Општина Неготино
Финиширање на реконструкцијата на два крака од улица „Манчо Малиминов“ PDF Print
There are no translations available.

На оваа улица под реконструкција подлежеа :
  Водоводна линија до крајните корисници на истата улица ( каде затекнат беше губиток од околу 3-4 литри вода за пиење во секунда )
  Атмосферска канализација
  Фекална канализација
  Тампонирање
   Замена на стариот асфалт со нов.
Реконструкцијата на комуналната инфраструктура ја вршеше компанијата ГРАДБА ПРОМЕТ ДООЕЛ - Кавадарци, а изведувач на асфалтерските работи е компанијата ОСД ДООЕЛ - Скопје.
Надзор е фирмата  МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Средствата за оваа реконструкција се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, согласно годишната програма за комунални дејности.

Read more...
 
Известување PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Со цел за заштита и спречување од шумски пожари на отворен простор, Ве известуваме дека во периодот од 03.08.2021 година во терминот од 00:00 до 24:00 часот е воведена целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно, до нејзино отповикување.
За граѓаните од Општина Неготино, забраната за движење се однесува за шумските предели односно местата ( Горни Дисан, Вешје, Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Штипски рамнини, пределот околу Гоцевата шума и сл.).
 Забраната за движење важи за сите граѓани од општина Неготино освен за жителите кои живеат во овие места.
Сите граѓани кои имаат земјоделски површини,одгледуваат стока или пчели ќе може да се движат во овие места само со дозвола издадена од ПСШ „ Демир Капија “ од  Демир Капија.
За непочитување на оваа забрана сите физички лица кои ќе се затекнат да се движат во шума и шумски предели, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.
 
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 04.08.2021година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Ангажирање на образовни асистенти во средното образование”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.
Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

Read more...
 
Испратени екипи од ТППЕ Неготино на испомош при гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани PDF Print
There are no translations available.

Испратени се екипи од ТППЕ Неготино на испомош при гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани. Искрено верувам дека сите општини ќе се солидаризираат ќе понудат помош и во најбрз можен рок пожарот ќе биде ставен под контрола!

 
Честит Илинден ! PDF Print
There are no translations available.

Илинден нè потсетува дека само со заедништво и единство може да се оди напред. Илинденците се изборија за создавањето на македонската држава.
Денеска, кога со сета почит и достојно ги празнуваме двата Илиндена од 1903 со Илинденското востание и Крушевската Република и од 1944 со АСНОМ, оддаваме неизмерна почит и сеќавање на храброста и визијата на личностите и нивните подвизи со кои се поставија столбовите на Републиката и на државноста.
Ние, новите генерации сме должни да ги продолжиме идеалите за слободно општество и подобар живот на сите граѓани.
Честит Илинден!
Нека ни е честит и вековит Илинден!
Нека е вечен споменот на двата Илиндена!
Нека е честит и вековит Денот на Републиката!
 
Нова детска градинка PDF Print
There are no translations available.

 Денес нема поголемо задоволство и среќа за мене, но и за сите граѓани на општина Неготино што после 39 години добиваме нова детска градинка, нов современ објект по сите стандарди и нормативи за згрижување и воспитување на најмладите и најмилите, нашите деца.
 Детската градинка го носи новото име „ Темјанушка “ која ќе згрижи вкупно 167 дечиња распоредени во 9 групи:
 2 јасли групи и
 7 групи за дечиња од 2 до 6 години.
 Сигурен сум дека со ова решение како локална власт, заедно со централната и ресорното министерство ја постигнавме вистинската цел – грижа за сите, грижа за најмладите.
 Посакувам успешна работа, многу генерации на среќни и задоволни дечиња.
Нека ни е честита и со среќа.

Read more...
 
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>

Page 37 of 314