Општина Неготино
Од 1 до 30 октомври на АП „ Криволак “ ќе се изведуваат вежбовни боеви активности PDF Print
There are no translations available.

  Поради безбедносно извршување на планирани гаѓања, Командата на гарнизон Криволак го известува месното население од општините кои гравитираат околу АП „ Криволак “ ,  дека во периодот од 01.10.2020 до 30.10.2020 година , во реоните Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи Тубре, Бел Камен, Козарник, Џидимирци, Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџи Хамзали, Кавлик, Алајка, Кур Тепе, Штраклево и Енешево ќе се извршуваат вежбовни и боеви активности.
Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани  проектили или средства, кои можат да бидат опасни по живот, а доколу се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП „ Криволак “ или СВР Штип, ПС од ОН Неготино – ПС од ОН Кавадарци и ПС Градско.
Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно обележани согласно Законските прописи на Армијата како и обезбедени со физичко обезбедување.

 
Честит 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Дозволете ми од мое лично име но и од име на Општина Неготино да Ви го честитам денешниот ден 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците со желби за многу здравје, успех и благосостојба на секое поле во општественото живеење.
Општина Неготино и понатаму ќе продолжи да ги почитува културата и обичаите на сите етнички заедници, бидејќи само заедно сплотени и единствени почитувајќи ги различностите ќе можеме да изградиме посреќна и просперитетна држава.
Честит 28 Септември, Меѓународен ден на Бошњаците !!!
 
Училиштата во Неготино се подготвуваат за старт на новата учебна година со онлајн настава но и физичко присуство PDF Print
There are no translations available.

Двете основни училишта во општина Неготино интензивно се подготвуваат за почеток на новата учебна 2020/2021 година и тоа со онлајн настава но и настава со физичко присуство.
Имено, покрај бројните мерки согласно протоколите за работа на основните училишта , во двете училишта се извршија бројни активности во насока на подобрување на целиот воспитнообразовен процес на учениците.
Во ПУ „ Гоце Делчев “ – Тремник извршена е комплетна реконструкција на училишниот двор. Во централното училиште извршена е замена на осветлувањето во спортската сала како и полирање и лакирање на подната површина, а реконструирани се и тоалетите.
Набавени се нови 70 клупи за централното училиште , а целосно е варосано ПУ во с. Тимјаник. За подобро реализирање на наставата, обезбедени се 15 десктоп и 22 лаптоп компјутери, а подобрена е интернет конекцијата со супер брз оптички интернет.
Во ПУ „ Страшо Пинџур “ – Пепелиште инсталирано е комплетно ново парно , а во завршна фаза е изградбата на дел од оградата во училишниот двор. Обезбедени се нови 15 десктоп компјутери, инсталирана нова оптичка интернет конекција, а набавена е и нова спортска опрема ( нови кошеви ) за реализирње на наставата по физичко воспитување. За полесно следење на наставата обезбедени се нови 15 десктоп компјутери.
Извршена е дезинфекција на училишните клупи и столчиња, подови, прозорци, врати и ходници со што училиштата ќе може да функционираат во согласност со протоколите усвоени од Комисијата за заразни болести и усогласени со Министерството за образование и наука.

 
Седница на Совет на општина Неготино 23.09.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  („ Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино“ бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и деветтата редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 23.09.2020 година   (среда) во  12,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

                                                  Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Статутарна  одлука за изменување и дополнување на Статутот на општина Неготино
2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино
3.    Предлог- Одлука за изменување на Одлуката за пристапување на општина Неготино како еден од основачите на Фондацијата „ Кластер за туризам на тиквешкиот регион“  
4.    Предлог- Одлука за определување на локација за поставување на 3- дрвени куќички-штандови од проектот Вински , Апи и Еко туризам во Неготино и околината
5.    Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ЈП Комуналец Неготино
6.    Предлог – Заклучок за усвојување на финансовиот извештај на ЈП Комуналец Неготино за периодот 01.01.2020-30.06.2020   
7.    Предлог- Решение за давање согласност на Одлука за цена на услуги
8.    Предлог- Решение за давање согласност на Одлука за цена на Градскиот пазар  
9.    Предлог- Одлука за физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во ООУ „Гоце Делчев “ Неготино
10.    Предлог- Одлука за физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во ООУ „Страшо Пинџур “ Неготино
11.    Предлог- Одлука за физичко присуство на учениците од прва до четврта година  во СОУ „Св. Кирил и Методиј  “ Неготино
12.    Предлог- Одлука за физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во ООМУ „Владимир Арсовски“ Неготино
13.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
14.    Предлог- Решение за доделување финансиска поддршка
 
Наставничката Димова го „доведе“ Бил Гејтс на час во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Наставничката Георгина Димова која 19 години предава информатика во ООУ„Страшо Пинџур“ заедно со учениците од информатичката секција, а во рамките на воведувањето на новини при предавањето и следењето на наставата, се вклучија во живо на часови за програмирање. На часовите секогаш имало по некоја интересна личност која учениците можеа да ја запознаат, како на пример Бил Гејтс, креаторот на Гугл шитс Фази Хосрошахи, акерката Јара Шахиди и други, при што самите ученици уживаа во овие средби, а разбирливо најмногу прашања имаа за Бил Гејтс-истакнува наставничката Димова. Впрочем, таа редовно работи на проекти со кои што учениците имаат можности да се запознаваат со врсници од други држави, со експерти од различни области, учат за други култури и обичаи и слично. Паралелно, Димова и нејзините ученици, преку поврззување ја презентираат македонската музика, традиционалната храна, карактеристични предмети за ова поднебје, учениците го вежбаат англискиот јазик, стекнуваат самодоверба во јавното говорење, и сето тоа се случува од училницата со користење на дигитални алатки.
 
Read more...
 
Се одржа „Тркалезна маса за политиката за животна средина“ PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на реализацијата на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор за политиката за животна средина“ со акроним ЕНПОЛ-ЕЕ од страна на „Корпорацијата за јавна корист на културата и развојот на општина Пела“ беше организирана дводневна тркалезна маса за политиката за животна средина за двете земји учеснички Р.Грција и Р.С.Македонија. Тркалезната маса се одржа во Центарот за култура во Јаниница-Р.Грција на која преку видео-врска учество зедоа претставници од локалната власт, надворешни експертиза енергетска ефикасност со презентации за „Политиките за енергетска ефикасност во Р.С.Македонија“ и „Стратегијата за енргетска ефикасност на општина Неготино“,  претставници од општина Неготино, како и претставници од СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од нашиот град.
 
 
Read more...
 
<< Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End >>

Page 63 of 314