Општина Неготино
Музејот на град Неготино учесник во меѓународен проект одобрен од ЕУ PDF Print
There are no translations available.

   "THE MELTING POT" - е насловот на меѓународниот проект одобрен од Европската унија во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ КА2 кој ќе трае 15 месеци. Општинската установа Музеј На Град Неготино е еден од партнерите во овој проект за претопување на културата со младите, а носител на проектот е НАПОР-
Национална
Асоцијација
Практичара
Омладинског
Рада од Нови Сад, Р.Србија.
Во овој проект вклучени се по 2 (две) организации - за млади и култура од 3 (три) држави: Р.Хрватска, Р.Србија и Р.С Македонија.а од Македонија претставници се Сојуз за младинска работа и Општинска установа Музеј на град Неготино.
Првиот состанок на партнерите (во живо) се одржа овој месец  во Нови Сад а домаќин беше Галеријата на Матица Српска. Во наредниот период од 15 месеци ќе се одржуваат состаноци и во Загреб, Скопје и Неготино. Преубаво е чувството дека неготинскиот Музеј беше дел од ваков меѓународен проект и тоа во преубавиот град Нови Сад со преубава дружба со млади во Галеријата на Матица српска.

Read more...
 
Доделени договорите на првите 23 општини од ТАВ Програмата PDF Print
There are no translations available.

Чест и задоволство ми е што општина Неготино е во првите 23 општини за реализација на проекти за граѓаните во рамки на ТАВ Програмата.  Средствата од Програмата како општина ќе ги намениме за изградба на 2️⃣ улици во населено место Тимјаник.
Упатувам огромна благодарност до Владата која продолжува континуирано да вложува во рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Наскоро договор и за населено место Тремник за изградба на потисен цевковод и резервоар.

Read more...
 
Уредување на паркот во Тремник PDF Print
There are no translations available.

Денес со директорот на Бирото за регионален развој потпишав договор за реализација на проектот " Набавка и поставување на нова урбана опрема, детски реквизити, автобуска постојка и изведба на патеки во паркова површина во с.Тремник, Неготино".
Следува распишување на јавна набавка за реализација на проектот.

 
Министерот Бочварски во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Денес на  работна средба во општина Неготино беше министерот за транспорт и врски г. Благој Бочварски.  Заедно извршивме увид во градежните работи кои се во финална фаза, за изградба на првата социјална зграда во нашата општина.  Исто така извршивме увид во градежнкте работи кои се однесуваат за реконструкција на улиците "Антигона", "Едвард Кардељ" и дел од улица "Димче Мирчев".  Продолжуваме да ја подобруваме инфраструктурата во нашата општина.

Read more...
 
Во тек се градежни активности за санација и дислокација на водоводна линија на дел од улица „ Маршал Тито “ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Со ова решаваме долгогодишен проблем со кој се соочуваа граѓаните кои живеат на оваа улица, бидејќи постоечката водоводна линија поминуваше низ нивните дворови. Изведувач на градежните активности е фирмата „ Градба Промет “ ДОО Кавадарци, а надзор на работите е фирмата „ МГ ПРОЕКТ “ ДООЕЛ  Скопје.

Read more...
 
До 30 јуни 2021г. ќе се реализираат гаѓања на Армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30 јуни, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>

Page 40 of 314