Општина Неготино
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

   Ги известуваме граѓаните и НВО секторот, дека во тек се подготовки на предлог – програмите за работа на општина Неготино за 2021 година.
Поради пандемијата од Корона вирусот во земјава ,а со цел за зачувување на јавното и колективно здравје на граѓаните, оваа година , Општина Неготино нема да организира јавни средби со граѓаните, претставници на месните заедници и НВО секторот пред донесувањето на Буџетот на општината.
Затоа, Ве повикуваме сите заинтересирани да дадете свој предлог, идеја или препорака за реализација кои сметате дека се приоритет во вашето место на живеење за истиот да се реализира во тековната 2021 година.
Вашите идеи, препораки и предлози може да ги доставите по електронски пат со пополнување на анкетниот прашалник на следниот линк:https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfZgJoHPZEYfZVuGjWCfbGgIiFFLB4CE2Hu-PJOAHd4JRDZ-A/viewform?fbclid=IwAR1fo3cAvgSb0RwhuZ5zjH6r4yi0-1POLvEAjfcIXiux23XD51Ho24k9Mvk
или на емаил : This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 16.11.2020 (понеделник) година и да дадете свој придонес во донесуваањето на одлуките на локално ниво.
Предлог – програмите за работа на општина Неготино за 2021 година ќе бидат дадени за усвојување на Советот на Општина Неготино.

 

 
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

 Се известуваат потрошувачите од улииците:„ЈНА“, „Марксова„ „25 Мај“, „Кирил и Методиј“,„Борис Кидриќ“, Пиринска“, Вардарска“„Ѓоко Мишев“ „Вано Ташев“„Вељко Влаховиќ“, „Едвард Кардељ“ „Илинденска“дел од „Ќиро Крстев“ дека поради дефект на улична водоводна линија на ул.„Пиринска“ денес 11.11.2020 (среда) , ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09ч. до санирање на дефектот
Молиме за разбирање

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
11.11.2020г.
 
Достојно одбележан 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Со строго почитување на пропишаните здравствени протоколи, општина Неготино денеска го одбележа и прослави празникот 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Активностите започнаа со положување на свежо цвеќе од страна на повеќе делегации на спомен-бистите на паднатите борци од НОБ оддавајќи им почит за слободата стекната благодарение на нив и на сите учесници во антифашистичката борба, како и на нашите сограѓани кои ги загубија животите во воените конфликти на поранешните југословенски простори. Почит им беше оддадена и на плејада општествени работници и носители на јавни функции кои во изминатите 76 години со реализација на бројни проекти оставиле сопствен белег и придонесле Неготино да расте и да се развива. Се одржа и свечената седница на Советот на општина Неготино на која претседателот Диме Витанов говореше за активностите на советниците во изминатиот едногодишен период, а присутните имаа можност да погледнат аудио-видео материјал во кој беа презентирани дел од проектите и активностите кои општина Неготино ги има реализирано во изминатиот период. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков говореше за активностите што беа спроведени и се спроведуваат во борбата против пандемијата од Ковид-19, за реализазијата на проектите кои се започнати, се во тек или следува нивно спроведување, напоменувајќи дека во периодот пред нас граѓаните на општината можат да очекуваат континуирано реализирање на повеќе други проекти. На денешната свечена седница беа доделени традиционалните признанија и награди по повод општинскиот празник. Највисоката општинска награда 8-ми Ноември годинава ја доби д-р Силвана Филипова од областа на медицината, а признанија им доделивме на Ѓорѓина Димова од областа на образованието, Здружението Ековита за општествена одговорност, Илија Апостоловски од спортот и Димитар Аврамов од областа на хуманитарната дејност.

Read more...
 
Одржан четвртиот инфо ден во општина Неготино во рамки на проектот „ ENPOL – EE “ PDF Print
There are no translations available.

   Денес во големата сала на Општина Неготино се одржа четвртиот информативен ден во рамки на проектот „ ENPOL – EE “ од програмата за прекугранична соработка „ Interreg – IPA CBC Грција – Република Северна Македонија”, во периодот од 2014 – 2020 година, на тема „ Користење на одржливи извори на енергија и нивно значење ”.
Инфо денот беше поделен на две сесии од кои на правата присутните имаа можност да се запознаат со значењето и придобивките од користењето на обновливите извори на енергија, а на втората сесија беше презентирана нацрт верзијата на брошурата на тема „ Како да се користат локалните ресурси на обновлива енергија за подобрување на енергетската ефикасност.
 
Read more...
 
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК - 23 ОКТОМВРИ PDF Print
There are no translations available.

 
Одржан координативен состанок за доследно почитување на мерките и препораките за заштита и превенција од Корона вирусот во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Денес во Општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со директорот на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино, началникот на ОВР Неготино, командир на ПС ОН Неготино одржаа координативен состанок на кој беше констатирано дека состојбата со Корона вирусот во општина Неготино во изминатиот период покажува зголемен број на заболени односно позитивни и лица во изолација.
Според информациите на одговорните до овој момент во општина Неготино има 28 позитивни случаи и 51 лице со издадено решение за изолација . Од самиот состанок произлегоа следните заклучоци, препораки и апел до граѓаните :
* Сите граѓани на општина Неготино максимално да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и  Владата на Република Северна Македонија ;
* Да се намали движењето од една во друга општина односно непотребно да не се патува надвор од општина Неготино ;
* Во периодот што следи ќе има засилени контроли од страна на ОВР Неготино за непочитување на сите препораки и мерки од Министерството за здравство ;
*  Утврдено е дека банките, маркетите и градскиот пазар се најфрекфентните места каде има најмногу граѓани. Се апелира сите граѓани да ги почитуваат пропишаните мерки ;
* Да се избегнува непотребното одење до банките и почесто да се користи онлајн плаќањето и плаќање со платежни картички ;
* Сите јавни институции да се почитуваат дадените мерките за организирано временко работење ( во две смени, по пат на ротација или онлајн работење ) ;
* Сите јавни институции и приватни компании во општина Неготино да ја зголемат дезинфекцијата во своите објекти
* Апел до младите  да не се групираат во доцните часови и да избегнуваат групни посети во угостителски објекти. Да ги почитуваат мерките и после 23 часот да не се групираат ;
* Општина Неготино ќе започне со повторна дезинфекција на јавните површини ( улици ) ;

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !
 
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>

Page 59 of 314