Општина Неготино
Комплетно реконструирана водоводната линија на улица Душан Преграц и реконструкција на шахти во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со асфалтирање на ровот комплетно завршија градежните активности за реконструкција на водоводната линија на улица Душан Преграц во должина од околу 100 метри.  Со реконтрукцијата се замени постоечката водоводна линија со нова, со што граѓаните кои живеат на оваа улица ќе ја добиваат потребната количина на вода до своите домови.  Во тек е и реконструкција на 10 шахти во  градот, кои се очекува во најбрз можен рок да бидат комплетно реконструирани.  
 
Read more...
 
Поставени нови и замена на старите улични светилки во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со средства обезбедени од Буџетот на Општина Неготино, изминатиот период се изврши поставување на 24 нови лед светилки на улица „ Партизанска “ поточно на потегот од ООУ „ Страшо Пинџур “ до спојот со улица „ Маршал Тито “ кај полициската станица во Неготино.
Со оваа работа се заменија сите светилки на 6 метарски дрвени и 10 метарски метални столбови во градот. Во меѓувреме се работеше и на замена на старите класични со нови лед светилки на каделабрите ( 4 метарски метални столбови ) на градскиот плоштад, старата градска чаршија и на градскиот кеј до СРЦ „ Младост “.
Заменети се старите со нови лед светилки на улиците: „ Петар Демирски “, „ Вида Џекова “, „ Ленинова “, „ Дојранска “, „Никола Карев “, „ Климентова “, „ Пелистерска “ и дел од улица Душан Преграц .
Со промената на сите улични светилки со нови лед штедливи драстично е намалена потрошувачката на електрична енергија за уличното осветлување во цела општина.
Read more...
 
Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
11 Октомври е ден на македонската историја, ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност и симбол на македонската борба за слобода. Празник на кој им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото народноослободително востание.
Нека овој ден ни дава мотив да чекориме напред, да веруваме во себе и да го зачуваме она за кое се бореле нашите предци.
Честит и вековит нека е денешниот ден – 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.

 
Информативни денови во општина Неготино во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина “ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина ( Wa mbrella ),  денес во општина Неготино се одржа првиот од двата предвидени информативни денови на тема „ Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на водоснабдувањето “.
Свои излагања имаа одговорните лица на проектот, Дени Трајков проектен менаџер од Општина Неготино кој даде пресек на проектните активности кои се спроведени во рамки на проектот, а експертот за биодиверзитет и води Ѓоко Зороски  даде осврт на заштитата на биодиверзитетот и човековото влијание врз водоснабдувањето со акцент на одржливиот развој и заштеда на водата.
На вториот инфо ден ќе биде даден  преглед на расположливите водни ресурси во државата, еднаквиот пристап до вода за пиење и преглед на состојбата на системот за водоснабдување во Неготино.
Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,, IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е Партнер 2, Партнер 3 е Општинското претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4 е ЈП „ Комуналец “, Неготино.
Read more...
 
Трет информативен ден во општина Неготино во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ PDF Print
There are no translations available.

   Денес во општина Неготино се одржа третиот по ред информативен ден на тема „ Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во општина Неготино и прекугранична област “ во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ- Општина Неготино.
Во рамки на спроведувањето на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животната средина “ планирано е одржување на 5 информативни денови на кои се очекува да се даде одговор на прашањето: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика на нивните теории, во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигнување на свеста на локалното население во врска со мерките за енергетска ефикасност !
Досега реализирани активности од овој проект е замената на 1410 стари улични светилки со нови лед во градот и населените места, дислоцирани се 42 мерачи и автоматски стандардизирани ормари надвор од субстаница на ЕВН. За подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда, заменети се постоечките прозорци и врати во канцелариите на локалната самоуправа, поставени се енергетско ефикасни светилки, старите радијатори заменети со енергетски радијатори, а поставена е и внатрешна термоизолација.
Инаку, проектот се реализира во партенерска соработка на Општина Неготино, СОУ „ Св. Кирил и Методиј “, општина Пела и Јавното претпријатие за култура и развој на Општина Пела – Република Грција .
Read more...
 
Во неготинскиот Музеј одржани Европските денови на културно наследство PDF Print
There are no translations available.

   Во периодот од 01 до 07 октомври се одржаа Европските денови на културно наследство 2020, European days of cultural heritage 2020, кои секоја година се одржуваат во месец септември. но оваа година заради пандемијата со КОВИД-19 се одржаа во месец октомври. Целите на европските денови на културното наследство се:- информирање на јавноста за потребата од заштита на културното наследство за подигнување на свеста на европските граѓани за богатсвото и културната разновидност на Европа, создавање клима погодна за почитување на богатиот мозаик на европските култури, спротивставување на расизмот и ксенофобијата и поттикнување поголема толеранција во Европа и пошироко.
Општинската установа Музеј на град Неготино секоја година учествува во одбележувањето на европските денови на културно наследство, па така и оваа година учествува со отварање на меѓународна ликовна изложба на ликовната уметница од Сараево, БиХ, Александра Кокотовиќ. Кокотовиќ пред неготинската публика се претставува со графички цртежи и маслени слики на платно претставени и изложени во Лапидариумот во музејот на отворено. Александра Кокотовиќ е современа уметница која својот талент го изразува преку сликарството, скулптура, цртежи и графика. Родена во Сараево, живее во Белгра, Дубаи, САД и живото на три континенти ја проширува нејзината перцепција и влијае на нејзиниот пристап кон уметноста. Член е на здружението на ликовни уметници на Србија и Босна и Херцеговина.
Read more...
 
<< Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End >>

Page 61 of 314