Општина Неготино
Второ прскање во Неготино против комарци PDF Print
There are no translations available.

   Согласно годишната програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, општина Неготино на ден 09.09.2020 ( среда ) во периодот од 21 до 05 часот наредниот ден, ќе изврши дезинсекција односно превентивно машинско прскање на територијата на општина Неготино против  комарци. Дезинсекцијата со машинско распрскување ќе ја изврши фирмата Зотокс ДООЕЛ од Скопје, согласно решението издадено од Државниот и здравствен инспекторат.
Се информираат граѓаните и здруженијата од општина Неготино кои одгледуваат пчели и други видови животни да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.
 
Нови 550 столчиња за градскиот стадион во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Во завршна фаза е поставувањето на 550 нови столчиња на трибините на градскиот стадион во Неготино.  Овие столчиња се донација од Фудбалската федерација на Македонија, а по поставувањето на истите партерно  ќе се уреди и делот околу трибината. Со ова градскиот стадион во Неготино ќе добие поинаков и поубав изглед со што ќе се подобрат условите за следење на фудбалските натпревари во градот.
 
Read more...
 
Се откажува традиционалниот „ Неготински панаѓур 2020 “ PDF Print
There are no translations available.

  Согласно препораките на Владата за одржување на масовни собири и Одлуката која Советот на општина Неготино ја донесе на седницата одржана на 31.08.2020 година, се известуваат сите заинтересирани дека традиционалната стопанско - туристичка манифестација „ Неготински панаѓур 2020 “ која се одржува од 21 до 23 септември, годинава се откажува.
Се надеваме дека ситуацијата со Ковид 19 ќе се стабилизира и сите заинтереирани гости ги очекуваме наредната година.
Здравјето на граѓаните пред се.
 
До 30 септември на АП „ Криволак “ ќе се изведуваат вежбовни боеви активности PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно извршување на планирани гаѓања, Командата на гарнизон Криволак го известува месото население од општините кои гравитираат околу АП „ Криволак “  дека во периодот од 01.09.2020 до 30.09.2020 година , во реоните Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи Тубре, Бел Камен, Козарник, Џидимирци, Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџи Хамзали, Кавлик, Алајка, Кур Тепе, Штраклево и Енешево ќе се извршуваат вежбовни боеви активности.
Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани  проектили или средства, кои можат да бидат опасни по живот, а доколу се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП „ Криволак “ или СВР Штип, ПС од ОН Неготино – ПС од ОН Кавадарци и ПС Градско.
Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно обележани согласно Законските прописи на Армијата како и обезбедени со физичко обезбедување.
 
Ослободени сите дечиња од ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино од плаќање на надомест на трошоци за месеците јуни, јули и август 2020 година PDF Print
There are no translations available.

По предлог на Управниот одбор на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино и одлуката која Советот на општина Неготино ја донесе на седницата одржана на ден 31.08 2020 година , сите дечиња запишани во детската градинка „ Фемо Кулаков “ се ослободуваат од плаќањето на надомест за трошоците за користење на услугите за престој во градинката за месеците јуни, јули и август 2020 година.
Родителите чии деца нема да бидат примани во установата поради намален број на деца, а согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца, се ослободуваат од плаќање надомест на трошоци за користење на услуги за престој во градинка се до престанување на важноста на горенаведениот Протокол и нормализирање на состојбата, односно до стварање на услови за работа на градинката со полн капацитет.
 
Седница на Совет на општина Неготино 31.08.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  („ Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино“ бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и седмата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 31.08.2020 година   (понеделник) во  18,00 часот.
За седницата го предлагам следниот

                                        Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино
3.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации  
4.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност
5.    Предлог- Изменување и дополнување на буџетот на општина Неготино  за 2020 година ( втор ребаланс)
6.    Предлог – Одлука за откажување на традиционалниот неготински панаѓур  
7.    Предлог- Одлука за определување на надомест за надворешен член на комисијата за урбанизам на општина Неготино
8.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на општина Неготино  
9.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур“ Неготино
10.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа  на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино  за 2020-2021
11.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа  на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2020 -2021
12.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа  на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за 2020 -2021
13.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа  на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2020 - 2021
14.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај  за работа  на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино  за 2019-2020
15.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај  за работа  на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино  за 2019-2020
16.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај  за работа  на СОУ „ Св. Кирил и Методиј  “ Неготино  за 2019-2020
17.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај  за работа  на ООМУ „ Владимир Арсовски  “  Неготино  за 2019-2020
18.    Предлог -  Одлука за давање согласност на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
19.    Предлог -  Одлука за давање согласност на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
20.    Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука за намален број на деца за почетокот на воспитно образовната 2020-2021 година
21.    Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на пошетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ„ Фемо Кулаков“ Неготино
22.    Предлог- Одлука за ослободување од плаќање на надомест на трошоци за користење услуги на деца кои се запишани во ЈОУДГ „ Фемо Кулаков“ Неготино
 
<< Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End >>

Page 65 of 314