник но и од името на сите граѓани на општина Неготино, Ви го честитам денешниот ден 20 Мај – Денот на пожарникарите.
Вашата работа и заложба е непроценлива и бара професионалност, храброст но и пожртвуваност бидејќи честопати се изложувате на опасни и тешки задачи, а многупати во опасност ги ставате вашите животи во заштита на граѓаните но и нивните имоти.
Противпожарната заштита на Балканот започнала од Битола, кога далечната 1836 година на 20 мај, во време на Румелискиот пашалак, се формирала прватата организирана противпожарна единица на Балканот, по голем пожар кој го зафатил градот. Токму по тој повод, овој датум се одбележува како Ден на пожарникарите.
Честит 20 Мај - Денот на пожарникарите

Read more...
 
Набавено е возило за ЈП „ Комуналец “ Неготино за отпушување на канализационата мрежа PDF Print
User Rating: / 1
PoorBest 
There are no translations available.

   ЈП „ Комуналец “ Неготино доби ново возило „ канал џет “ за отпушување на канализационата мрежа. Се работи за возило со кое досега ЈП „ Комуналец “ не располагал, а сега ќе користи за нормално одржување и отпушување на канализационата мрежа. Ова возило е во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним „wa mbrella“ преку програмата за прекугранична соработка на Грција и Р. С. Македонија, во која Општина Неготино е проектен корисник 2, а ЈП „ Комуналец “ Неготино е проектен корисник 4.
Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 18.05.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесет и седмата      редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 18.05.2020 година   (понеделник) во  12,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

                               Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино
3.    Предлог – Одлука за донесување на измена и дополнување на детален урбанистички план за УЗ 1 дел од блок 3, КО Неготино , Општина Неготино  
4.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
5.    Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за извршување на Програмите на општина Неготино за 2019 година
6.    Предлог – Заклучок за усвојување на првиот квартален извештај на извршување на Буџетот на општина Неготино за 2020 година
7.    Предлог – Решение за давање согласност на Статутот на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино
8.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино
9.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОУ Музеј на град Неготино
10.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење ,,Неготино,,- Неготино за 2019 година
 
Веќе четврта недела по ред граѓаните на општина Неготино земаат активно учество во акцијата под мотото „Со љубов за Негототино“ PDF Print
There are no translations available.

   Му се заблагодарувам од срце на секој волонтер поединечно за несебичното вложување во оваа иницијатива.

Го средивме просторот околу детската градинка „Фемо Кулаков“ (клон „Пролет“) во населбата „Саат Кула“

Се гледаме наредната недела на друга локација!

Да го направиме Неготино поубаво место за живеење

#СоЉубовЗаНеготино

Read more...
 
<< Start < Prev 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Next > End >>

Page 74 of 314