Општина Неготино
8ма по ред акција под името „Со љубов за Неготино“ PDF Print
There are no translations available.

    Благодарност до секој еден кој присувствуаше, без вас оваа иницијатива немаше да успее!

Го правиме Неготино поубаво место за живеење!

Се гледаме наредната недела на друга локација

#СоЉубовЗаНеготино

 

Read more...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

                                С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, согласно со Општ акт за село Тимјаник , на КП бр 3007/8, КО Тимјаник, општина Неготинo



Граници на опфатот сe: од северната страна граничи со новопланирана улица 1, од западната страна граничи со дел од КП 3007/8, од јужната страна граничи со КП 3007/10, од источната со КП 3007/3. Пристап во парцелата е обезбеден од северната страна (ново планирана улица 1).
Опфатот е со површина  од  1546м2.
Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, согласно со Општ акт за село Тимјаник , на КП бр 3007/8, КО Тимјаник, општина Неготино,  со технички број  0213-12/19 од  февруари  2020 година, изработен од „ТИПИНГ“  дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  23.06.2020 година  до 29.06.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со АУП, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 25.06.2020 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

                             С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог план - ДУП за Урбана заедница 5, дел од урбан блок 5.3 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север по оската на улиците "Ацо Аџи Илов", на исток по осовината на улица „Коста Волкановски“ („Марксова“), на југ по оска на улица „Владо Арсов Шпанац“ и на западната страна по осовината на улица "Пешо Самарџиев".
Опфатот е со површина  од  1,67 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот - ДУП за Урбана заедница 5, дел од урбан блок 5.3 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино со технички број  04-121/2020 од  јуни, 2020 година, е изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  23.06.2020 година  до 06.07.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 24.06.2020 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.
 
Превентивна дезинсекција во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Согласно годишната програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за дезинфекција, дезинсекција и дератизација на општина Неготино за 2020 година на 12 јуни( петок ) почнувајќи од полноќ се изврши превентивна дезинсекција на критични точки.
Дезинсекцијата со машинско распрскување на препаратот Aква – котрин ја изврши фирмата Зотокс ДООЕЛ Скопје под надзор на Центар за јавно здравје Велес.
Со прскање беа опфатени повеќе локации во општината и тоа : кејот на Тимјаничка река, Брестин дол, Маренски порој, потегот од Криволак до железничка станица, сите населени места како и повеќе улици на град Неготино.
 
Read more...
 
Седмата акција под мотото - „Со љубов за Неготино“ ја завршивме PDF Print
There are no translations available.

   Уреден е просторот околу спомен обележјето - „Саат Кула“

И овој пат активно учество земаа волонтери, вработени во Локалната Самоуправа и ЈП „Комуналец“ - Неготино

Заедно активирани да го направиме Неготино поубаво место за живеење!

гледаме наредната недела на нова локација!

#СоЉубовЗаНеготино

Read more...
 
Преку добро поставени училишта до подобра иднина на нашиот град PDF Print
There are no translations available.

   Двете основни училишта „ Гоце Делчев “ и „ Страшо Пинџур “ од Неготино се меѓу најдобрите 39 основни и средни училишта, кои со свои проекти земаа учество и се наградени во рамки на јавниот повик „ Предизвик за млади истражувачи 3“  кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведе во соработка со Министерството за образование и наука.
Под мотото „ Не го фрлај твојот отпад “ , основното училиште „ Страшо Пинџур “ го освои првото место и е наградено , а меѓу 39 наградени училишта е и основното училиште „ Гоце Делчев “ за проектот „ Џубокс машина за селектирање на отпад “.
„ Чест и задоволство ми е што и во вакви услови, креативноста и мотивираноста на нашите ученици и ментори за постигнување на нови успеси е на високо ниво, бидејќи токму учениците односно младите луѓе се перспективата на нашиот град.  Вашите успеси се наша голема радост, а наша цел е да вложуваме во истите и да Ве поддржуваме “ – истакна градоначалникот Тони Делков.
 
 
<< Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End >>

Page 70 of 314