Општина Неготино
Извршен вовед во работа за реконструкција на внатрешноста на СС „Младост“ PDF Print
There are no translations available.

  По потпишувањето на договорот помеѓу општина Неготино и фирмата изведувач на работите „Нет инвест груп“, извршен е вовед во работа за реконструкција на внатрешноста на спортската сала „Младост“ во нашиот град. Со реконструкцијата е предвидена замена на подната и sидната керамика во тоалетите, замена на подната керамика на сите влезови во салата и надворешните скали, замена на целата санитарна опрема, на оштетените врати и прозорци, како и боење и фарбање на sидовите и таваните. Вкупната вредност на проектот изнесува 6.000.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а работите за реконструкција на внатрешноста на спортската сала треба да завршат во рок од 3 месеци. По завршувањето, спортската сала „Младост“ целосно ќе биде ставена во функција на користење на спортистите, спортските клубови и рекреативците, како и за одржување на разни спортски и други манифестации.    

Read more...
 
Честит празник Богојавление-Водици PDF Print
There are no translations available.

   По повод големиот христијански празник Богојавление-Водици од мое лично име и како градоначалник на општина Неготино на сите православни верници на Македонската Православна Црква им упатувам срдечни честитки, со најискрени желби за одлично здравје, успех, благосостојба и мир во душата.
Во духот на овој голем празник, да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај нашите ближни и кај нашите сограѓани, бидејќи само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна општина Неготино.
Затоа, на овој голем богојавленски празник да празнуваме и да се радуваме, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да не зближи уште повеќе во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден.

 
Потпишан договор за изградба на нова улица во Криволак во должина од 260 метри PDF Print
There are no translations available.

   Со склучувањето на договор со градежната фирма „Градба-промет“ создадени се неопходните услови за реализација на уште еден проект од витално значење за жителите на неготинското село Криволак. Имено, ќе се изведуваат градежни активности за изградба на нова улица во Криволак која ќе го поврзе центарот на селото со подрачното училиште во кое настава посетуваат 107 ученици, додека во градинката престојуваат околу 30 дечиња, со што пак ќе се зголеми нивната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Предвидено е реализацијата на проектот да заврши во наредните 3 месеци и веќе до крајот на април жителите на Криволак да добијат нова улица. Средствата за изградбата на новата улица се во висина од 2.700.000 денари и се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

 
Избран претседател на УО и усвоен Стаутот на ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“-Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за решавање на проблемот со паркирањето, со одлука на Советот на општина Неготино беше формирано Јавно претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“-Неготино. На 13.01.2021 година (среда) се одржа конститутивна седница на Управниот одбор на ова претпријатие на која беше донесена одлука за избор на претседател на Управниот одбор и одлука за усвојување на Стаутот на Јавното претпријатие. Се очекува во најскоро време ова Јавно претпријатие да профункционира и конечно да се стави ред во делот на паркирањето. За таа цел, во моментов се обезбедени 220 паркинг места на повеќе локации со тенденција во блиска иднина оваа бројка на паркинг-места континуирано да се зголемува.

 
Преку механизам за жалби и поплаки и јавноста се вклучува во реализацијата на проекти PDF Print
There are no translations available.

   Како дел од спроведувањето на проектот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски финансиран од Светска банка, општина Неготино аплицираше проект за реконструкција на ул„ Антигона“ до ул„Димче Мирчев“ и реконструкција на ул„ Едвард Кардељ“ за кои согласно рамката за животна средина и социјални аспекти е изготвен план за управување со животната средина и социјални аспекти и беше одржана јавна презентација и консултација. Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овие проекти, но пред тоа општина Неготино е обврзана јавноста, локалното население и останатите засегнати страни да ги информира дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целосно спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен. Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на општина Неготино ќе останат објавени се до завршувањето и затворањето на проектот.

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот.doc

Механизам за жалби и поплаки.doc

 
Божикна честитка од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков PDF Print
There are no translations available.

Почитувани !

Ми претставува задоволство во овие празнични денови на сите православни верници од општина Неготино и пошироко кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам претстојниот празник на Раѓањето Христово.

Божиќ е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост.  Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни и да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на  немоќните и на обесхрабрените.

На сите граѓани, кои го прославуваат празникот според Грегоријанскиот календар, им посакувам радост и среќа во текот на целата година со традиционалниот христијански поздрав - Христос се роди !

 
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>

Page 54 of 314