Општина Неготино
Започнаа активности за реконструкција и асвалтирање на ул„Антигона“ и „Едвард Кардељ“ PDF Print
There are no translations available.

   Станува збор за изведување на градежни активности со кои ќе бидат реконструирани и асвалтирани 4 краци на ул„Антигона“ во вкупна должина од 1.155 метри и 430 метри од улицата „Едвард Кардељ“ со комплетна реконструкција на коловозот и тротоарите од двете страни на овие улици. Заради непречено одвивање на работите на терен, се замолуваат граѓаните кои живеат на споменатите улици да ги тргнат сопствените паркирани  возила и за цело време на изведувањето на активностите за паркирање да ги користат околните улици и паркинг-места, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и по можност да им излегуваат во пресрет на изведувачите на работите. Изведувач на работите е фирмата Еуроинг ДОО-Гевгелија, а надзорот го врши ГЕИНГ КРЕБС УНД КИФЕР ИНТЕРНЕШНЕЛ-Скопје.

Read more...
 
Честит Ден на сесловенските просветите Св.Кирил и Методиј PDF Print
There are no translations available.

Почитувани !

Во име на општина Неготино и во свое лично име Ви упатувам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во промоцијата на посебноста на нашиот народ и неговата традиција и култура. На сите просветни работници, ученици и граѓани на неготинска општина Ви го честитам 24-ти мај-Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Темелите на писменоста на словенските народи се поставени од страна на учителите, браќата Кирил и Методиј, кои со нивното дело дадоа огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални посебности.

Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители и нека е вечно нивното име !

 

 
Комплетно е изготвена техничка документација и ревизија за изградба на јужна и северозападна обиколница во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Овој проект општина Неготино го реализира во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион. Станува збор за 3 делници од јужна обиколница ( ул. Новопроектирана 1, 2 и 3 со сите потребни детали) со вкупна должина од 3400 метри. Делот пак Северозападна обиколница е во должина од 3800 метри со приклучни патишта до постоечка сообраќајна мрежа во должина од околу 2500 метри.  Продолжуваме со реализација на бројни проекти кои се во интерес за граѓаните на општина Неготино. 

Read more...
 
Одбележан Денот на пожарникарството PDF Print
There are no translations available.

   Денеска извршив увид во објектот на Територијалната противпожарна единица-Неготино и се задржав во разговор со вработените и на тој начин се вклучив во одбележувањето на месецот и Денот на пожарникарството. На сите вработени им го честитав празникот и им се заблагодарив на пожртвуваноста и професионалноста во извршувањето на нивните секојдневни работни обврски и задачи. На средбата беше истакнато двостраното задоволство од соработката меѓу општина Неготино и ТППЕ Неготино и вреднувањето на резултатите од работата на пожарникарите преку обезбедување добри и соодветни услови за нивно непречено функционирање во интерес на сите граѓани на општина Неготино.
 
Read more...
 
Хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ PDF Print
There are no translations available.

 Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека на 21.05 (Петок) ќе се одржи хуманитарната акција „Нахрани 10.000“. Акцијата ќе се одржува во 5 градови и ќе учествуваат 11 организации.
Хуманитарната акција ќе се одржува и во нашата општина  во временскиот период од 10 -18часот во Кам Маркет-Неготино .Акцијата во нашата Општина е подржана во соработката помеѓу Невладините организации Сите Сити-Ајде Македонија и Порака-Неготино и Општинска Орханизација на Црвен Крст -Неготино.Општина Неготино ја подржува акцијата преку Општинскиот совет за Социјална Заштита на Општина Неготино.
Ги повикуваме сите хумани граѓани да учествуваат и да донираат храна.
Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Активностите на Ајде Македонија се подржани од Civica Mobilitas како дел од проектот "Одржлива мрежа за спасување на храната"    
#ХранаНеСеФрла
#CivicaMobilitas

 
70 граѓани набавија субвенционирани велосипеди од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино ги известува граѓаните на општината дека поради големиот интерес за добивање на субвенции за набавка на велосипед или адаптиран велосипед, за 14 дена од објавувањето на јавниот повик, средствата во висина од 300.000 денари кои општината ги предвиде за оваа намена се исцрпени, а со тоа и јавниот повик  е затворен. На јавниот повик за добивање на субвенции за набавка на велосипед или адаптиран велосипед во овој период се пријавија вкупно 70 заинтересирани граѓани на општината.
 
<< Start < Prev 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Next > End >>

Page 43 of 314