Општина Неготино
Традиционалната манифестација „Свети Трифун 2021“, Општина Неготино годинава ќе ја одбележи скромно со реализација на неколку настани. PDF Print
There are no translations available.

  Имено, заради состојбата пандемијата од  Корона вирусот како и доследно почитување на мерките и препораките за заштита од истиот, централниот настан кој секоја година се одбележуваше на градскиот плоштад годинава се откажува.
Празникот ќе го одбележиме скромно со редуцирани настани и содржини со строго почитување на мерките за заштита, односно годинешното одбележување на некои од предвидените настани ќе се одвива онлајн.

 
ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година (Сл. Гласник на општина Неготино), Општина Неготино објавува
ЈАВЕН ПОВИК
 за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации


Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, Програма A0-Совет на општина, ставка 463110 – Трансфери до здруженија на граѓани и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ“, 130/07) и врз основа на Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година и критериумите и приоритетите дадени во овој повик.
Видот на проектите кои ќе бидат поддржани  

Read more...
 
До 28 февруари ќе се врши аеро-фото снимање на армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население дека во периодот до 28 февруари 2021 година ќе се реализира активност за аеро-фото снимање од воздух на армискиот полигон Криволак. Токму затоа, се  соопштува на населението од општините кои гравитираат околу армискиот полигон во повеќе реони во наведениот период, дека се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во овие реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства,  истите да се одбележат и да се известат надлежните армиски и полициски органи. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат активностите ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи, како и обезбедени со физичко присуство.

 
Општина Неготино издава под закуп урбана опрема по пат на електронско наддавање PDF Print
There are no translations available.

  Предмет на електронското јавно наддавање, согласно одлуката на Советот на општината, е издавање под закуп на урбана опрема-3 куќички за продажба на вино, мед, сувенири и друго со површина од 4м2 лоцирани на градскиот плоштад и киоск во склоп на автобуската постојка на ул„Маршал Тито“ спроти општинската зграда со површина од 4,5 м2. Право на учество во јавното наддавање имаат сите правни и физички лица од РСМ, а објавата трае 15 денови заклучно со 16.02.2021 година. Јавното наддавање ќе се одржи на 19.02.2021 година со почеток од 12,00 часот електронски на следната интернет страница www.e-stvari.mk. Врз основа на проценетата вредност на урбаната опрема, висината на почетната месечна закупнина за секоја од поединечната урбана опрема изнесува 530 денари, а договорот за закуп со најповолниот понудувач ќе биде со времетраење од 5 години.

 
Донирани 28 таблети за двете основни училишта во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Дваесет и осум таблети компанијата „ Макпетрол “ АД Скопје донираше за двете основни училишта во општина Неготино кои во текот на вчерашниот ден беа доделени на ученици од социјално ранливата категорија на граѓани.  Локалната самоуправа упатува огромна благодарност до компанијата „ Макпетрол “ АД Скопје  за донацијата и очекува, а воедно се надевам дека истите ќе им овозможат полесно учење од далечина на учениците кои досега немаа можност да се вклучат во овој вид на настава и непречено ќе ја следат истата.
 
 
Read more...
 
Музеј на град Неготино доби нови клима уреди во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година PDF Print
There are no translations available.

 Во рамки на Јавниот повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – опрема, Музејот на град Неготино од страна на Владата на РСМ доби два нови клима уреди со номинален капацитет за ладење од 16,12 kw и номинален капацитет за греење од 18,17 kw.
Овие уреди се препорачуваат како решение за климатизација на големи деловни и станбени простории, притоа овозможувајќи многу погодно ладење и греење и заштита на животната средина според стандардите на ЕУ.
Со инсталирањето на климите, покрај заштеда на електрична енергија и заштита на животната средина, ќе се создадат услови за непречен престој и одвивање на активности и настани во просториите на Музејот.
Климите се со капацитет за затоплување на простор од 200 метри квадратни и истите се планира да се инсталираат во неготинскиот Музеј каде се сместени археолошката и историската постојана поставка на вториот спрат на објектот, со што ќе се создадат неопходните услови за непречено одвивање на активностите во секое време од годината.

 
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>

Page 52 of 314