Општина Неготино
Старата училишна зграда во село Вешје прераснува во едукативен и туристички Апи центар за развој на пчеларството PDF Print
There are no translations available.

   Во тек е реконструкција и адаптација на старото училиште во село Вешје чиј изведувач е фирмата Евро Инжинеринг ДООЕЛ Велес и изградба на пристапни патеки до поставена урбана опрема во пчелниот парк во село Вешје чиј изведувач е фирмата Градба Промет ДОО Кавадарци.
Со ова се очекува објектот да прерасне во современ – едукативен и туристички Апи центар за развој на пчеларството, со што преку едукативни активности ќе се овозможи промоција на локалните производи во Неготино.
Надзор на проектот е фирмата Геинг Кребс Унд Кифер Интернешнл и други ДОО Скопје, а градежните активности се во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност ПЛРК – пот проект Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.

Read more...
 
Во тек е реконструкција на уличната водоводна линија на дел од улица “Душан Преграц” во должина од 8️0️ метри PDF Print
There are no translations available.

  Со реконструкцијата предвидено е да се замени постоечката водоводна линија со нова со поголем пречник, со што граѓаните кои живеат на оваа улица ќе ја добијат потребната количина на вода до своите домови.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино
#Можеме

Read more...
 
Градежни активности на втората делница на патен правец Криволак - Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

 Денес  започна асфалтирањето на втората делница од локалниот пат Криволак – Пепелиште во должина од 4 километри. Интензивно се работи на асфалтирање на вториот дел односно од мостот кај Армискиот полигон „ Криволак “ до регионалниот пат Неготино – Штип во непосредна близина на селото Пепелиште. Според очекувањата на градоначалникот Тони Делков оваа втора фаза би требало да биде завршена до почетокот на наредната недела, со што комплетно би биле реконструирани предвидените 6 км од овој патен правец. Со комплетната реконструкција според Делков ќе се исправи грешката, а воедно и ќе се исполни ветеното спрема граѓаните од овие населени места како и Армискиот полигон Криволак.
 
Read more...
 
Oдбележани 19 години од загинувањето на Косте Волканоски PDF Print
There are no translations available.

   Со положување на свежо цвеќе на спомен бистата поставена пред Полициската станица во Неготино, членови на семејството Волканоски, градоначалникот Тони Делков, припадници на АРМ, претставници на ОВР Неготино, Синдикатот на МВР  и други делегации, денес ја одбележаа 19 годишнината од загинувањето на бранителот Косте Волканоски кој својот живот трагично го загуби на 25 јуни 2001 година во воениот конфликт на Попова Шапка.
Во рамки на одбележувањето на годишнината од загинувањето на Волканоски, полицискиот синдикат наместо традиционалниот турнир во фудбал кој 13 години по ред се организираше, годинава организираше меморијална велосипедска тура од Полициска станица Неготино до центарот на општина Градско и назад.
 
Read more...
 
Посветено за Неготино PDF Print
There are no translations available.

На следниот линк може да го погледнете албумот насловен - „Посветено за Неготино“

#ПосветеноЗаНеготино
#ЧекорПоЧекор
#Неготино

 

 
Асфалтирање на патниот правец Долни Дисан – Вешје PDF Print
There are no translations available.

   Денес започна асфалтирањето на делницата од патниот правец Долни Дисан – Вешје во должина од 460 метри.
Увид во градежните активности изврши и градоначалникот Тони Делков според кого се очекува во текот на утрешниот ден да завршат градежните активности на овој дел.
По ова следи и изградбата на втората делница од овој патен правец во должина од околу 900 метри.
 
 
Read more...
 
<< Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End >>

Page 69 of 314