Општина Неготино
Реконструкција на патен правец Неготино-Глишиќ PDF Print
There are no translations available.

Во текот на оваа недела ќе започнат градежни активности за реконструкција на регионалниот патен правец Неготино – Глишиќ.  Затоа упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, одговорно учество во сообраќајот на овој патен правец и максимално почитување на сообраќајните знаци, правила и прописи.


 

 
Во тек е изградба на кружен тек на улица „ Маршал Тито “ на спојот со улица Индустриска и улица „ Баба Ана Ташева “ PDF Print
There are no translations available.

Во тек е изградба на кружен тек на улица „ Маршал Тито “ на спојот со улица Индустриска и улица „ Баба Ана Ташева “. Радиусот на кружниот тек ќе биде 10 метри, а двете коловозни ленти се со ширина од 5,5 метри.
Изведувач на градежните активности е фирмата „ Градба Промет ДОО “ Кавадарци, а надзор е фирмата „ Павер Трејд “ Кавадарци.
 Вкупната вредност на проектот изнесува 7.775.839 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
 Во текот на изградбата на кружниот тек, сообраќајот ќе се одвива согласно времениот сообраќаен проект.

Read more...
 
Реконструкција на 9 улици во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   На ден 16.08.2021 година градоначалникот Тони Делков заедно со претставници на проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија, претставници на фирмата изведувач Ленди Груп од Скопје и надзорот Павер Трејд ДООЕЛ Кавадарци извршија вовед во работа во рамки на проектот „ Реконструкција на 9 улици во град Неготино “ .
Проектот опфаќа реконструкција на улиците „ Вељко Влаховиќ “, „ Енгелсова “, „ Пиринска “, „ Првомајска “, „ Тиквешка “, „ Вардарска“ , „ Ѓоко Мишев “, „ Вано Ташев “ и дел од улица „ Марксова.
Вредноста на проектот изнесува 13.688.779 денари - проект финансиран со под заем преку проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги ( втор МСИП) поддржан од Меѓународната банка за обова и развој Светска банка.
Според информациите на надлежните се очекува реконструкцијата на улиците да започне во најкраток можен рок.
Read more...
 
Реконструкција на жардинерии и тротоар на улица “Маршал Тито” и тротоар од западен излез од град Неготино PDF Print
There are no translations available.

еконструкција на жардинерии и тротоар  на улица “Маршал Тито” и тротоар од западен излез од град Неготино, од ОУ Гоце Делчев до крајот на зградите Неготинки, со планиран систем на наводнување - Капка по капка и хортикултурно уредување кое ќе го оплемени и ќе ја подобри естетската слика во тој дел од градот.

Read more...
 
Саат кулата во Неготино добива парк, пешачки патеки, паркинг простор, урбана опрема по целиот простор, детско игралиште и детски реквизити PDF Print
There are no translations available.

Преку програмата ИПА-СБС на Република Грција  и Република Северна Македонија, во општина Неготино ќе се реализира проектот „ Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој “ со Aкроним „ wine-up “.
Проектот опфаќа неколку активности:
- Комуникација, промоција и запознавање на јавноста со проектот;
- Поддршка на вработување во туризмот;
- Организирање на винска тура;
- Организирање на „ Свети Трифун “;
Главна инфраструктурна проектна активност е подобрување на активностите за развој на туризмот преку реализација на проектот „ Уредување на околината на „ Саат Кулата “ во Неготино.
Со овој проект ќе биде уредена површина од 2517 м2. Притоа ќе биде уреден паркот околу „ Саат Кулата “, ќе биде уредено детско игралиште со детски реквизити.
По целата должина на опфатот се предвидува хортикултурно уредување, пешачки патеки, поставување на урбана опрема на целата површина како и паркинг простор.
Вкупната вредност на проектот изнесува 189.802 евра, а истиот се рализира во партнрство со општина Пела, Р.Грција.

 
Советот на Општина Неготино на денешната 28 вонредна седница донесе одлука со која ќе им додели парична награда во вредност од по 10000 денари на пожарникарите од ТППЕ Неготино PDF Print
There are no translations available.

Советот на Општина Неготино на денешната 28 вонредна седница донесе одлука со која ќе им додели парична награда во вредност од по 10000 денари на пожарникарите од ТППЕ Неготино кои со возила и екипи учествуваа во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Република Северна Македонија.
Паричните награди им се доделуваат заради нивното вонредно ангажирање во гаснењето на пожарите, односно заради нивната огромна пожртвуваност да им помогнат на сите граѓани чии места беа зафатени од огнените стихии.
 
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>

Page 36 of 314