Општина Неготино
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ PDF Print
There are no translations available.

 Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават утре(петок) 05.06.2020 година во периодот од 11.00 до 16.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон, со директно јавување или на смс порака.

Пријавувањето може да го направите на следниот контакт телефон:

078 822 292 

НАПОМЕНА: Сите претходно евидентирани лица остануват во евиденција и НЕМА ПОТРЕБА да се јавуваат дополнително за деновите петок (05.06.2020), сабота (06.06.2020) и недела (07.06.2020)

Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности од 05.00 наутро до 20.00 часот навечер во деновите( петок, сабота и недела)
Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на полициски час се:

1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон

Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.
Граѓаните при движењето со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).

Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни лица, не постари од 67 години.

 
DEl. 4.3.2 Competitions for students in Pella and Negotino PDF Print
There are no translations available.

https://enpolee.eu/2020/05/21/del-4-3-2-competitions-for-schools-students-in-pella-and-negotino/
 
До 30-ти јуни вежбовни боеви активности на АП Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Поради безбедно изведување на планираните вежбовни активности, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
Платформа „Онлајн сервисна служба“ која нуди бесплатна, високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост PDF Print
There are no translations available.

  Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците„ во партнерство со УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика, ја креирашеплатформа „Онлајн сервисна служба„, која нуди бесплатна, високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост. Нивните специјални едукатори и логопеди за секое дете ќе дизајнираат индивидуализирани планови за онлајн часовии истите секое дете ќе може да ги следи од дома со поддршка од родител или старател.
Регистрацијата може да ја извршите преку пополнување на барањево платформата https://otw.assistive.mk/baranjeMK/ или преку јавување на телефонските броеви во продолжение:
072275211 или 078282662 – за македонски јазик
071989822 – за албански јазик
За да се информирате подетално за бесплатната платформа „Онлајн сервиса служба„, ве молиме кликнете на линкот во продолжение: https://otw.assistive.mk
 
Заврши јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино со цел да ги стимулира жителите  за користење на велосипеди а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед  им надоместува дел од трошоците направени при купување на велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност. Средствата што Општина Неготино ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Средствата превидени во Програмата се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од програма L00. Имајќи предвид дека повикот беше на принцип „прв дојден,прв услужен“, општина Неготино информира дека квотата е исполнета, а со тоа и јавниот повик е завршен.
 
Одржан редовен координативен состанок на Кризниот штаб на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Кризниот штаб на општина Неготино oдносно општинско координативно тело, денес одржа редовен состанок на кој беа дискутирани но и донесени заклучоци, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино.
Согласно донесените нови одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија и продолжувањето на вонредната состојба во државата за нови 14 дена, Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Неготино ги разгледа состојбите на територијата на општина Неготино односно членовите на штабот дискутираа за нивото на почитување на мерките.
Согласно дискусиите беа донесени следниве заклучоци :
1.Угостителските објекти во општина Неготино досега доследно ги почитуваат протоколите и мерките за работа;
2. Во општина Неготино постојат појави кои се спротивни од се уште важечките одлуки за забрана за групирање и одлуката за носење на заштитни маски.
3. ОВР Неготино да ги засили конторолите и санкциите кон граѓаните кои ги прекршуваат забраните за групирање и одлуката за носење на заштита маска.
4.Во периодот што следи Општина Неготино ќе продолжи со редовната дезинфекција на градот и населените места.
 
<< Start < Prev 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Next > End >>

Page 72 of 314